fbpx
Таг: Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

таг: Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

ЕК: Има напредок во слободата на изразување, намален е притисокот врз новинарите

Климата за слободата на медиумите и слободата на изразување е подобрена, со поотворена политичка дебата и покритичко известување во медиумите. Забележан е пад во притисокот врз новинарите. Известувањето од изборните кампањи и поизбалансирано од порано. Владиното рекламирање е прекинато. Клучно е власта да практикува нулта толеранција кон сите инциденти на физички и вербални напади или закани врз новинарите, се...

Со серија забелешки, законот за АВМУ следната недела оди на пленарка во Собранието

Потребни се повеќе пари за Македонската радио телевизија (МРТ) како јавен радиодифузен сервис, но и давање поголеми ингеренции за регулација и улога на предлагач на решенија на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за да се овозможат суштински медиумски реформи. За да не се предизвика големо нарушување на рекламниот пазар, пак, неопходно е да се...

ААВМУ лани заштедила, годинава очекува помали приходи

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) во текот на минатата година работела домаќински и заштедила многу, односно не потрошила толку колку што било предвидено, со што е практично авансирана цела една година, односно да се покријат трошоците и за оваа година, рече Зоран Фидановски, член на Советот на ААВМУ на денешната седница на која се усвои завршната...

ААВМУ им даде опомена на „Шутел“ и „Едо“ пред одземање на лиценците

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешната седница едногласно ја прекина постапката за одземање дозвола за емитување на една телевизија и три радија, кои по последната опомена со која им беа дадени 15 дена да си ги исполнат обврските, ги уплатиле парите. Тоа се телевизијата „Канал 21“ од Велес, потоа Универзитетско радио на универзитет Гоце...

ААВМУ: 15 локални медиуми добија рок од 15 дена да ги платат лиценците или да стават клуч

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска почна постапка за одземање на лиценците на 15 радија и телевизии што не го платиле надоместокот за емитување. Претходно, бидејќи си го подмирила долгот во дополнителниот рок, беше запрена постапката за одземање на дозволата на телевизијата „Тера“ од Битола. Според претседателот на Советот на ААВМУ, Лазо Петрушевски, очигледно е...

Трајчевски: Порталите нема потреба да се регулираат, туку само да се регистрираат

Невозможно е регулирање на интернет порталите, порача Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешниот јавен состанок на кој ги презентираше активностите за четвртото тромесечје со фокус на медиумскиот мониторинг за локалните избори. - Не станува збор за регулирање, туку најмногу за регистрирање и нотификација. Сметаме дека е невозможно да се спроведе регулирање на...

Советот на ААВМУ денеска расправа за барањето за одземање лиценца на ТВ „24 Вести“

На денешната седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (ААВМУ) на дневниот ред, меѓу другите точки, е информацијата во врска со доставено барање за одземање лиценца на Телевизија „24 Вести“, стои во најавата објавена на веб-страницата на ААВМУ. Точката на дневниот ред е веднаш по предлог-одлука за промена на сопственичката структура на Телевизија „24 Вести“ од Штип. Како што дознава...

Бошњаковски: Новиот закон не е рестриктивен кон медиумите, во тек е јавна дебата

Предложениот текст за измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не содржи рестриктивни одредби во однос на уредувачката политика или начинот на известување на медиумите, стои во одговорот на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на прашањето на „Мета“ како ја коментира изјавата на претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, дека „Владата сака да ја...

АВМУ: МРТ небалансирана, „Нова“ и „Алфа“ известувале навивачки

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го објави најновиот извештај од надзорот на медиумското известување, кој го опфаќа периодот пред почетокот на изборната кампања, односно 16 до 24 септември 2017 година. Во него се забележува дека некои телевизии не го спроведувале новинарскиот принцип за известување, туку се однесувале навивачки. Во извештајот на АВМУ првин се забележува дека поради извештаите за...

АВМУ вели дека не сака да зависи од Владата, невладините денеска ќе кажат што не одговара

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски, вчера порача дека со укинувањето на радиодифузната такса и финансирањето на Агенцијата од страна на bуџетот ќе се наруши независноста на оваа институција. Денеска неколку невладини организации ќе презентираат извештај токму за АВМУ. - Укинувањето на радиодифузната такса и финансирањето од буџетот значи целосно уривање на независноста на институцијата и ставање...

АВМУ ја прекори МРТ дека не известувала навремено за нередите во Собранието

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска со допис до програмскиот совет на „Македонската радиотелевизија“ ја прекори МРТ за ненавремено информирање за случувањата во Собранието на 27 април. Агенцијата побара овој орган, кој има законска обврска да ги штити интересите на јавноста во поглед на програмските содржини што ги емитува јавниот сервис, да го преразгледа известувањето на...

ЗНМ: Советот на АВМУ ја тргнал оценката за говор на омраза на „Сител“ и на Миленко Неделковски

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), најверојатно под нечиј диктат, усвоил нов заклучок на извештајот за работа на АВМУ за 2016 година, не прифаќајќи ја констатацијата која била во извештајот, дека во неколку наврати на „Сител“ и во емисијата на Миленко Неделковски се користел говор на омраза, како и дека телевизиите „Алфа“ и „Нова“ континуирано...

ААВМУ го осуди однесувањето на обезбедувањето на Груевски во „ТВ21“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го осудува вчерашниот инцидент во „ТВ21“, при кој обезбедувањето на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, упадна во телевизијата и избриша снимки од мобилен телефон на новинар, направени за време на прошетката на Груевски со семејството по улица Македонија. „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелира да не се...

ААВМУ: „Алфа“, „Канал 5“, „Канал 5 плус“, „Нова“ и „Сител“ известуваат необјективно

Дел од телевизиите со национална концесија не ги почитуваат начелата од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, особено оние каде се бара објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења, пишува во првиот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (AAВМУ) од следењето на медиумското претставување во вестите,...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...