петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: АХВ | 107 резултати

Деветгодишни деца се отруле со расипана мoртадела во одморалиштето „Радости“ во Охрид

август 4, 2023

Пет деца на возраст од девет години пројавиле симптоми од труење со храна во детското одморалиште „Радости“ во Охрид, потврдија во Државниот здравствен и санитарен инспекторат за Мета.мк. Резултатите од лабораторските анализи на земените примероци од храна, покажале дека три примероци од храна (салата од зелка, сирење и мoртадела) не ги задоволиле прописите од микробиолошка […]

Високите температури се ризик за труење со храна, внимавајте што јадете и од каде купувате

јуни 28, 2023

Во лето, кога дневните температури се високи, мора да се внимава на безбедноста на храната што се консумира. Топлото време ги зголемува ризиците од појава на труење со храна, а за да се спречи тоа, неопходно е да се направи правилен избор при нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Како […]

ДЗР: Информацискиот систем во Министерство за земјоделство не е опоравен по сајбер нападот

јуни 27, 2023

Информацискиот систем во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) не е целосно опоравен по сајбер нападот од октомври лани и не е во состојба да ги преземе податоците од земјоделскиот регистар на Агенцијата за храна и веетеринарство (AХВ). Во МЗШВ и АХВ се користи застарена компјутерска опрема и оперативен систем. Ова се само некои […]

Мијат садови без сјај, чистат со џогери со ќебе – што затекнуваат надлежните во училишните кујни и градинките?

јуни 14, 2023

Нечиста работна облека, нечисти ножеви и даски, измиени садови без сјај, чистење училишен под или под во градинка со џогер со парче ќебе. Ова се само дел од неправилностите кои ги затекнуваат на терен во училишта и градинки, докторите по хигиена од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ). Тие велат дека сè уште има објекти во […]

АХВ: Во доматите и во краставиците нема тешки метали штетни за здравјето на граѓаните

јуни 5, 2023

Во доматите и краставиците нема тешки метали штетни за здравјето на граѓаните, рече на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, додавајќи дека не му е јасно со која цел опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ шири паника во јавноста. „Ширењето лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ ќе поднесе […]

На македонскиот пазар не се увезени небезбедни домати од Албанија

мај 21, 2023

Агенцијата за храна и ветеринарство, овластен државен орган задолжен за контрола на храната која се увезува на граничните премини, вклучително и овошјето и зеленчукот, тврди дека граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ваков таканаречен увоз не е можен и не бил извршен. Освен ова, Вистиномер провери и во здравствена установа од каде добивме потврда дека […]

Од пазарот е повлечен путер од кикирики поради недеклариран млечен протеин

мај 12, 2023

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) известува дека од пазарот е повлечен и нештетно уништен небезбеден производ, путер од кикирики Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија. Од АХВ апелираат потрошувачи кои гo имаат купено производот со посочениот сериски број/лот (LO107, со рок на употреба 01.07.2023 година), истиот да нe гo консумираат и да […]

Погребано детето кое почина откако беше искасано од кучето на соседот, истрагата е во тек

април 13, 2023

Тече постапката пред надлежните институции за смртта на осумгодишното дете од скопската населба Пинтија, кое беше искасано од соседско куче од расата „булмастиф“. Денеска беше извршен погребот на момчето, а две од вкупно три кучиња вчера беа одземени од сопственикот. Станува збор за женка од 12 години од расата англиски булмастиф и мажјак, стар две […]

Јајцата, боите за јајца и месото под засилени инспекциски контроли пред Велигден

април 7, 2023

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во пресрет на велигденските празници спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи. Налог е издаден и за засилување на инспекциските контроли на граничните премини за пратките со јајца кои се увезуваат во земјава, при што акцент е […]

Поради афлатоксини, се повлекува од пазарот ферментиран млечен производ Баланс +

ноември 20, 2022

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм. Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Дополнително, количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар. Се […]

