недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: АХВ | 107 резултати

Во Куманово се продавале замрзнати чорби, АХВ уништи 100 килограми небезбедно месо

октомври 18, 2024

Приближно сто килограми небезбедно месо и подготовки од месо уништиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети. Инспекторите утврдиле низа недоследности, како продажба на замрзната чорба, ставање во промет на замрзнати плескавици и ражнич, продажба на месо без декларација, како […]

Забрана за пиење на водата од гостиварскиот водовод заради присуство на манган

октомври 7, 2024

Агенцијата за храна и ветеринрство (АХВ) издаде забрана за за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, информираат оттаму. „Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење АХВ во петокот издаде забрана за користење […]

Казни за месарница, маркет и ресторан поради продажба на небезбедна храна

август 31, 2024

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) изрекоа казни на месарница и супер маркет во Скопје и ресторан во Битола поради небезбедна храна. Казната на месарата е изречена поради нечитки декларации како и за невршење на задолжителни лабораториски тестирања. Супер маркетот е казнет е со 1000 евра за правното и 400 евра во […]

АХВ: Во некои објекти за храна во Охрид, на Пластичарска и во Чаршија се продава небезбедна храна

август 26, 2024

Ставање во промет на небезбеден производ, недоследности во однос на хигиената, немање санирани книшки за вработените, недеклариран производ, чување на храна ва амбиентална температура. Ова се само дел од неправилностите кои ги регистрирале инспекторите за храна изминатава недела кај оператори со храна, вклучувајќи го главниот град, поточно, пазарот Бит Пазар, познатата Пластичарска улица и старата […]

Спорните коцки за супа на „Подравка“ не биле на рафтовите во маркетите, туку во магацин

август 1, 2024

Говедска коцка со серија 0507241, со рок на употреба до 05 јули 2025 година и пилешка коцка со серија 0307241, со рок до 03јули 2025 година, се наоѓаат во магацините на „Подравка Македонија“ и воопшто не се дистрибуирани во малопродажната мрежа. Ова е наведено во реакцијата на компанијата, откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера […]

АХВ повлекува серија небезбедни коцки за супа од „Подравка“

јули 31, 2024

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, поради можно присуство на туѓо тело. „Станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок […]

Сокови со бактерии, туна со хистамин, праски со пестициди: Што сè спречиле инспекторите да заврши на трпезите?

јули 25, 2024

Вкупно 1.225 килограми нектарини од увоз се уништени поради присуство на пестицид хлорфирипос, кој e забранет за употреба во ЕУ и во САД. Освен тоа, инспекторите за храна спречиле и на трпезите на потрошувачите да заврши и конзевирана туна по потекло од Тајланд поради зголемено присуство на хистамин, како и 319 килограми кравјо сирење во […]

Девет лица затруени со храна во пицерија во Гостивар, кујната привремено затворена

јули 14, 2024

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска во Гостивар спровеле вонреден инспкециски надзор во пицерија, по добиена информација од гостиварскиот Центар за јавно здравје дека вчера 9 лица биле пријавени со симптоми за труење со храна. Земени се мостри за лабораториско испитување од инкриминараната храна (пилешки стек, свежа марула и мајонез) и […]

АХВ: Заштитете ги и животните од високите температури

јули 12, 2024

Во услови на високи надворешни температури Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира да се води грижа и за домашните животни и милениците. Намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст се дел од последиците врз здравјето на животните кои може да ги предизвикаат високите температури. „Висок процент […]

Затворена сендвичарница во Аеродром, од храна се затруле девет лица

јули 11, 2024

Вонредната инспекциска контрола спровеле вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), откако добиле пријава од 9 лица кои се затруле со храна, соопштуваат оттаму. Од нив, кај петмина се лабораториски потврдени со наод на салмонела (Salmonella infection), 3 лица со гастроентероколитис (Gastroenterocolitis) и едно лице со Intoxicatio alimentaris (труење со храна). „Инспекциските служби заедно […]

