fbpx
Таг: 27 април

таг: 27 април

Судот им одреди притвор на пратениците Мукоски, Арнаудов и Василевски

Кривичниот суд по денешниот распит, попладнево им одреди притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, осомничени за насилствата во Собранието од 27 април. Нивните колеги, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, добија куќен притвор. Мукоски, Арнаудов и Василевски попладнево, со полициска придружба, беа изнесени од задниот влез на Кривичниот суд и ставени во полициско комби, кое...

Мукоски: Нема основа за судот да ни додели притвор

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, на доаѓање во Кривичниот суд на распит кај судија на претходна постапка, рече дека нема основа за судот да му одреди притвор. - Нема основа за притвор, но оставаме судот да цени и да го каже последниот збор – рече кратко Мукоски и додаде дека редовно се јавувал во судот и дека верува во правдата. Претходно, во...

Судот подготвен да одлучува за притворот на шестемина пратеници за 27 април

Кривичниот суд во Скопје го добил известувањето од Собранието за одзeмениот имунитет на шестемина пратеници, за кои Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бара притвор, и го доставил до надлежните судии на претходна постапка, соопштија за „Мета“ од судот. „Известувањето од Собранието на Република Македонија поврзано со барањето на судот околу имунитетот на пратениците за кои е поднесен предлог...

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира крстосници кај „Мавровка“, на Рампа и во Влае

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги продолжи своите активности со блокирање крстосници и со протест пред Министерство за правда, барајќи ослободување на приведените и на притворените во најновата серија постапки на Јавното обвинителство за расчистување на крвавите настании од 27 април во Собранието на Република Македонија. „ВМРО-ДПМНЕ бара слобода за патриотите. ВМРО-ДПМНЕ бара да запрат неправдите, хајките и местенките. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на...

Полицијата трага по уште шестмина осомничени за насилствата од 27 април

Шест лица осомничени за насилствата во Собранието од 27 април годинава, и понатаму остануваат недостапни за органите на прогонот и по нив се трага, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата. - Вчера беа 12, денеска се шест - рече Спасовски, алудирајќи дека во последните 24 часа по налог на Обвинителството...

Собранието им го одзеде имунитетот на шесте пратеници и го одобри барањето за притвор

Собранието денеска на пленарна седница одлучи да го одобри барањето на Основен суд Скопје за одземање на имунитетот и за притворање на пратениците Крсто Муковски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, поради нивното учество во насилствата што се случија на 27 април годинава во Собранието. За секој пратеник се гласаше посебно, а седницата ја бојкотираа пратениците на...

Собранието утре напладне ќе одлучува за имунитетот на шестемина пратеници

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за утре напладне ја закажа пленарната седницата на која ќе се одлучува за одземањето на имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, во врска со барањето за нивно притворање што до законодавниот дом го испрати Кривичниот суд во Скопје. Шестемина пратеници се дел од 36-те осомничени...

Уште двајца притворени за насилствата од 27 април

Судија на претходна постапка им одредил притвор уште на две лица, М.М и С.М., осомничени за насилствата во Собранието од 27 април годинава, кои вчера биле спроведени на распит во Кривичниот суд во Скопје. Осомничените против овие одлуки имаат право на жалба до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, во рок од 24 часа по приемот на решенијата. Со ова,...

Спасовски: Другите 12 осомничени за 27 април најверојатно се во државата

Дванаесетмина од 36-те осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, кои сè уште не се приведени, најверојатно се во земјава и полицијата трага по нив, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу МВР и Мисијата на ОБСЕ во Македонија, за контрола на лесното оружје и муниција. - Издадени се наредби за...

Бејли: Одговорност за настаните на 27 април, но и презумпција на невиност

Амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, денеска порача дека Амбасадата на САД будно ги следи настаните поврзани со случувањата во Собранието на 27 април и дека полицијата, обвинителството и правосудниот систем мора да дејствуваат транспаретно, со почитување на највисоките стандарди при изведувањето на овој процес. - Полицијата, обвинителството и правосудниот систем мора да работат транспарентно, со почитување на највисоките...

