fbpx
Таг: 27 април

таг: 27 април

Рускоска: Нарачателите за 27 април ќе бидат обвинети кога ќе има цврсти докази

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судскиот процес за настаните во Собранието од 27 април минатата година. Вчера, на првото рочиште, воведни говори имаа обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на дел од обвинетите. Во случајот обвинети се триесет и три лица, од кои триесет и едно од обвинетите одговараат за „тероризам“, додека две за „помагање“. -Триесет и шест сведоци...

Почнува судењето за крвавиот четврток, 28 лица се гонат за тероризам

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, четворица пратеници, оперскиот пејач Игор Дурловски, твитерџијата Богдан Илиевски, режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски, Александар Василевски-Нинџа, денеска ќе седнат на обвинителна клупа, заедно со уште дваесетина други обвинети за крвавото насилство во Собранието на 27 април 2017 година, кога беа нападнати и тешко повредени...

Утре почнува судењето за насилството во Собранието на 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје утре во 10 часот почнува нова постапка за упадот и насилствата во Собранието на 27 април минатата година. Предметот ќе го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска. Јавното обвинителство на Република Македонија, во март годинава објави дека е поднесен обвинителен акт против 30 лица, од кои 28 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста...

Над 80 години затвор за седуммината обвинети за обид за убиство на Села

На седумтемина обвинети за обид за убиството на пратеникот Зијадин Села на 27 април минатата година, при крвавите насилства во Собранието, во Основен суд Скопје 1 денеска им беа изречени затворски казни од 10,5  години до 13,5 години затвор, односно вкупно 81,5 години затвор. Сите беа обвинети за убиство. Обвинетиот Кире Георгиевски е осуден на 13 години, а истата казна ја ...

Апелација ги замени условните казни со затворски за тепачите од Собранието

Скопскиот Апелациски суд ги преиначил во затворски првите девет условни казни за насилство во Собранието на 27 април 2017 година, јави Алсат М. Девет обвинети лани во мај признаа дека учествувале во толпа која сторила насилство, а Кривичниот суд на сите истиот месец им пресуди условни казни. По жалбите на Обвинителството, Апелација условните ги преиначи во ефективни затворски казни и сите...

На 22 август започнува судењето за упадот во Собранието од 27 април

Судијката Добрила Кацарска за 22 август во 10 часот го закажа стартот на судскиот процес за случувањата од 27 април минатата година, кога повеќе лица упаднаа во Собранието при што беа повредени пратеници, новинари и граѓани. „За предметот кој беше оформен по одобрувањето на обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 година кои се случија во Собранието, ја...

Утре ќе се знае дали ќе има судски процес за упадот во Собранието

Во текот на утрешниот ден ќе биде познато дали ќе им се суди на обвинетите за насилството што се случи на 27 април 2017 година, во Собранието. Од Кривичниот суд информираат дека денеска била одржана седница за оценка на обвинителниот акт, а утре ќе биде позната одлуката. Доколку обвинението добие позитивна оценка, тоа значи дека набрзо ќе се закаже и...

Син на екссудијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на една година затвор

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признале вина, информираат од кривичниот суд. На судско рочиште вина признале обвинетите Васко Цунгаревски и Димитар Попоски за кривичното дело насилство. Цунгаровски, кој е син на екссудијката од Основниот суд Скопје 2, Зорица Цунгаровска, учествувал во насилството во Собранието и според обвинението на Основното јавно обвинителство од Скопје, тој му...

Алeксандар Василевски-Нинџа и се предал на полицијата, одреден му е притвор

Александар Василевски-Нинџа кој е обвинет за настаните на крвавиот четврток во Собранието на 27 април минатата година, и се предал сам на полицијата и денеска дал исказ во Kривичeн суд, од каде потоа бил пренесен во затворот во Шутка. Нинџа подолго време не беше достапен за органите на прогонот. Според веб-страницата на МВР за потраги, сè уште недостапни за полицијата се...

Двајца обвинети признаа вина за нападот врз Села

Обвинетите Цејо Горгиевски и Стојан Павловски признаа вина во судската постапка за случајот насилство за нападот врз Зијадин Села што се случи за време на упадот во Собрание на 27 април минатата година. Обвинетиот Павловски пред судот рече дека признава вина и дека не можел да ги негира снимките и откако тие биле пуштени во судница, не може да каже...

