среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: аерозагадување | 429 резултати

Шорткат: Макетите на младиот Диар од Чаир

јануари 11, 2024

Дванаесетгодишниот Диар Ајдини од скопски Чаир поседува извонреден талент за создавање нови дела со механички уреди. Во новата епизода на „Шорткат“ ќе видите три негови макети, изработени според модели на вистински уреди – светлосен аларм, вентилатор за лаптоп и вентилатор за телефон. Во првата епизода на „Шорткат“ во 2024 година носиме вести и за стипендиите […]

Мета факт: Општина Гази Баба не изработи акциски план, ниту систем за мониторинг на аерозагадувањето

јануари 9, 2024

Аерозагадувањето во Скопје руши неславни рекорди, а една од општините во главниот град која има голема концентрација на индустриски објекти на нејзината територија – Општина Гази Баба ги нема исполнето ветувањата за изработка на Акциски план за намалување на загадувањето на воздухот и за воведување на систем на мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух. Градоначалникот […]

Раат од аерозагадувањето: следат денови со дожд, снег и студено време

јануари 7, 2024

Македонските граѓани барем малку ќе можат да здивнат од енормното загадување на воздухот коешто го дишеа изминатиов период. Според временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска и утре времето во земјава ќе биде врнежливо и ќе дува најпрво југоисточен, а потоа и северен ветер. Денеска низ целата земја ќе биде облачно со врнежи […]

Воздухот и понатаму екстремно загаден, вредностите на ПМ2.5 и ПМ10 и до седумпати повисоки од граничните

јануари 6, 2024

Екстремното високо загадување со ПМ10 и ПМ2,5 честичките и денеска е реалноста во која живеат жителите на Скопје, Струмица, Прилеп, Охрид, Кичево и повеќе други градови низ земјата, покажуваат мерењата на мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем. Најзагадено во главниот град е во Лисиче, каде вредностите на ПМ 10 денеска се 256 микрограми на […]

Бавни и задоцнети еколошки проекти во годината што измина

јануари 6, 2024

Заштитата на животната средина и во 2023 година не беше меѓу врвните приоритети на македонските политичари. Традиционално, децениските проблеми со недостатокот на финансии, на капацитети во институциите и на конкретни проекти кои даваат видливи резултати, се повторија и во изминатите 12 месеци. Оние проекти, пак, кои се отпочнати и се во тек, се реализираа бавно […]

Воздухот сѐ повеќе загаден, инспектори за животна средина сѐ помалку

јануари 5, 2024

Правилникот за цврсти горива да се извади од фиока и да се усвои, бидејќи со него ќе треба да се регулира какви дрва и пелети горат домаќинствата и фирмите, апелираше денеска директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. Тој информира дека во првите неколку денови од годинава најголемите индустриски капацитети кои ги контролира […]

МЖССП: Прекинат прагот на алармирање поради аерозагадувањето во Скопје и Струмица

јануари 5, 2024

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираше дека се прекинуваат мерките и препораките за заштита од аерозагадување при надминат праг на алармирање. Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на ПМ-10 честички биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на […]

Скопје конечно под прагот на алармирање поради нечистиот воздух

јануари 4, 2024

Скопјани вчера за првпат по повеќе од една недела дишеле концентрации на ПМ-10 честички во воздухот што биле под 150 микрограми на метар кубен. Квалитетот на воздухот на сите мерни станици бил под прагот на алармирање, покажуваат податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина. Прагот на алармирање […]

Шукова: Општините мора да имаат мерки против аерозагадување и да се посветат на нивна реализација

јануари 3, 2024

Општините да имаат Планови за воздух и да спроведуваат мерки за справување со аерозагадувањето, апелираше денеска министерката за животна средина Каја Шукова. Таа информираше дека во четири градови во земјава, Скопје, Битола, Куманово и Тетово се спроведува проект финансиран од Европската Унија, вреден 10 милиони евра, со кој ќе се заменат застарени системи за затоплување […]

Магла, чемер и јад во Скопје – Новогодишните празници ќе ги дочекаме со смог

декември 29, 2023

Доколку сè уште не сте купиле новогодишен поклон за најблиските, еден од подароците што сигурно ќе ги израдува славениците се маски против аерозагадување. За оние граѓани кои ќе останат во Скопје за продолжениот викенд што следи, рано предупредување утрово пристигна од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) дека денес и во следните денови по котлините ќе […]

Во Центар и Карпош 15 месеци се расипани инструментите што мерат ПМ-2,5 честички [инфографик]

