Таг: ААВМУ
таг: ААВМУ
Студија на РЕСИС: Граѓаните телевизијата и интернетот денес подеднакво ги користат за информирање
Македонските граѓани забрзано ги менуваат своите навики за информирање за домашните настани од медиумите и сè повеќе го користат интернетот, при што 72 отсто од граѓаните до интернет содржини во земјава пристапуваат преку мобилен телефон, а 38 отсто преку компјутер. Ова се дел од резултатите од истражувањето „Утврдување на влијанието на новите медиуми врз формирањето на јавното мислење и...
Обврските во однос на изборите од 15 јули во фокусот на работењето на ААВМУ во третиот квартал
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска го одржа јавниот состанок преку видеоконференциска врска, на кој се презентираа спроведените активности согласно Годишната програма за работа на ААВМУ. Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски ги презентираше резултатите и активностите на Агенцијата во текот на третиот квартал.
Во однос на одржаните парламентарни избори на 15 јули, тој посочи дека со мониторингот...
МВР го приведе напаѓачот на екипата на Ал Џазира, осуди за нападот од АВМУ и СЕММ
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека го привела лицето што ја нападна новинарската екипа на Ал Џазира за време на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ. Од МВР велат дека новинарката Милка Смилевска пријавила дека на улица „Македонија“ каде се одвивал протест, а таа била работно ангажирана како новинар, додека разговарала со едно од лицата кои учествувале на протестот, дошол...
СДСМ со неколку ветувања за развојот на медиумската сфера во новиот мандат
Владејачката СДСМ пред изборите на медиумските организации јавно им вети брзо формирање на новите управувачки органи на Македонската радио-телевизија и на медиумскиот регулатор во рамките на медиумските реформи.
Одговарајќи на јавно упатените прашања од страна на Здружението на новинари на Македонија и на другите новинарски и медиумски организации, СДСМ вети дека веднаш по заокружување на новото парламентарно мнозинство, целиот фокус...
Алсат-М и Македонско радио со казни, Телма куртули од судска казна за известувањето за време на изборите
Основниот кривичен суд и Апелациониот суд во Скопје делумно ги прифатија прекршочните постапки што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги поднесе против медиумите за нивното известување за време на изборната кампања и во периодот на изборниот молк на парламентарните избори што се одржаа на 15 јули.
Апелациониот суд ја прифати жалбата на ААВМУ во однос на висината...
Избегнување на прекумерната медиумска концентрација е една од мерките за заштита на плурализмот
Со осум препораки за идното регулирање на медиумската сопственост во земјава, студијата Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување на експертите Жан Франсоа Фурнемонт и Снежана Трпевска дава можности за измени и дополнувања на Законот за медиуми и особено на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги велат дека постојната регулатива...
ААВМУ бара казни од 4.000 евра за Алсат-М и Шења за неизбалансирано известување во кампањата
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против телевизиите Алсат-М и Шења, бидејќи спротивно од одредбите во Изборниот законик при известувањето за изборната кампања не обезбедиле избалансирано покривање на изборниот процес во дневно-информативните и во посебните информативни емисии во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за пратеници.
Од Основниот кривичен...
Политичките реклами на „Можеме“ доминирале на телевизија, „Обнова“ најмногу се вртела на радио (инфографик)
Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ доминирала во емитувањето на политички реклами на телевизиите за време на изборната кампања, додека коалицијата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ свртела најмногу политички реклами на радио-станиците. Ова го покажува Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите за време на кампањата за изборите на 15 јули, којшто Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги...
ЗНМ и ССНМ: ОЈО да го преиспита случајот со Љупчо Златев за предлогот за обвинителен акт
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост во врска со Обвинителниот предлог против Љупчо Златев, уредник на Лидер.мк од страна на Основното јавно обвинителство Скопје за наводно сторено кривично дел „Оддавање на службена тајна“.
ОЈО во својата објава вели дека на 9 јули и 12 јули на интернет порталот на кој...
ЗНМ: Директорот на АВМУ непрофесионално етикетира медиуми
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во изминатите неколку недели внимателно ја следеше работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во делот на постапување против радиодифузерите за евентуални прекршувања на правилата предвидени во Изборниот законик. На барање, пак на дел од медиумите против кои беа поведени постапки за прекршување на изборен молк, од ЗНМ велат дека...
Јавните пари за политички реклами го влошија медиумското известување за изборите
Набљудувачката мисија на ОБСЕ за предвремените избори што се оддржaа на 15 јули во Северна Македонија има сериозни забелешки за начинот на известување на медиумите во текот на изборната кампања.