ВМРО-ДПМНЕ: Сашо Сенков со месеци беше во притвор само поради политичка одмазда

Сашо Сенков ни крив ни должен со месеци беше во притвор само заради политичка одмазда на СДСМ кон сите кои мислат поинаку, велат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со обвинетиот за убиство на пратеникот Зијадин Села откако вчера Обвинителството го повлече обвинението против него. Од опозициската партија додаваат дека на Сашо Сенков му биле погазени сите права и без никаква основа...

Завршни зборови на судењето за обидот за убиство врз Села во Собрание

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието. Случајот треба да продолжи со завршни зборови на двете страни, откако на претходното заврши доказната постапка. За случувањата на 27 април обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче...

На 6 јуни завршни зборови во судењето за нападот на Села

Со изнесување докази, меѓу кои една досега неприкажана снимка од нападот на пратеникот Зијадин Села при насилствата во Собранието на 27 април минатата година, денеска се одржа уште едно рочиште, а в среда судењето продолжува со изнесување завршни зборови. Обвинителот Дарко Јакимовски од судот побара повеќе време за да ги подготви завршните зборови со цел да може да ги вклучи...

Заев за 27 април: Во нивните очи се гледаше чисто зло и намера за одземање човечки живот

Денеска, после една година од упадот во Собранието на 27 април, се уште не можам да прифатам дека некои од тие насилници биле подготвени и за ликвидација на некои од членовите на Собранието, рече премиерот Зоран Заев на заедничка прес-конференција во Собранието заедно со претседателот на законодавниот дом Талат Џафери. Тој рече дека дел од пратениците наместо да ги отворат...

Шекеринска: Лани на 27 април Македонија го допре дното, бевме на чекор до граѓанска војна

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, ја започна официјалната посета на Соединетите Американски Држави со учество на тркалезната маса организирана од американскиот Атлантски совет на тема „Балканот и членството во НАТО низ призмата на Македонија: Високи влогови во однос на глобалната безбедност и судбината на демократијата во една мала земја“. Шекеринска зборуваше за Балканот и предизвиците со кои се...

Во Кривичниот суд ќе се пуштаат снимките од претепувањето на Села

На годишнината на упадот и крвавите настани во Собранието, денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за случајот за обидот за убиство на лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадн Села. На денешното рочиште треба да се гледаат фотографии и видеа од претепувањето на Села кои се дел од доказите во обвинението. На претходното рочиште кое се одржа...

Судењето за нападот на Села прекинато откако му се слоши на еден од обвинетите

Судењето за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април минатата година, денеска беше прекинато откако му се слоши на Никола Војневски, еден од десетината обвинети во овој предмет. На Војневски му се слоши за време на сведочењето на новинарот Горан Трпеновски, по што беше повикана итна медицинска помош. Трпеноски, како втор сведок на обвинителството, рече дека критичниот ден...

Зекири во судница препозна двајца напаѓачи на Села, кои барале „албанска крв“

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, во сведочењето во Основен суд Скопје 1 за обидот за убиство на Зијадин Села што се случи на 27 април минатата година во Собранието, рече дека во обвинетите препознал двајца што го извлекле Села од групата пратеници.  Друг сведок пак рече дека од насилниците се слушало дека бараат „албанска крв“. Закири рече дека човекот што...

Продолжува судењето за нападот врз Села

Во Основен суд Скопје 1, познат и како Кривичен суд, денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието. На денешното рочиште се очекува да сведочат тројца сведоци, меѓу кои и пратеникoт на СДСМ, Мухамед Зекири. На минатото судење, што траеше шест часа, беа сослушани...

Апелација го потврди притворот на Митко Чавков

Скопска Апелација го потврди решението на Кривичниот суд со кое поранешниот министер за внатрешни работи и екс директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков останува во притвор. Од Апелација велат дека е отфрлено и барањето за обезбедување гаранција за пуштање да се брани од слобода, бидејќи тоа било некомплетно. Чавков заедно со уште четири лица беа вратени во притвор на...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...