Aфлатоксин во недозволено количество пронајден во млекото „Милкано“

ноември 7, 2022

Од македонскиот пазар ќе се повлечат 20 тони небезбедно трајно млеко, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот „Милкано“, увезено од Босна и Херцеговина, од продажба се повлекуваат 20 тони од трајното млеко со 3,2 отсто […]

Бабовски: Граѓаните да не се грижат, африканската чума не е опасна за луѓето

август 12, 2022

Од 6 јануари годинава кога во делчевското село Драмче првпат беше регистрирана појава на африканска свинска чума во земјава, до вчера се констатирани шест случаи и тоа во селата Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање и Виничка Кршла, сите во источниот дел на земјата, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Toj […]

АХВ: Месото од убиените коњи е уништено на Дрисла, скопската зоолошка немала дозвола да работи како кланица

јули 15, 2022

Директорот на АХВ Николче Бабовски за „Вистиномер“ вели дека Зоолошката градина воопшто не е регистрирана како кланица и со убивањето на коњите, прекршени се четири закони, за што ќе следуваат прекршочни санкции. Тој додава дека од вкупно 17 животни, живи се само две. Според него, Зоолошката градина своите потреби за храна за животните треба да […]

Внимавајте од каде купувате хамбургери, во лето е голем ризикот од труење со храна

јуни 7, 2022

Секоја година околу 600 милиони луѓе во светот се разболуваат како резултат на околу 200 различни видови на болести предизвикани од храна. Безбедноста на храната игра витална улога во намалувањето на болестите што се пренесуваат преку храна. Денеска се одбележува Светскиот ден на безбедност на храната. Само во првите три месеци од годинава, инспекторите во […]

АХВ со препораки за безбедноста на храната и за здравјето на животните, по најавените високи температури

јуни 22, 2021

Најавеното зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 степени Целзиусови, ги зголемуваат ризиците од труење со храна и претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува граѓаните да купуваат храна од проверени места, каде […]

АХВ: Забранет за промет и повлечен од продажба замрзнатиот зеленчук во кој беше најден глушец

април 5, 2021

Откако викендов по социјалните мрежи кружеа коментари на слики од битолчанец, кој купил замрзнат микс од зеленчук, со мртов глушец во него, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопштија дека: „Поради сомнеж за физичка контаминација  (присуство на страно тело – глушец) во замрзнат зеленчуков микс „Сани фантази- Царски микс”, по потекло од Република Србија, […]

АХВ: За да се избегне труење со храна, одберете места со добра репутација

јули 1, 2020

За да се елиминира можноста од труење со храна поради високите температури неопходно е да се направи правилен избор, набавка и транспорт на продуктите, советува Агенцијата за храна и ветеринарство и предупредува дека со порастот на температурите над 30 степени се зголемува опасноста од труење со храна. „Храна да се купува од одобрени оператори, да […]

Инспекцијата за три месеци уништила над 85 тони небезбедна храна

мај 6, 2020

Повеќе од 85 тони небезбедна храна уништија инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и операторите за храна, од јануари до март годинава. Најголемиот дел небезбедна храна, односно 68.541 килограми ги повлекле самите оператори, согласно имплементираните ХАСАП планови, додека инспекторите за храна и ветеринари, како небезбедни уништиле 17.173 килограми храна. Како што соопшти […]

АХВ: Избегнувајте ги автоматите за кафе и за вода

април 6, 2020

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупреди да не се користат автоматите за кафе и автоматите за вода поставени на јавни површини, без разлика дали на отворено или во затворен простор. Од АХВ велат дека препораката се однесуваат и на сите фирми или институции во кои има вакви апарати, а пристап до нив има поголема […]

Трговци продавале производи со изминат рок и не одржувале хигиена во објектите

април 1, 2020

Агенцијата за храна и ветеринарство, АХВ, информира дека во направените вонредни контроли кај некои трговци е утврдено дека не ги почитувале препораките на Владата и на Комисијата за заразни болести, за засилената дезинфекција на опремата и на транспортните средства и објектите. „Констатирани се пропусти и непочитување на препораките за заштита од корона вирусот, како и […]

Страна 4 од 6