fbpx
Таг: аерозагадување

таг: аерозагадување

Министерството ќе ја чисти депонијата во Шуто Оризари, жителите прашуваат дали Дудуш пак ќе ја полни

Депонијата во Шутка, за која редовно пишуваат „Портал.мк“ и „Мета.мк“, е вклучена во списокот на трите диви депонии на територијата на Општина Шуто Оризари што ќе се исчисти во рамките на тендерот на Министерството за животна средина и просторно планирање. Спорната депонија е означена како RAIL 057 во документот „Регионален план за управување со отпад“ од 2016 година, пишува „Порталб.мк“....

Правливата улица во Тетово и новиот мерач во Гази Баба виновници за „пиковите“ на аерозагадување

Реконструкција на локална улица во Тетово, во близина на станицата за мерење на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина е најверојатната причина за зголемените концентрации на ПМ 10 честичките во воздухот во овој град, се вели во информацијата објавена на сајтот на МЖСПП. Според неа, откако изминативе денови мерната станица во Тетово, лоцирана во дворот на основното...

Депонијата Шутка се „одржува“, Министерството повикува на расчистување на три диви депонии (ФОТО)

Депонијата во Шуто Оризари во моментов ја „одржува“ инспекторатот од оваа скопска општина, а за темелно чистење и озеленување ќе треба да се обезбедат повеќе средства. Од друга страна, Министерството за животна средина и просторно планирање распиша оглас за јавни набавки за чистење на 33 диви депонии низ целата територија на  Македонија, од кои три се на територијата на...

За целосно да се исчисти депонијата во Шутка потребни се многу пари, вели Заев

Иако дивата депонија во Шуто Оризари почна да се чисти, работата заостанува, бидејќи паралелно со чистењето, се врши повторно полнење на депонијата. Продолжува и палењето на ѓубрето. Премиерот Зоран Заев вели дека за целосно чистење потребни се повеќе средства од тие што биле предвидени, пишува „Порталб.мк“. Постапките за чистење на дивите депонии треба да се предводат од општините на чии...

Контраспин: За 148 години би се вградил авто-плин во сите патнички возила кај нас

Мерката за субвенции за вградување уреди за гас на патничките возила во земјата е мерка за почит, освен ако не се има предвид дека со динамиката од 244 илјади евра за субвенции на годишно ниво, ќе бидат потребни околу 148 години за да можат сите сопственици на патнички моторни возила да си вградат уред за чисто погонско гориво. Државата и...

„Шпекулации и невистини“, вели МЖСПП за обвинувањата дека се увезува отпад за горење

„Шпекулации и невистини“, категорично одговорија од Министерството за животна средина на зачестените споделувања на информации, фотографии и сомневања на социјалните мрежи за случаи на увоз, согорување и складирање на опасен отпад од странство и поврзувањето на ваквите случаи со енормното загадување на воздухот кое се случува секоја зима. „Мета,мк“ уште во март пишуваше за сомневањата на екологистите на оваа тема...

Спасовски: МВР заедно со инспекторите на терен ќе ги гони загадувачите

Полицијата заедно со инспекторите, најавија дека на терен ќе ги ловат загадувачите. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по координативниот состанок во владата со премиерот Зоран Заев, на кој покрај него присуствуваа и министерот за животна средина Насер Нуредини, министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и инспекторатите за животна средина и на локалната самоуправа,...

Објавен повикот за субвенции за вградување плин во возилата

Министерството за економија денеска го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на плински уреди, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата. Граѓаните ќе можат да аплицираат за субвенции до 50 отсто од трошоците, но не повеќе од 18.000 денари за вграден плински уред по возило. Како што се наведува во објавениот повик, субвенционирањето ќе важи...

Со нов правилник за гранични емисии, инспекторите полесно ќе ги казнуваат загадувачите

Министерството за животна средина и просторно планирање ги усвои измените на правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови со кои се одредуваат ограничувањата на емитувањето загадувачки супстанци во воздухот од оџаците на стопанските објекти во државата. Тие деновиве стапија на сила откако беа објавени во Службен весник. Според овој правилник,...

Заев: За загадувањето на рапорт во владата Спасовски, Нуредини и инспекторите

Загадувањето на воздухот е огромен проблем за кој имаме обврска да ги ангажираме сите расположливи капацитети во општеството. Изминатава недела се соочуваме со нови подметнати пожари кои дополнително ја отежнуваат ситуацијата, се вели во писменото обраќање на премиерот Зоран Заев на неговиот официјален фејсбук профил, по повод зачестените инциденти на палење на шуми на повеќе локации низ државата, како...

