fbpx
Таг: аеродром

таг: аеродром

В среда официјално стартува воздушната линија: Охрид-Лондон-Охрид

В среда, на 10 јуни, со пречекот на првите патници, официјално стартува авиолинијата Охрид-Лондон-Охрид. По тој повод „ТАВ Македонија“, во 17.45 часот, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, организира пригодна свеченост. На церемонијата на дочекот, обраќање ќе имаат претставници на „ТАВ Македонија“, Министерството за транспорт и врски и на „Виз ер“.

Дрон го блокира аеродромот во Манчестер

Летовите на британскиот аеродром во Манчестер на кратко биле суспендирани по информацијата дека во таа област се појавило беспилотно летало – дрон. Како што соопшти управата на аеродромот, некои појдовни летови се одложени, неколку дојдовни летови се пренасочени, а една писта е затворена, додека хеликоптерот на полицијата ја проверувал информацијата за појавата на дронот кој сè уште не е пронајден.

Од утре директен лет Скопје – Женева

Почнувајќи од утре, од скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе има директен лет до Женева двапати неделно, во вторник и во сабота. Оваа директна линија се воведува како резултат на соработката меѓу „ТАВ Македонија“ и авиокомпанијата „Свис“ (Swiss). - Повторното воздушно поврзување на Скопје со Женева, како град познат по своето езеро и по прекрасната природа, но, исто така, и како...

Скопскиот аеродром меѓу десетте најдобри во Источна Европа

На Глобалниот собир во Париз, традиционално организиран од реномираната британска организација „Скајтракс“, беа прогласени најдобрите аеродроми на светско ниво. Во Источна Европа, аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, со кој раководи  „ТАВ Македонија“, се најде меѓу десетте најдобри. – Вбројувањето на скопскиот аеродром меѓу најдобрите десет во Источна Европа е особено значајна потврда за нашата работа бидејќи „Скајтракс“ е организација која на глобално ниво...

Пет години „ТАВ Македонија“ во Охрид, двојно повеќе патници

„ТАВ Македонија“ одбележува пет години од преземањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Компанијата, која е дел од турската компанија „ТАВ аеродроми“, во 2010 година оперативно го презеде управувањето, воведе седумнасет нови редовни авиолинии и бележи двојно зголемување на бројот на патници од и за Охрид. – На петте години откако турскиот „ТАВ аеродроми“ го презеде управувањето со „Св. Апостол Павле“,...

Снегот го парализира аеродромот во Истанбул

Во изминатите три часа, поради снежно невреме, откажани се сите летови од најголемиот турски аеродром „Ататурк“ во Истанбул. Авионскиот сообраќај полека се нормализира. Четвртата по големина авиокомпанија во Европа, „Туркиш ерлајнс“, откажа 200 летови закажани за денеска и за утре, поради неповолните временски услови, стои во соопштението на веб-страницата на компанијата. Уште еден турски авиопревозник, високобуџетниот „Пегасус“, исто така откажа одреден број...

Општина Аеродром донира еден милион денари за поплавените подрачја

Општина Аеродром донесе одлука за доделување финансиска помош за санирање на последиците од елементарните непогоди и од поплавите што зафатија поголем број подрачја во Македонија. За да излезе во пресрет на настраданото население, Општина Аеродром од својот буџет ќе издвои финансиска помош во висина од 1.000.000 денари, кои ќе се спроведат со посредство на Црвениот крст на Република Македонија.  

Пронајдени две бомби на аеродромот во Каиро

На два различни терминали, на аеродромот во Каиро, со помош на електронски направи, полицијата открила две бомби, соопшти претставник на обезбедувањето на аеродромот. Сè уште никој не е уапсен за овој настан, а службите за безбедност на аеродромот ги прегледуваат снимките од безбедносните камери. Рачно изработената експлозивна направа беше активирана денеска во централниот дел на Каиро, во близина на плоштад. Нема...

Снегот го затвори аеродромот во Манчестер

Аеродромот во британскиот град Манчестер неколку часа беше затворен поради снегот кој напаѓал на пистата, откако северниот дел на Англија се соочи си силни снежни врнежи. - Не прифаќаме летови во ниту еден правец. Ќе има доцнења - изјави портпаролката на аеродромот. Претходно, на аеродромот веќе дојде до двочасовно доцнење на летовите поради неповолни временски услови.

