сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: актери | 22 резултати

Актерите во Холивуд стапија во штрајк – тврдат дека студијата бараат нивни ВИ реплики бесплатно и засекогаш

јули 14, 2023

Втор месец траат штрајковите на сценаристите во Холивуд, а од денеска на штрајкот се придружуваат илјадници актери претставени од Здружението на актерите – Американската федерација на телевизиски и радио уметници (SAG-AFTRA). Станува збор за синдикат на 160.000 изведувачи, телевизиски и радио лица, новинари, пејачи, а меѓу нив и некои од најпопуларните лица во забавната индустрија […]

Актерката Данијела Штајнфелд го обвини за силување српскиот политичар и актер Бранислав Лечиќ

март 23, 2021

Српската актерка Данијела Штајнфелд пред Вишото јавно обвинителство во Белград откри дека актерот, опозициски политичар, поранешен министер и член на Демократската партија Бранислав Лечиќ ја силувал. Како што објави nova.rs, таа претходно во документарниот филм „Излечи ме“ откри дека е силувана од еден моќен човек од филмската индустрија и при соопштување на информацијата, објавени се […]

Вујошевиќ: Уметноста мора да влијае и бутка во акција, а пандемијата не е изговор за пасивност на театарот

септември 15, 2020

„Разговори за театарот во време на пандемија“ е еден обид да се сублимираат сите состојби на умот и душата на уметникот и професорот во едно кризно време, вели Слаѓана Вујошевиќ, актерката која во текот на пандемијата успеа да реализира преку 30 разговори со своите колеги актери, режисери и професори и заедно со нив да дискутира […]

Со пренос во живо вечерва ќе се одигра претставата „Иднината е приватна“

септември 9, 2020

Вечерва со почеток во 20 часот во денсинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ) актерите ќе ја одиграат претставата „Иднината е приватна“, а сите заинтересирани ќе може да ја проследат истата во живо на платформата Basita.live. „Актерите ќе играат во присуство на максимум тројца гледачи, физички присутни во истиот простор со нив, додека истовремено ќе […]

„Статуафест“ годинава го прикажа Скопје во време на корона (ГАЛЕРИЈА)

септември 7, 2020

Изминатиот викенд во Скопје се одржа четвртото издание на „Статуафест – Другото лице на улицата“ чија тема годинава беше пандемијата со корона вирусот, односно „Скопје во време на корона“ Актери, пантомимичари и улични артисти низ „замрзнати сцени“ ја покажаа промената во животот кај нас, но и во светот откако се појави пандемијата со ковид-19, од […]

Театарот нема да се измени, но потребно е сплотување сметаат дел од уметниците

септември 7, 2020

Поради пандемијата, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, се затворија кината, театрите, музеите и сите други институции каде што може да се одржуваат масовни собири, настани, концерти и други културно информативни настани. Но затворањето на театрите освен што за публиката значеше дека наместо во живо, уметничките изведби ќе ги следи од дома […]

„Илузии“ – прва онлајн претстава на независниот Wonderland Theatre

јуни 9, 2020

Независниот „Wonderland Theatre“ на 11 јуни ќе ја има својата прва онлајн театарска претстава насловена „Илузии“ по мотиви на истоимениот текст на Иван Вирипаев. Претставата ќе може да се проследи на нивниот Youtube канал. Улогите ги играат Ивана Павлаковиќ, Драгана Лошкова, Никола Насотски и Исмет Шабановиќ. Режијата е на Нела Витошевиќ, видеото го монтира Васил […]

Прилепскиот театар одбележа јубилеј во исчекување на нов објект

февруари 19, 2019

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп синоќа со изведба на претставата „Пиреј“ по текст од Петре М. Андреевски, а во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, ја одбележа 69-годишнината од постоењето на прилепскиот храм на Талија. На истата сцена на која што досега се одиграни 370 премиери и преку 7.000 претстави, за приближно два милиона публика, по […]

Културни работници бараат професионален театар во Кочани

јануари 28, 2019

Со список со потписи, дваесетина културни работници и уметници од Кочани и формално ја поддржаа иницијативата за основање на професионален театар во Кочани. Градот има државен аматерески фестивал, аматерска театарска сцена од која произлегле повеќе значајни имиња. На листата со потписи се актерот и пантомимичар Трајче Георгиев и ѕвездата на македонскиот филм „Исцелител“, Благој Веселинов. […]