Екологистите од Пендаровски и Заев бараат активирање на АРМ и МВР за справување со нелегалните огнови

Граѓанските здруженија за заштита на животната средина денес побараа од претседателот на државата Стево Пендаровски и од премиерот Зоран Заев со активирање на војската и на полицијата да се справат со енормното загадување на воздухот. Повикувајќи се на уставно загарантираното право на здрава животна средина, активистите на „Скопје Смог Аларм“, „О2 Иницијатива“, „Еко Герила“, „Мој воздух“ и „Битола сака...

Со неакредитирана лабораторија загадувачите се невидливи за државата

Централната лабораторија на Министерството за животна средина, која постои уште од основањето на ова министерство во 1995 година, е замислена како важна алка во синџирот на заштита на животната средина која ќе утврдува постоење на загадувањето и на изворите на штетните емисии во воздухот, водата и почвата. Таа би требало да им помага на инспекциите во утврдувањето кој, колку...

Со субвенциите за инвертери за три години треба да бидат елиминирани печките на тврди горива

Субвенции за 10 илјади домаќинства за купување на инвертери со ваучери во износ од една илјада евра по домаќинство е една од клучните мерки во борбата против аерозагадувањето кои владата ги прифати и ги спроведува, објави на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев. Целта е во наредните три години целосно да биде елиминирана употребата на печки на тврди и фосилни...

Владата ќе подели по 1.000 евра за инвертери на 10.000 семејства

Владата на вчерашната седница ја усвоила информацијата за субвенционирање на високоефикасни инвертер - клима уреди за 10.000 домаќинства во Скопје, Тетово, Битола и Кичево, кои сега за греење користат печки на дрва, јаглен или нафта. Предвидени се по 1.000 евра за секое семејство. Парите за субвенциите ќе треба да ги обезбеди јавното претпријатие АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Станува...

„Fridays for Future“ од Скопје упаднаа на конференција за аерозагадување: Бесконечни конференции – нула резултати!

Ги анализиравме сите мерки од сите министерства кои се поврзани со аерозагадувањето во последната година и нашите анализи кажуваат дека околу 30% од мерките се спроведени. Ова го соопшти на денешната прва Регионална конференција за аерозагадување Ана Чоловиќ Лешовска од организацијата „Еко свест“, како домаќин на конференцијата во Скопје. Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, истакна дека актуелната власт...

33 еко автобуси на гас ќе добие ЈСП најдоцна до април 2020 година

Граѓаните на Скопје најдоцна до април 2020 година ќе се возат во новите еколошки автобуси набавени од германскиот производител „МАН“. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска го потпиша договорот за набавка на 21 единечен и 12 зглобни автобуси со ЕУРО 6 мотори, кои речиси воопшто нема да го загадуваат воздухот во Скопје со планираното намалување за 700 отсто на испуштените...

Владата да прогласи климатска вонредна состојба на национално ниво, побараа Fridays for Future

Со протест пред Влада екологистите на Движењето за климатска правда „Петоци за иднината“ (Fridays for future) денес го почнаа одблежувањето на неделата на протести и активности за подигање на јавната свест за ургентноста со која е неопходно решање на проблемот со глобалните климатски проблеми. Денешниот собир беше дел од најшироката досега мрежа на преку 5 илјади петочки глобални протести...

Со германски „МАН“ автобуси ќе се обновува возниот парк на ЈСП

ЈСП - Скопје ќе добие нови единечни и зглобни автобуси од германскиот производител „МАН“. Хрватската компанија „Ауто Хрватска“, генерален застапник за автобуските марки „МАН“, „Отокар“ и „Неоплан“, е победник на тендерот за набавка на нископодни CNG автобуси на компримиран гас за јавниот превоз во Скопје. Хрватите во втората фаза од тендерот доставиле понуда за новите автобуси во висина од 9,85...

Екологистите за Планот за чист воздух: Mногу „ќе“, a слаба реализација

Од Програмата за намалување на аерозагадување за оваа година, сè останува на „ќе“, стои во реакцијата на О2 Иницијативата на интервјуто на заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули за „Слободен печат“, во која тој тврди дека еко-активистите погрешно ги разбрале податоците со кои тој пред една недела излезе во јавноста за да го презентира што е сработено од владината...

Инспекторите пишуваат казни, гумите во Костурино непречено горат

Пожарот со високотоксични испарувања, во кој вчера гореа околу 300 автомобилски и камионски гуми во близина на струмичкото село Костурино, е најверојатно подметнат од непознат сторител, информираат за „Мета.мк“ од струмичката инспекција. Пожарот почнал во близина на работилницата за производство на вар, позната по тоа што со години енормно ја загадува животната средина во струмичко и за која известуваа...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...