Приведен малолетник за инцидентот кај „Капитол мол“

Скопската полиција привела малолетник, осомничен дека учестувал во синоќешниот инцидент во населбата Аеродром, и трага по уште едно лице, информираат од СВР Скопје. Според полицијата, инцидентот се случил околу 20 часот, на булеварот Јане Сандански, кога две непознати лица пресретнале тројца малолетници, двајца на 16 и еден на 14-годишна возраст, и почнале да ги бркаат. Шестнаесетгодишниците побегнале во еден правец, додека 14-годишникот...

Донецк: Украинската војска се повлече од аеродромот

Украинската војска се повлече од новиот аеродромски терминал во Донецк, на истокот на Украина, по неколкумесечни борби со проруските сили, соопшти војската. - Вчера е одлучено да се напушти територијата на терминалот поради прегрупирање - рече портпаролот на војската, Владислав Селезњов, додавајќи дека во судирите на аеродромот се убиени 10, а ранети 16 украински војници. Борбата за аеродромот ескалираше минатиот викенд, нарушувајќи го...

Урната контролната кула на аеродромот во Донецк

Проруските сили вчера ја урнаа контролната кула на аеродромот во Донецк, центарот на деветмесечниот вооружен конфликт меѓу Украина и сепаратистите, пренесуваат британските медиуми. Според украинските сили, кои го контролираат аеродромот, зградата била изложена на тежок артилериски оган од проруските сили. Бранителите на аеродромот наведуваат дека проруските сили вчера им дале ултиматум да ја напуштат кулата до 17 часот по локално време...

Во општина Аеродром ќе се гради нов парк

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска одржа прес-конференција на која најави изградба на нов парк. Градоначалникот Коневски изјави дека Општината планира да гради нов парк спроти „Мајчин дом“. Тој најави и изградба на улици, асфалтирање, изградба на канализации. Новиот парк спроти „Мајчин дом“ ќе се гради на површина од 2.319 квадратни метри и ќе содржи пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и...

Откажани летови на скопскиот аеродром

Полетувањата и слетувањата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се откажани. Причината за ова е густата магла која два дена ја покрива Скопската Котлина. Според информациите на интернет-страницата на аеродромот, до 9 часот биле откажани сите летови, а наредниот кој треба да биде во 11 часот не се знае дали ќе полета. Според прогнозата на метеролозите, не се очекува маглата да...

Осуденик депортиран од Холандија во Македонија

Скопјанец кој се барал за издржување затворска казна, вчера на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“ бил депортиран од Холандија во земјава, информираат од МВР. Како што информираат оттаму, станува збор за Игор Ш. (33), кој се барал за издржување затворска казна од три години и шест месеци за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци...

„Виз ер“ пренесе еден милион патници

Еден милион патници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје досега има пренесено нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ од почетокот на својата работа во 2011 година. Оваа авиокомпанија моментално вработува 47 луѓе.

Странец фатен со лажна лична карта на скопскиот аеродром

Албански државјанин е осомничен дека употребил фалсификувана италијанска лична карта на скопскиот аеродром „Александар Велики“, соопшти МВР. Регионалниот центар за гранични работи Север, против В.М. (27) поднел кривична пријава за фалсификување исправа. Според полицијата, кон крајот на минатиот месец, осомничениот на граничниот премин на аеродромот, на пасошка контрола, употребил фалсификувана италијанска лична карта на име на италијански државјанин. По преземените мерки, полицијата...

Фатен Италијанец со фалсификувана лична карта

Вчера во 16.20 часот, на излез од Македонија, на скопскиот аеродром „Александар Велики“, при пасошка контрола на Ф.К. (26) од Италија, утврдено е дека во италијанската лична карта, во делот каде што е фотографијата, е извршена замена на фотографијата. Тој е задржан и предаден на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.

Општина Аеродром набави две возила за зимско одржување на улиците

Денеска, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, ја информираше јавноста дека Општина Аеродром набави две возила за зимско одржување улици, така што подготвено ќе ја дочека зимата. Станува збор за возилата од марка „ивеко дејли“, кои се опремени со сите неопходни делови за лесно, брзо и функционално реагирање при снежни врнежи. Имено, камионите како додатна опрема имаат плуг за чистење снег,...

Општина Аеродром се приклучува кон одбележувањето на светскиот ден за борба против насилство врз жените

Општина Аеродром се приклучува кон одбележувањето на светскиот ден за борба против насилство врз жените, 25 ноември, бидејќи секое развивање на свеста за одреден проблем е првиот чекор кон негово искоренување. Обединетите нации овие 16 дена ги одбележуваат со портокалова боја, а мотото на кампањата за оваа година е „Обој го светот во портокалово за 16 дена“ („Orange the World...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...