fbpx
Таг: адвокати

таг: адвокати

„Шарената револуција“ порача дека нема независно судство и нема правда

Основниот суд Скопје 1 вечерва беше обоен во боите на „Шарената револуција“. Демонстрантите, денешниот протест, кој традиционално го почнаа пред Специјалното јавно обвинителство, го посветија на корумпираното судство. На демонстрантите, пред зградата на судот им се обратија неколку адвокати, кои порачаа дека не сакаат да ја работат својата професија, не затоа што не је сакаат, туку затоа што, како што...

Одложен почетокот на судскиот процес за случајот „Ќелија“

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Ќелија“, кој се води против пет лица обвинети за регрутирање и за учество во паравоени формации на Блискиот Исток, е одложено откако адвокатот на еден од обвинетите побара дополнителен увид во доказите. Покрај тоа, како што пренесува „Академик“, адвокатот Ефто Спировски, кој е бранител на обвинетиот Иса Фуга, рекол дека неговиот клиент изразил...

Осомничените во „Молња“ негираат дека биле логистика на кумановската група

Осумтемина осомничени во случајот „Молња“ на денешната јавна седница за оцена на обвинителниот акт, која се одржа во Кривичниот суд во Скопје, се изјасниле дека не се чуствуваат виновни по наводите за кои ги товари Обвинителството, односно дека биле логистика на групата што ја нападна караулата Гошинце и учестуваше во настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од...

Гинекологот од Тетово не се чувствува виновен за смртта на родилката Виолета Кировска

Лекарот гинеколог Казимир Копривњак, кого Основното јавно обвинителство Тетово го товари за тешки дела против здравјето на луѓето, на денешното прво судско рочиште изјави дека не се чувствува виновен за смртта на 33-годишната Виолета Кировска. Според обвинителниот акт, Копривњак на 19 август минатата година при породувањето на Кировска не ги презел сите превентивни мерки, поради што пациентката починала. Јавниот обвинител Зулќуфли...

Адвокатите на Грујовски поднесоа жалба на притворот

Адвокатскиот тим на првоосмничениот во случајот „Тврдина“, Горан Грујовски поднесе жалба на притворот за началникот на петтата управа. „Барањето е испратено до судија на претходна постапка и кога ќе бидат комплетирани списите ќе бидат доставени на одлучување до Кривичниот совет. Според законот за Кривична постапка, Кривичниот совет има рок од 48 часа да одлучи за жалбата“, велат за „Мета“ од...

Шест адвокати се иницијатори на измената на Законот за кривична постапка што го поддржа ВМРО-ДПМНЕ

Група од шест адвокати се иницијатори на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка кој денеска беше ставен на дневен ред во Собранието, а владејачката партија само им излегла во пресрет и го поднела законот, вели Оливер Вуксановиќ еден од адвокатите кои се иницијатори на овие измени. Тој вели дека идејата за измените во законот е за...

Денеска треба да продолжи судењето за „Диво Насеље“, рочиштето – неизвесно

Денеска во Кривичниот суд во Скопје, во 10 часот, треба да продолжи судењето за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, но неизвесно е дали ќе се одржи рочиштето бидејќи адвокатите на обвинетите бараат поголема судница. Претходното рочиште, на 2 март, беше одложено откако неколкумина адвокати ја напуштија судницата, со образложение дека судот не...

Одложено рочиштето за „Поткуп“, Заев тврди дека бил наместен

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“, во кое е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев, повторно се одложи бидејќи во судницата не дојдоа двајцата адвокати на одбраната. Како што рече судијката Дијана Груевска-Илиевска, адвокатот Филип Медарски го известил судот дека деновиве е на службен пат во Браселона, за што доставил копија од авионски билет, додека другиот адвокат, Ване Андреев, денеска морал...

Одложено рочиштето за „Диво Насеље“, адвокатите се жалат на тесна судница

Судското рочиште за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, закажано за денеска, е одложено откако адвокатите на обвинетите реагираа до судот дека не се обезбедени услови за фер судење и дел од нив ја напуштија судницата. Прв судењето го напушти адвокатот Насер Рауфи, кој застапува осум обвинети. Тој пред судот образложи дека салата во...

Полицајците од Гошинце сведочеа за нападот на караулата на 21 април минатата година

На денешното рочиште од судењето за настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, искази дале петмина сведоци на Обвинителството, четворица полицајци од караулата Гошинце и роднина на еден од обвинетите. Полицајците, како што пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на информации од официјални претставници на судот, раскажале дека биле нападнати од две групи, кои ги...

