среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: ЈП Водовод и канализација – Скопје | 62 резултати

Скопјани може да добијат повисоки сметки за вода, одлуката зависи од градскиот совет

март 2, 2023

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука минималната цена на водата за пиење во Скопје да изнесува 31,53 денари за метар кубен, а максималната 34,82 денари, информираат од РКЕВУ. Овој предлог е доставен до ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, кој во рамките на минималната и максималната тарифа, треба да донесе своја одлука и […]

Скопски „Водовод“ есенва ќе нема акција за плаќање на заостанатите сметки без камата

декември 9, 2022

Скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ годинава нема да организира акција за граѓаните и компаниите за плаќање на заостанатите сметки на рати без камата. Вакви акции имало во минатите години, па така во есенскиот период во 2018 и во 2020 година била спроведена оваа можност за да се подмири под поволни услови заостанатиот долг од […]

Поништувањето на тендерот за пречистителната станица во Скопје ќе го загрози членството во ЕУ

ноември 30, 2022

„Да не сонуваме, нема членство на земјава во ЕУ ако не се изгради пречистителна станица за отпадни води во Скопје и во другите градови. Две и пол години се занимаваме со актуелниот тендер за изградба на скопската пречистителна станица, а ако тендерот на крај пропадне, ќе изгубиме уште три години на нов тендер. Времето на […]

Контраспин: Пресуда за тепачка од 1993 година не може да е основa за оставка

октомври 29, 2022

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, со пресуда од 1993 година за кривично дело со кое била нанесена тешка телесна повреда не може да бара основа за разрешување на актуелниот в.д. директор на Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, затоа што таа наводна пресуда и да постоела, одамна е избришана од казнената евиденција. Можеби има други […]

Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки

септември 28, 2022

Скопската градоначалничка Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки. Градот Скопје соопшти дека денеска се назначени нови в.д. директори на јавните претпријатија под капата на градската администрација, а чии директори си дадоа оставки во изминативе десетина дена. Како што стои во соопштението од Град Скопје, со ЈП Лајка […]

Финансиска полиција и ОЈО по допрен глас влегле во скопското ЈП „Водовод и канализација“

септември 16, 2022

Тимови на Финансиската полиција и Јавното обвинителство за организиран криминал од вчера, по допрен глас вчера влегле во ЈП Водовод и канализација, за да го проверат тендерот за Пречистителната станица. Оваа информација ја потврдија новиот директор на јавното претпијатие Марјанчо Митовски и градоначалничката Данела Арсовска. Митовски истакна дека постапката за прочистителната станица на никаков начин […]

Перински ја демантира Арсовска: ЕИБ потврдува дека секој чекор на Водовод и канализација е според правилата и процедурите

септември 15, 2022

Разрешениот директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински повикувајќи се на соопштение од Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја  демантира градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, велејќи дека секој чекор на претпријатието со кое раководеше е во согласност со правилата и процедурите. Тој на својот Фејсбук профил истакна мислење од ЕИБ дека за проектот за […]

Перински контра Арсовска за Пречистителната станица

септември 12, 2022

И Европската инвестициска банка е против барањето на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која побара да ги сменам членовите на Евалуциската комисија за тендерот за изградба на Пречистителната станица, соопшти разрешениот в.д директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински, откако денеска Град Скопје соопшти дека е тој разрешен. Образложението беше дека дошло до […]

Водовод и канализација денеска ги проверува шахтите и ја чисти атмосферската канализација

август 31, 2022

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје соопшти дека од утрово биле повторно на терен, вршат проверка и чистење на шахтите и сливниците, дел од атмосферската канализација по големото и силно невреме кое го зафати скопскиот регион вчера. Оттаму велат дека интервенирале на сите улици во градот и на критичните места: бул. Гоце Делчев кај […]

Рушиме рекорди, во летниот период потрошувачката на вода за пиење се зголемува за 15 отсто [инфографик]