За градоначалникот на Тирана, Националниот театар е „фашистичка зграда и кoњска штала“

септември 4, 2018

Законот со кој би се урнал Националниот тетар за да се изгради нов, во Албанија не престанува да биде главна тема во јавноста. Законот беше изграсан од мнозинството на 5 јули 2018 година и покрај постојаните протести од здруженијата на актерите и активистите. Според законот, новиот тетар би бил изграден на местото на постојниот Национален […]

Спасов: Глумците што одбија да ја играат „Ничија земја“ ќе бидат казнети

декември 2, 2017

Вршителот на должност директор на Македонски народен театар (МНТ), Драган Спасов – Дац, најави дека, глумците, кои синоќа одбиле да ја играат претставата „Ничија земја“, ќе бидат казнети. „Покрај мојата сугестија и наредба да се игра претстава, глумците своеволно одбија да ја играат претставата „Ничија земја“, како поддршка за приведените глумци што беа инволвирани во случувањата […]

Раде Шербеџија утре пристигнува на „Браќа Манаки“

септември 9, 2016

Битола ги прави последните подготовки за утрешното свечено отворање на 37. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Црвениот ќилим пред Центарот за култура се очекува да биде поставен утре, а на него ќе зачекорат светски познати кинематографи, актери и вљубеници во филмот од Македонија и од светот. Оргинизаторите се подготвени да го пречакаат славниот австралиски директор на […]

Премиера на претставата „На дното“ на Пројковски во штипскиот театар

септември 2, 2016

Претставата „На дното“ по делото на Максим Горки во режија на Дејан Пројковски премиерно ќе се игра в недела во алтернативниот простор на фундусот на сцената на Домот на културата во Штип. Пројковски оваа претстава на денешната прес-конференција ја нарече „патетика на баналното“, работена во екстремно радикална форма. – Претставата е метафора за луѓето кои […]

Скорсезе, Де Ниро и Ди Каприо во најскапата реклама за казино

октомври 28, 2015

Холивудските легенди Мартин Скорсезе, Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо во вторникот вечерта беа најславните личности што присуствуваа на отворање на казино во Макао, каде што презентираа 15-минутен краток филм што медиумите го нарекоа најскапата реклама во историјата, пренесе „Денар.мк“. Во филмот „Аудиција“, што го режираше Скорсезе, Де Ниро и Ди Каприо се натпреваруваат […]

Џон Траволта и Том Круз во љубовна врска 30 години?!

март 27, 2015

Како што пишуваат голем број таблоиди во Холивуд, актерите Том Круз и Џон Траволта биле во 30-годишна љубовна врска! Џон Траволта за младиот актер Круз, наводно, се заинтересирал уште пред неколку децении, во 1983 година, кога тој го симал филмот „Ризичен бизнис“. Наводно, Траволта го повикал младиот актер на неколкудневно патување, што предизвикало нивно зближување […]

Филмот „Момчештво“ со најмногу награди „Златен глобус“

јануари 12, 2015

Филмот „Момчештво“, кој се снимаше 12 години, освои најмногу награди на годинешниот „Златен глобус“, што се одржа вчеравечер во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверели Хилс. „Момчештво“ освои награда за најдобра драма, на режисерот Ричард Линклејтер му донесе награда за најдобар режисер и на актерката Патриша Аркет – награда за најдобра актерка во споредна улога. Наградата за најдобро […]

Џони Деп и Амбер Херд ќе се венчаат

декември 24, 2014

Откако Џони Деп (51) и Амбер Херд (28) ги поканија своите блиски пријатели на прослава на Нова година на Бахамите, низ јавноста почнаа шпекулации дека тие тој ден го планираат за да стапат во брак. Џони Деп по само една години oд забавување ја запроси Амбер, а свршувачката беше неочекувана. Актерот се раздели од Венеса Паради , […]

Објавени номинациите за „Златен глобус“

декември 11, 2014

Филмот „Човекот-птица“ (Birdman) на мексиканскиот режисер Алехандро Инариту доби седум номинации за „Златен глобус“, пред филмовите „Момчештво“ (Boyhood) и „Игра на имитација“ (The Imitation game), кои имаат по пет номинации. Новиот филм на Инариту, меѓу другото, е номиниран и за најдобра комедија, за најдобра главна и споредна улога во комедија (Мајкл Китон и Едвард Нортон), […]

Страна 1 од 1