„Титаник“ заплови во лавиринтот на барања, одлуки, жалби и на решенија

Како што се покажа деновиве, Кривичниот суд Скопје 1 до последен детаљ ќе ја води процедурата и ќе го одолговлекува одлучувањето по жалбите на Специјалното јавно обвинителство на решенијата на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Практично, од петокот, по прес-кнференцијата на СЈО, почнаа да течат рокови кои содржат процедура по следнава...

Денеска продолжува судењето за „Диво Насеље“

Денеска во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес против 29 обвинети за настантите во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај минатата година. На денешното рочиште воведни зборови треба да дадат адвокатите на одбраната на 11 обвинети во случајот. На претходното, прво рочиште, кое се одржа пред два дена (9 февруари) свои воведни излагања...

Почнува судењето за „Диво Насеље“

Судскиот процес за случувањата во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, за кој се обвинети 29 лица, почнува денеска во 10 часот, во Основниот суд Скопје 1. Пред почетокот на судењето, забележано е силно полициски обезбедување со полициски возила и со хеликоптери. На јавната седница за оцена на обвинителниот акт, која се одржа на 7 декември...

Освен случајот Пуч, на Јанева чекаат Ровер, Диво Насеље, Шпион, Монструм и Телеком

Барањата што изминативе три месеци во најава ѝ беа упатувани на специјалната обвинителка, Катица Јанева, а се однесуваа на тоа таа да ги преземе сите случаи за кои постојат контроверзии во јавноста, сега и во официјална форма почнаа да пристигнуваат на нејзиното биро. Адвокатите на одбраната во случаите „Ровер“, „Диво Насеље“ и „Шпион“ бараат и за овие предмети да биде надлежно специјалното...

Бизнисмени, адвокати и судија осомничени за организиран криминал

Одделот за организиран и за сериозен криминал на МВР, во вторникот минатата недела до надлежното јавно обвинителство поднел кривична пријава против осум лица, македонски и странски државјани, осомничени како членови на организирана криминална група, а се товарат за повеќекратна злоупотреба на службена положба и овластување, за перење пари и други приноси од казниво дело и за помагање, соопшти МВР. Како што...

Адвокат со тупаници нападнал колега во охридскиот суд

Вчера, околу 15 часот, во Основниот суд во Охрид, пред крајот на судска расправа, адвокат нападнал свој колега, удирајќи го со тупаници во главата, соопшти полицијата. Судската полиција, според информациите, веднаш интервенирала и спречила поголем инцидент, а нападнатиот адвокат, поради повреди, побарал лекарска помош. Од полицијата додаваат дека Секторот за внатрешни работи Охрид „презема дополнителни мерки за целосно расветлување на случајот“.

И адвокатите како регистрациони агенти ќе регистрираат фирми електронски

Сите уписи во трговскиот регистар на Централниот регистар ќе се вршат електронски и тоа преку регистрациони агенти. Со последните законски измени, категоријата регистрационен агент е проширена со адвокатите. Ова го предвидуваат измените во Законот за трговски друштва и за едношалтерски систем и за водењето на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, од 1 ноември. Според директорот на Централниот регистар, Андреа...

Во Апелацискиот суд во тек е расправата по жалбите на осудените во „Монструм“

Во Апелацискиот суд во Скопје во тек е јавна седница на која се разгледуваат жалбите на петмина осудени во случајот „Монструм“, за убиството на четири момчиња и средовечен маж, кое се случи на Велики четврток, во април 2012 година, кај Смиљковско Езеро. Седницата почна утрово, околу 10 часот, откако беа исполнети сите услови, односно од затворите во Скопје, Битола и...

Акција „Чекан“: Криминална група шест години царувала во Гостивар

Осумнаесет гостиварци и еден скопајанец се осомничени како членови и помагачи на криминалната група што дејстувала во западниот дел на државата, информираат од МВР. Во полициска акција под оперативно име „Чекан“, утрово се уапсени 15 членови на групата, две лица се надвор од државата, а по двајца од осомничените сè уште се трага. Пет лица се осомничени како организатори на криминалната група,...

Апелација ги потврди казните на обвинетите во случајот „Агент“

Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда за случајот „Агент“, со која на затворска казна од две години се осудени поранешниот директор на управата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски, адвокатот Владо Пешликоски и претставникот на „Меркатор“, Митја Валич, а на казна затвор од три години, за финансиски малверзации, е осуден адвокатот Васко Томановиќ, објавува порталот „Академик“. Во предметот...

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...