сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: акредитација | 17 резултати

Државната лабораторија не може да најде вработени за акредитација за мерење на аерозагадувањето

ноември 8, 2023

Државната лабораторија за животна средина планира идната година да се акредитира за три методи за следење на квалитетот на воздухот, но само доколку најдат кој да работи со инструментите. Како што информираат за Мета.мк од Министерството за животна средина, Централната лабораторија во предлог буџетот за 2024 година предвидува акредитација на нови методи за емисии од […]

Ќе има големо загадување на воздухот, но ќе нема државна лабораторија да го измери

октомври 6, 2022

Централната лабораторија за животна средина ниту зимава нема да биде подготвена да го следи квалитетот на воздухот што ќе го дишеме. Иако деновиве и министерот за животна средина Насер Нуредини најави дека нè очекува тешка зима во која ќе се користат нечисти горива за производство на електрична енергија и за затоплување на домовите и дека […]

Централната лабораторија за животна средина се акредитираше за пет нови методи

мај 10, 2022

Централната лабораторија за животна средина на Министерството за животна средина се акредитираше за пет методи за испитување на отпадните води. Како што информираат од Министерството, акредитацијата на лабораторијата е проширена со сертификати за уште пет нови методи за мерење на параметри со кои се определува квалитетот на отпадните води за количество на амониум јони, сулфати, […]

Централната лабораторија за животна средина и годинава нема да мери загадување на воздухот

февруари 19, 2022

Каков е квалитетот на воздухот што го дишеме, дали постои загадување од некој индустриски капацитет или кои се полутантите кои се присутни во воздухот во моментот и годинава ќе се испитува само во приватни лаборатории. Централната лабораторија, која е дел од Министерството за животна средина, дури идната година ќе се акредитира за мерење на загадувањето […]

Одземена сателитската лиценца на „Раша Тудеј“ во Германија, Кремљ се одмазди со затворање на рускиот сервис на „Дојче Веле“

февруари 4, 2022

Руските власти донесоа забрана за емитувањето на програмите на германската медиумска корпорација Дојче Веле во земјата, ја затворија канцеларијата, додека на новинарите им ја одземаа акредитацијата за работа во Русија. Одлуката следеше само два дена откако Германија ја одзеде лиценцата за сателитско емитување на државниот руски телевизиски канал „Раша тудеј“ (РТ) на германска територија. Веднаш […]

Државната лабораторија за животна средина ќе се сертифицира за мерење на аерозагадувањето

јули 27, 2021

Државната лабораторија за животна средина ќе се сертифицира за мерење на загадување на воздухот од стационирани извори. Оваа институција има сертификат за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија и минатата година го заврши процесот на акредитација за шест методи за квалитет на вода и една методa за бучава. Минатиот месец, пак, […]

ФЕИТ во процес на меѓународна акредитација на своите студиски програми

јули 15, 2021

Тим од експерти и професори од германската агенција за акредитација по инженерство, компјутерски науки, природни науки и математика ASIIN вршат акредитација на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). При дводневната посета, експертите ќе ги акредитираат трите програмите од областа електро-енергетика и четирите студиски програми од областа компјутерско инженерство. При посетата, тимот […]

Лабораторијата за животна средина се акредитираше за вода и бучава, тестирањето на воздухот се планира за понатаму

март 20, 2021

Централната лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање се акредитираше за тестирање на шест методи за квалитет на вода и една за бучава. Министерот Насер Нуредини информираше дека вчера државната лабораторија официјално го добила сертификатот за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија од Институтот за акредитација. Во наредните фази […]

Власта се предомисли: државната лабораторија ќе остане неакредитирана за мерење на загадувањето на воздухот (видео)

февруари 4, 2021

Централната лабораторија за животна средина на Министерството за животна средина и годинава нема да биде акредитирана за мерење на загадувањето на воздухот. Во моментов во тек е процесот за акредитација на државната лабораторија, но само за проверка за шест методи за вода и една за бучава. Иако загадувањето на воздухот е еколошки проблем број еден […]

Лабораторијата на МЖСПП е неопремена и неакредитирана ама зафатена со годишни одмори

август 14, 2019

Со намера да ја посети лабораторијата на Министерство за животна средина и просторно планирање за да пишува за тоа како функционира овој сегмент од витално значење за следењето на нивоата на загадување во државата и со кои проблеми се соочува, „Мета“ пред дваесетина дена се обрати до надлежните во Министерството, но барањето беше одбиено, односно […]

Велешката болница е првата одобрена од Агенцијата за квалитет и акредитација

април 5, 2019

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска ја посети Општата болница Велес и им честиташе на раководството и на вработените на успехот да бидат првата општа болница што добила акредитација на три години од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи. -Оваа акредитација значи квалитет и безбедност во здравствената заштита, која ги развива, ревидира и […]

ОЈО: Универзитетот МИТ немал акредитација за некои факултети и водел двојна евиденција

октомври 6, 2016

Претресите што полициски екипи вчера и денеска ги правеа во Универзитетот МИТ и во други објекти, по налог на Основното јавно обвинителство Скопје, биле спроведени откако до Државниот просветен инспекторат пристигнале претставки од дваесетина студенти од Турција во врска со студирањето на некои факултети за кои универзитетот немал акредидација или дозвола за работа, соопшти денеска Јавното […]

Крим-техника на МВР доби сертификат за акредитација

јули 26, 2016

Државниот Институт за акредитација денеска на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР му додели сертификат за акредитација. Како што посочил министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, со сертификатот за акредитација се потврдува компетентноста на експертите и стандардизацијата на методите за анализа и за вештачење на доказниот материјал. „Воедно, се зголемува и довербата во […]

Страна 1 од 1