„На медиумското известување за изборите му недостасуваше критички осврт на платформите, а одредбите во врска со платеното политичко рекламирање ги фаворизираа трите најголеми партии“, стои во првичната оценка на мисијата...
ААВМУ бара прекршочна постапка против „Алсат-М“ и „Шења“, не информирале балансирано за изборната кампања
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми на 29. седница го разгледа Извештајот од изборното медиумско претставување за време на Предвремените парламентарни избори 2020 година.
„Во таа насока Советот заклучи против телевизиите „Алсат-М“ и „Шења“ да се покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд бидејќи спротивно на членот 75 став 1, а во врска со член 75-а став 1 точка...
Македонското радио и Марјан Цветковски казнети со 2.000 евра за прекршување на изборниот молк
Основниот кривичен суд-Скопје ги прогласи Македонската радио-телевизија, односно првиот програмски сервис на Македонското радио и одговорното лице Марјан Цветковски за виновни за прекршување на изборниот молк. Судот им изрече прекршочни санкции - глоби за ЈРП МРТ МРА 1 во висина од 1.800 евра, како и 200 евра глоба за одговорното лице Марјан Цветковски, се наведува во објавениот Преглед на...
ЗНМ и ААВМУ: МВР и ОЈО да ги откријат лицата кои на Фејсбук ѝ се закануваа на новинарката Бурнс
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (ААВМУ) најостро ги осудуваат онлајн нападите и заканите по безбедноста на новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Бурнс.
Бурнс во текот на вчерашниот ден добила низа закани на својот личен профил на Фејсбук, поради објавување на текст за свадба која се одржала во Тетово, укажувајќи дека тоа е...
ССНМ, ЗНМ и ААВМУ најостро го осудија нападот врз Златев и бараат брзо расчистување на случајот
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) најостро го осудија физичкиот напад врз новинарот Љупче Златев што се случил вчеравечер во еден скопски локал.
Според Златев, тој бил физички нападнат од лице, подоцна идентификувано од нападнатиот, кое се обидело да го исфрли од локалот...
ААВМУ: Комерцијалните телевизии акцентот во известувањето за изборите го ставија врз коалициите Можеме и Обнова
Ниту една од комерцијалните телевизии не успеа целосно да го спроведе принципот за известување пропорционално на бројот на потврдени кандидатски листи и интензитетот на кампањата, за време на предвремените парламентарни избори.
Ова е еден од клучните наоди во Извештајот за мониторингот над известувањето на комерцијалните телевизии во периодот од 24 јуни до 12 јули 2020 година, од страна на Агенцијата...
ААВМУ: МРТ генерално обезбедила избалансираност во известувањето во изборната кампања
Четирите програмски сервиси на Македонската радио-телевизија (МРТ) генерално обезбедиле избалансираност во вестите во поглед на изборното медиумско известување, но ригидните математички формули од Изборниот законик ги покажаа своите слабости и на овие избори. Ова се главните заклучоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) во Извештајот од изборното медиумско претставување за предвремените парламентарни избори 2020 година.
Посочувајќи го...
Ковид-19 годинава го истисна од агенда прашањето за реформи во медиумскиот сектор
Прашањето за реформи во медиумскиот сектор во првиот квартал од 2020 година речиси воопшто не било на дневен ред на носителите на политики и одлуки во земјава, се вели во извештајот „Мониторинг на медиумските реформи и работата на АВМУ и МРТ“ на Центарот за развој на медиуми. Ковид-19 го потисна од агендата прашањето за медиумски реформи, а исклучок од...
Македонско радио со изјава на Чулев, Телма и Алсат со изјава на Филипче го прекршиле изборниот молк
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на вчерашната седница донесе заклучок за покренување на прекршочни постапки пред надлежен суд против телевизиите Телма и Алсат-М, а идентична прекршочна постапка ќе следи и против првата програма на Македонското радио за прекршување на изборниот молк.
Сите три медиуми го прекршиле членот 76-б став 3 од Изборниот законик, односно за...
ААВМУ: И првата програма на Македонското радио вчера го прекршила изборниот молк
Во рамките на својот изборен мониторинг, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), констатираше дека вчера, 14 јули, Првиот програмски сервис на Македонско радио во неколку дневноинформативни изданија емитуваше прилози за активности на Министерството за внатрешни работи за спречување потенцијален криминал поврзан со изборниот процес, во кои е емитувана изјава од прес-конференција на носител на функција во органите...