Спречен шверц на јагниња од Македонија во Албанија

јули 10, 2024

Спречен бил нелегален извоз на 63 јагниња кои од Македонија требало да завршат во Албанија, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Во координирана акција со инспекторите од МВР, возилото со кое се транспортирале јагнињата било стопирано од полициски службеници во Струга и по спроведена контрола од инспекторите на АХВ, утврдено било дека станува збор […]

Затворена гостилница во Влае – четворица се отруле со храна

јули 9, 2024

Четири лица побарале медицинска помош на Клиниката за инфективни болести, откако имале симптоми на труење со храна која ја јаделе во гостилница во скопската наслеба Влае. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спровеле вонреден инспекциски надзор во гостилницата, зеле брисеви од работните површини и примероци од храната што ја консумирале лицата. „На […]

Mинимални казни за трујачите, неодговорните сопственици и за мачењето животни

март 10, 2024

„Докторот што со патничко моторно возило влечеше куче врзано за автомобил заработи кривична пријава, а кучето му е одземено“. „Х.Х. организирал борби помеѓу две кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа. Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на […]

Се повлекува чоколадо „Милка Орео“ од 37 грама, содржело пластика

март 8, 2024

Од средата, 6 март, се врши отповикување на чоколаден бар „Милка Орео“ од 37 грама, извести Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Отповикувањето го врши операторот со храна ТД Нелт СТ ДООЕЛ, која воедно е и увозник и дистрибутер на чоколадото, додека производител е компанијата „Mondelez Polska Production SP Zoo“. Причината за отповикување, според АХВ, […]

ИЈЗ: Децата да пијат повеќе вода и природни сокови, а помалку „Прајм“

ноември 16, 2023

Како и секогаш, нашата препорака е децата да консумираат вода и природни сокови, а консумацијата на „PRIME HYDRATION DRINK“ кај децата треба да биде ограничена и контролирана од страна на родителите, да не се дозволи консумација од 500 мл дневно. Ваква препорака стаса денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од каде што преку соопштение […]

Кај нас не се продава верзијата на пијалокот „Прајм“ со кофеин кој е забранет во Словенија

ноември 14, 2023

На македонскиот пазар ја нема верзијата на „Прајм“ – пијалок со кофеин, кој властите во Словенија вчера го забранија, бидејќи содржел состојка Л-теанин, која не е дозволена за употреба во безалкохолните пијалоци. Како што за Мета.мк објаснуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), досега не е добиена нотификација преку Европскиот систем за известување за […]

Инспектори влегоа во „Ванила фуд“ откако школски деца заболеа од салмонелоза

ноември 9, 2023

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручни лица од Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна „Ванила фоод” – ДООЕЛ Скопје и добавувачите на суровини за овој оператор, кој со храна снабдува неколку кујни на основни училишта во Општина Карпош. Надзорот […]

Труењата со газирани пијалоци во Хрватска под истрага, во земјава нема причина за паника

ноември 8, 2023

Во текот на неделава се затруле најмалку четири лица откако наводно пиеле пијалоци произведени од компанијата Кока-Кола во Хрватска. Едно лице е хоспитализирано откако, наводно, пиело минерална вода со вкус, во кафуле во Риека во саботата, пренесува Политико. Од четворицата затруени, тројца биле хоспитализирани во главниот град Загреб во вторникот, вели д-р Рајко Остојиќ, шеф […]

Не е вистина дека се ништат 9.000 свињи поради Агенда 30

септември 6, 2023

Не е прв пат да се ерадицираат свињи во С. Македонија и во регионот поради заболувањето со африканска свинска грозница или чума, популарно име на болеста. Но, во објавата на Фејсбук се измамуваат читателите дека компанијата Агриа ќе ги уништи 9.000-те илјади свињи, зашто веќе била обесштетена според Агенда 30 на ООН. Ова е неточно, […]

Чаeви за слабеење, тревки и капки против стерилитет и висок притисок – колку се безбедни додатоците во исхраната?

август 10, 2023

Чаеви за инстант слабеење, производи од тревки што лечат стерилитет и ХПВ вируси, капки што лечат висок притисок, различни додатоци кои служат за лечење хемороиди, простата се само дел од додатоците во исхрана, кои секојдневно се нудат на продажба на социјалните мрежи. Тие содржат здравствени тврдења, за кои не се знае дали и колку се […]

Страна 3 од 6