среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: ЈП Водовод и канализација – Скопје | 62 резултати

Загубите на вода за пиење во скопскиот водоводен систем лани изнесувале 60,46 отсто [инфографик]

април 28, 2021

Процентот на неприходувана вода за пиење во главниот град останува горлив проблем, кој не бил надминат лани. Во 2020 година била евидентирана загуба на вода во скопскиот водоводен систем од 60,46 отсто, што претставува минимално намалување во споредба со 2019 година, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. „Согласно податоците на ЈП […]

На водата како јавно добро во Македонија помислуваат само оние кои немаат пристап до неа

март 23, 2021

Светскиот ден на водата – 22 март вчера беше симболично одбележан во нашата земја од страна на властите, а активностите за подигање на свеста за важноста на водата како природен ресурс повторно натежнаа кон невладините организации. Општ заклучок е дека свеста кај мнозинството граѓани за важноста на водата како јавно добро е на ниско ниво, […]

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради во јуни 2022 година

март 21, 2021

Со неколку месеци одложување во однос на првичниот рок, наместо на крајот од 2021 година, пречистителната станица за отпадни води во Скопје би почнала да се гради во јуни 2022 година. До тогаш треба да се заврши изборот на најповолен изведувач на работите и надзорна компанија, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и […]

ЈП Водовод и канализација – Скопје добитник на втора награда од ЕБОР за новата пречистителна станица

ноември 14, 2020

ЈП Водовод и канализација – Скопје е добитник на втората (сребрена) награда на Sustainability Awards 2020, за проектот „Пречистителна станица за отпадни води – Скопје. Изборот е во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која повеќе од 10 години ги доделува наградите за одржливост и ги признава достигнувањата во пет специфични категории: […]

Саниран дефектот поради кој половина Скопје остана без вода

октомври 20, 2020

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информира дека дефектот на булевар Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цевка од ф1400мм, е саниран а граѓаните имаат нормализирано водоснабдување. Од таму додаваат дека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, непрекинато работеле на отстранување на овој дефект и во рекордно време го отстраниле истиот. […]

За изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје се заинтересирани 12 компании

октомври 2, 2020

Рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје заврши вчера. Од ЈП „Водовод и канализација“, како инвеститор, велат дека биле поднесени 12 апликации од компании или конзорциуми заинтересирани за изградба на капиталниот објект вреден 136 милиони евра. „Горд сум што испишуваме […]

ЈП Водовод и канализација – Скопје и Водовод Будимпешта ќе соработуваат за намалување на загубите на вода

септември 20, 2020

Со грант од околу 122.000 евра добиен од Western Balkans Green Center (WBGC), ЈП Водовод и канализација – Скопје, во соработка со Водовод Будимпешта ќе го реализира проектот за „Намалување на ефектите од климатските промени, зголемување на ефикасноста на водоснабдувањето, употребата на енергија, планирање на реконструкции и обезбедување на непрекинато водоснабдување во определени зони во […]

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира да се чува канализацискиот систем и да не се фрла сешто во него

август 20, 2020

ЈП Водовод и канализација – Скопје упати апел до граѓаните да се однесуваат одговорно кон канализацискиот систем, и посочи на неговата функција во неколку сфери. „Одржувањето на системот за одведување на урбани отпадни води и третманот на отпадните води е од исклучително значење за заедницата, за санитарната и здравствена заштита, како и за заштита на […]

Водовод и канализација – Скопје започнува кампања за пријавување на дивите приклучоци на вода

јули 28, 2020

ЈП Водовод и канализација – Скопје започнува кампања со цел подигнување на јавната свест за заштита на водоснабдителниот и канализацискиот систем под мотото „Биди одговорен, однесувај се совесно“. За да се заштити системот за водоснабдување во Скопје, граѓаните кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, можат да пријават на телефонот 02 […]