Коцијанчич: Важно е да се утврди одговорноста за 27 април и сите да се однесуваат одговорно

Важно е да се утврди одговорност за настаните во Собранието на 27 април и ги повикуваме сите партии да се однесуваат одговорно, вели во изјава за „Мета“ Маја Коцијанчич, портпаролка на ЕУ. Според неа, иако ЕУ не сака да коментира судски постапки или истраги, сепак очекува одговорно однесување од политичките партии. - ЕУ не сака да коментира истраги што се во...

Чавков, Дурловски, Илиевски добија притвор од 30 дена, шест лица добија куќен притвор

Основниот суд Скопје 1 денеска преку соопштение информираше дека за насилствата во Собранието на 27 април годинава, по барање на ОЈО за организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка на 13 лица им определил притвор во траење од 30 дена, додека на шест лица им е определен куќен притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и им определи...

Денешната акција, четврта според бројот на уапсени во оваа деценија

Случајот за насилствата во Собранието од 27 април годинава е еден од четирите во изминатите 10 години во кои беа осомничени и уапсени најголем број лица. Обвинителството за организиран криминал и за корупција денеска соопшти дека отворило истражна постапка за вкупно 36 лица, кои се товарат за терористичко загрозување на уставниот предок и на безбедноста, кривично дело за кое е...

Груевски се приклучи на протестот, се крева бина пред Кривичен суд

Околу 300 приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ денеска по повикот на протест од ВМРО-ДПМНЕ, се собраа пред Кривичниот суд во Скопје, поради приведувањето на пратеници и на други учесници во насилствата од 27 април. Демонстрантите почнаа да со собираат пред Кривичниот суд околу 13.30 часот, а еден час подоцна им се придружи поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој беше...

Стотина симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се собраа на протест пред судот

Во овие моменти пред Кривичниот суд во Скопје се собрани околу стотина граѓани, симпатизери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои се одзваа на повикот на партијата за протест против апсењето на нивни членови, функционери и пратеници, во рамките на истрагата за насилставата во Собранието од 27 април. Пред судот засега е мирно. Насобраните граѓани не носат транспаренти и нема никакви извици. Забележливо е...

Притворот на Југ продолжен за нови 30 дена, ОЈО го гони и за тероризам

Кривичниот суд во Скопје му го продолжи притворот за нови 30 дена на Игор Југ, осомничен за насилствата во Собранието од 27 април оваа година, пренесуваат медиумите. Основното јавно обвинителство во меѓувреме ја проширило истрагата за Југ, кој сега освен за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, се товари и дека бил водач на толпата која упадна во законодавниот...

Утрово приведени Чавков, Мукоски и актерот Јовановски

По налог на јавен обвинител, рано утрово приведен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, дознава „Мета“ од извори на истрагата. Приведувањето е во рамките на истрагата за насилствата од 27 април годинава во Собранието. Во тој момент, Чавков беше директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на штабот на МВР за протестите „За...

Јовески: Расветлувањето на нападот врз Собранието од 27 април ќе ми биде приоритет

Кандидатот за нов државен јавен обвинител Љубомир Јовески во изјава за „Гласот на Америка“ на македонски јазик тврди дека една од најлесните задачи ќе му биде одвојувањето на Обвинителството од владејачкиот апарат бидејќи самиот никогаш не потпаднал на притисоци и влијанија и преку своето искуство ќе ги охрабри обвинителите да работат чесно и според законот истовремено гарантирајќи им ја...

Обвинение против десет лица за обид за убиство на Зијадин Села на 27 април

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот суд Скопје 1 поднело обвиненија против десет лица за обид за убиство на Зијадин Села во Собранието на 27 април. Од Обвинителството напоменуваат дека во кривичното дело биле вклучени уште неколку лица, чиј идентитет допрва треба да се утврди. „Обвинетите, сите заедно, како и со други лица на кои до овој момент не им е...

Поради насилствата на 27 април, суспендирани четворица вработени во МНР

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека суспендирало четворица вработени кои биле во Собранието на Република Македонија при упадот и бруталните насилства на 27 април годинава. Како што се вели во соопштението, за ова Министерството за внатрешни работи (МВР) доставипо известување до Основното јавно обвинителство – Скопје. „Министерството цени дека со нивните дејствија односно нивното неовластено влегување и присуство во Собранието...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...