fbpx
Таг: Актион СЕЕ

таг: Актион СЕЕ

Град Скопје ја подобрува транспарентноста, во живо ќе ги пренесува седниците од Советот

На наредната седница, која што ќе се одржи во четврток, Советот на Град Скопје ќе одлучува за набавка на техничка опрема за видео пренос на седниците на Советот на Град Скопје во живо. „Со ова ќе започне процесот на создавање услови за пренесување на седниците на Советот на Град Скопје во живо, активност која има за цел да ја зголеми...

Почна вториот бран мерења на отчетноста на извршната, локалната и законодавната власт

Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“, заедно со други партнери од регионот го почна вториот бран на мерења преку индикатори на отвореност, отчетност и транспарентност на владите и државните институции во шест земји од регионот. Истражувањето е дел од проектот „Актион СЕЕ“ – одговорност, технологија и Мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа. Како што соопштија од „Метаморфозис“ деновиве биле...

Доделени грантови на 18 организации од шест земји во рамки на проектот „Актион СЕЕ“

Вкупно 18 граѓански организации од шест држави добија грантови за имплементација на проекти во времетраење до шест месеци. Организациите од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина, во наредниот период ќе адресираат горливи прашања од локален и од национален карактер за да се унапредат доброто владеење и владеењето на правото. Грантовите се наменети за локални граѓански...

План за намалување на институционалната затвореност во Македонија и во регионот

„Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Македонија“ е најновото издание изработено врз основа на истражувањето за степенот на отвореност на институциите во шест земји од регионот во рамки на проектот АКТИОН СЕЕ - Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. За да се измери...

Истражување: Судовите во Македонија се најмалку транспарентни во регионот

Отвореноста на судовите и на јавните обвинителства во регионот не е на задоволително ниво, покажа истражувањето за степенот на отвореност на судските органи во регионот, спроведено во шест земји од регионот, во рамки на проектот „Актион СЕЕ – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа“, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Во просек, судовите...

Локалната власт има низок степен на транспарентност

Општините во Република Македонија исполнуваат 34 отсто од индексот на отвореност, покажа истражувањето за степенот на отвореност на институциите во шест земји од регионот, во рамки на проектот „Актион СЕЕ“ што го спроведува Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“. „Овој податок е загрижувачки со оглед дека мерењето е направено на обезбедувањето на пристап до информации кои треба да се објавени на...

Законодавната власт во Македонија е под нивото на отвореност во регионот

Законодавната власт во Македонија е најотворена во споредба со извршната и судската власт, но сепак според нивото на отвореност е под регионалниот просек, покажа истражувањето за степенот на отвореност на институциите во шест земји од регионот, во рамки на проектот „Актион СЕЕ – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа“, кој го спроведува Фондацијата за интернет...

Извршната власт во Македонија со најнизок степен на отвореност во регионот

Извршната власт во Македонија е на последно место во регионот според степенот на отвореност, покажува истражувањето направено во рамки на проектот „Актион СЕЕ“ имплементиран од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Според Тамара Ресавска, проектен координатор во „Метаморфозис“, анализата е направена врз основа на веб-страниците на институциите, законската регулатива, подзаконските акти и прашалници испратени до институциите. - Македонија стои најниско во...

Утре во 10 часот финална конференција за проектот „Актион Вишеград СЕЕ“

Фондацијата „Метаморфозис“ утре во хотелот „Холидеј ин“ од 10 часот ќе ја одржи финалната конференција во рамки на проектот „Актион Вишеград СЕЕ“ - Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа на тема „Патот кон добро владеење“. Во рамки на конференцијата ќе се промовира план за имплементација на принципите на доброто владеење во земјите од Западен Балкан - „Патот кон...

Институциите затворени, а граѓаните отсечени од носењето одлуки

Има многу инструменти и механизми со кои граѓаните и граѓанските организации можат да учествуваат и преку кои можат да придонесат во доброто владеење, но не ги користат затоа што не знаат дека постојат, а и не им се дава доволно време да ги искористат. Ова е заклучокот од дискусијата и од работилницата за состојбата со доброто владеење и препораките...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...