декември 29, 2023

Веќе 15 месеци, од октомври минатата година, граѓаните на Скопје кои живеат во Центар и во Карпош воопшто немаат податоци за концентрациите на ПМ-2,5 честичките во воздухот што го дишат. Во екот на сезоната на најголемата загаденост, мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух во овие две општини втора година […]

Пиши-бриши со спроведувањето итни мерки против аерозагадувањето во Скопје

декември 28, 2023

Градските советници од Скопје пред неколку недели усвоија одлука за спроведување на итни мерки против аерозагадувањето, но прашање е што од овие мерки ќе се спроведе по денешните одлуки на Советот на град Скопје. По тој повод, денеска реагираа од советничката група на „Зелен хуман град“. „Уште од јануари 2023 година, „Зелен хуман град“ поднесе […]

И денес енормно загадување на воздухот во Скопје, да се почитуваат мерките

декември 28, 2023

Алармантното аерозагадување во Скопје продолжува и денес, исто како и во изминативе денови. Прагот на алармирање поради многу високите концентрации на ПМ-10 честички е вклучен втор ден, а на сила се препораките и мерките од надлежните институции за заштита од аерозагадувањето. Утрово во 9 часот на мерната станица Лисиче измерени се концентрации од ПМ-10 честички […]

Меџити: Во 2024 ќе има ригорозни мерки за аерозагадувачите и за пушачите

декември 27, 2023

Во најмодерните земји во светот се повикува на превенција во врска со аерозагадувањето. Ќе видите во наредната година, дека многу динамично ќе постапиме со мерки заеднички со сите министерства. Ќе има навистина ригориозни мерки за загадувачите. Мораме да се стремиме да сме дел од зелената еколошка карта, да има место за Македонија во светот. Ова […]

Стапуваат мерки и препораки за заштита од аерозагадувањето во Скопје

декември 27, 2023

Во Скопје е надминат прагот на алармирање поради многу високите концентрации на ПМ-10 честички во воздухот од над 150 микрограми на метар кубен, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Концентрациите на ПМ-10 честички се повеќе од четири пати над дозволените максимални концентрации на мерната станица во Лисиче, како и три пати над […]

„Ну, погоди!“, кој треба да преземе мерки против аерозагадувањето?

декември 26, 2023

Од централна на локална власт и обратно. Вака деновиве кружат обвинувања меѓу институциите на национално и на локално ниво во однос на тоа кој треба да преземе мерки за справување со високото ниво на загаденост на воздухот во македонските градови. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во изјава за емисијата „Топ тема“ […]

Во скопски Аеродром втор ден по ред алармантно ниво на аерозагадување

декември 26, 2023

Во скопската општина Аеродром, односно на мерната станица Лисиче, веќе втор ден по ред се регистрирани алармантни концентрации на ПМ-10 честички во воздухот. На 25 декември е измерено присуство на ПМ-10 од 211,2 микрограми на метар кубен, додека завчера на истата локација имало дневни концентрации од 175,4 микрограми на метар кубен од оваа загадувачка супстанца. […]

Во Струмица не се дише, прагот на алармирање за ПМ-10 честички е надминат

декември 25, 2023

Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за ПМ-10 честичките поради надминувањето на вредноста од 150 микрограми на метар кубен во два последователни дена. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека вчера концентрациите на ПМ-10 честички во воздухот изнесувале 230,1 микрограми на метар кубен, додека завчера тие изнесувале 188,1 микрограми на метар […]

Не отворајте прозорци, надвор носете маска – ИЈЗ со препораки при високо аерозагадување

декември 25, 2023

Аерозагадувањето е високо деновиве, посебно во главниот град, па заради заштита на потенцијалните штетни здравствени ефекти на суспендираните (лебдечки честички), во моментите кога нивните концентрации се драстично зголемени, Институтот за јавно здравје има низа препораки за населението кои треба да се почитуваат. „Во градовите со „екстремно лош (сиромашен)” индекс на квалитет на воздух, населението треба […]

Скопскиот воздух и денес меѓу најзагадените во светот

декември 24, 2023

Скопје и денес е меѓу десетте најзагадени градови во светот, покажуваат податоците од интернет-порталот „IQAir“. Според мерењата направени во 12 часот напладне, македонскиот главен град се наоѓа на шестото место според аерозагадување во светот. Со индекс на загадување од 173, воздухот е оценет како „нездрав“ и речиси 20 пати ја надминал горната граница која ја […]

Страна 3 од 22