Акција за исклучување диви приклучоци на вода во скопски Сарај, Глумово и Шишево

јули 5, 2020

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје со цел заштита на системот за водоснабдување спроведе акции за исклучување на диви приклучоци во скопските села Глумово, Шишево и Сарај. Против сите иматели на див приклучок на вода, поднесени се прекршочни пријави. „Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснадбување, член 23) и истите се утврдуваат […]

Реката Вардар е место за фрлање отпад и извор на болести, ќе успееме ли да го прочистиме до 2026 година? (видео)

јуни 15, 2020

Бактериолошки во највисока четврта категорија на загадување, додека хемиски може да се случи да биде меѓу четврта и петта категорија на загадување во зависност од годишното време и водостојот. Ова е тажниот резултат од испитувањето на квалитетот на водите на реката Вардар во Скопскиот регион, којшто со години наназад го добива доктор Љупчо Костадиновски, специјалист […]

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради на крајот на 2021 година

мај 12, 2020

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје е планирано да почне да се гради на крајот од 2021 година. За капиталниот објект што ќе биде лоциран во близина на селото Трубарево во следните два месеци треба да се објави постапка за предквалификација за избор на најдобар понудувач за изведување на градежните работи, а веќе е […]

Инвестирањето во намалување на загубите на води е до 40 пати поевтино од барањето нови извори (инфографик)

мај 5, 2020

Македонија е една од земјите во кои најголем потрошувач на водата за пиење се самите системи за снабдување со вода на општинските јавни претпријатија. Со дотраените цевки од кои протекува вода, неконтролирањето на дивите потрошувачи на вода, непоставените мерачи за потрошена вода и неутврдениот начин на контрола на питката вода што се троши за полевање […]

Загубите на вода во скопскиот водоводен систем лани биле минимално намалени (инфографик)

април 17, 2020

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од Скопје лани успеало само минимално да го намали годишниот процент на неприходувана вода. За една година, нефактурираната вода во скопскиот водоводен систем опаднала за само 0,55 отсто, и тоа од 62,93 отсто на 62,38 отсто. Генерално земено, екипите на ова јавно претпријатие успеале да ги намалат физичките губитоци на […]

Вода за пиење ќе имаме сѐ помалку ако не ги намалиме губитоците (инфографик)

април 16, 2020

Дури 93 отсто од македонските домаќинства имаат пристап до вода за пиење од водовод. Водата за пиење во нашата земја се смета за универзално загарантирано право кое треба да биде достапно за сите, по што е можно пониска цена. Граѓаните негодуваат пред секое зголемување на сметките за вода, исто како и во моментите кога мора […]

Низ старите цевки и со дивите приклучоци губиме една третина од водата за пиење во Скопје (инфографик)

март 5, 2020

Околу една третина од вкупните количества вода за пиење што во 2018 година влегле во цевките од скопскиот водоводен систем се фактурирани како губитоци на вода, покажува Годишниот извештај од работењето на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во водоводниот систем на главниот град исчезнале 34.158.252 метри кубни вода, што е повеќе од вкупните количества […]

Пречистителната станица за отпадни води за Скопје ќе почне да се гради в година

ноември 27, 2019

Владата на вчерашната седница го усвои и го проследи до Собранието законот со кој се обезбедуваат финансиски средства за изградба на Пречистителната станица за отпадни води во Скопје. За реализацијата на овој инфраструктурен зафат ќе се обезбедат 68 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ), 58 милиони евра од Европската банка за обнова и развој […]

Грчки медиуми „се запалија“ поради сонцето од Вергина, кое веќе го нема во ЈП „Водовод и канализација“

јули 15, 2019

Еден грчки медиум викендов излезе со обвинувања дека во канцеларијата на генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ сè уште стојат тепихот и слика на ѕидот на коишто се наоѓа сонцето од Вергина. Написот е придружен со фотографии коишто би требало да го докажат тоа – но станува збор за многу стари фотографии, […]

Страна 3 од 3