јули 4, 2022

Општата хидролошка состојба во државата не е поволна, а тоа се одразува и на издашноста на изворот „Рашче“ од каде Скопје се снабдува со вода за пиење. Во моментов, двете каптажи на изворот „Рашче“ даваат околу 3.600 литри во секунда, информираат за Мета.мк од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“. И покрај намалената издашност поради […]

Над 60 отсто од фекалиите завршувааат непречистени во реките и езерата, се чекаат пречистителните станици [инфографик]

јуни 30, 2022

Количеството на отпадни води што ги создале македонските домаќинства и компании во 2021 година се зголемило, но и понатаму 62 отсто од создадените фекалии во земјава се вливаат како непречистени во реките, езерата и подземните води и го загадуваат водното богатство на земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), само 38 отсто од […]

Две години се одолговлекува изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, Вардар останува загаден

јуни 21, 2022

„Пречистителната станица за отпадни води за Скопје ќе почне да се гради в година“ е насловот на текстот на Мета.мк објавен на 27 ноември 2019 година во однос на изведбата на капиталниот проект што треба да го реши проблемот со загадувањето на водите на реката Вардар во главниот град. Од крајот на 2019 година до […]

Драчево и околните села од вчера се без вода за пиење поради пукната цевка

мај 20, 2022

Драчево, Усје, Батинци, Долно Лисиче, Студеничани и Моране од вчера се без вода за пиење поради пукната водоводна цевка на булеварот „Борис Трајковски“. Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје велат дека настанал дефект на цевка со профил Ф600, поради што дошло до прекин на водата за приградските населби од овој дел на Скопје. „При санацијата на […]

Загубите на вода за пиење во Скопје лани достигнале над 60 отсто [инфографик]

март 22, 2022

На 22 март се одбележува Светскиот ден на водите, на којшто меѓу другото, секое општество покажува колку ја вреднува и цени водата за пиење која како ограничен ресурс ја користи. Во Скопје, со години наназад процентот на неприходувана вода во водоводниот систем се движи околу 60 проценти, што е исклучително негативен процент во однос на […]

Ако не се реши проблемот со депонијата на „Југохром“, шестовалентниот хром може да е закана и за изворот Рашче

март 2, 2022

Шестовалентниот хром од депонијата на „Југохром“ во Јегуновце и бесконечното одложување на решението за овој проблем може да бидат закана и за изворот Рашче од кој со вода за пиење се снабдува речиси цело Скопје. Мешањето на подземните води, контаминирани со отпадот од депонијата и водите во Жеденскиот масив, со кои се напојува изворот на […]

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради годинава

март 1, 2022

Денеска во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, се отворија тендерските понуди за дизајн и изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Од 12 компании и конзорциуми што ги поднесоа своите апликации на меѓународниот тендер до октомври 2020 година, во втората фаза од тендерската постапка се квалификуваа две компании. Втората фаза […]

Во август ќе започне изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје [инфографик]

декември 11, 2021

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе започне да се гради догодина. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк информираат дека проектот се наоѓа во тендерска фаза. Капиталниот објект за главниот град ќе треба да се гради покрај реката Вардар во местото Трубарево, а за неговата изградба се обезбедени 136 милиони […]

Голем број населби во северниот дел на Скопје утре без вода

август 17, 2021

Голем број населби во северниот дел на Скопје утре ќе бидат без вода, поради интервенција за отстранување дефект, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Поради интервенција на затворач Ф500мм на крстосницата на ул.Цветан Димов и ул.Џон Кенеди, водата ќе биде сопрена утре во 8 часот. Поради тоа без вода, сè до успешното отстранување на […]

Скопскиот водоснабдувач апелира водата да се користи рационално и да се пријавуваат дивите приклучоци

јуни 23, 2021

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ упати апел до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. „Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви“, порачува скопскиот водоснабдувач. „Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од каде се најавуваат високите […]

Во завршна фаза проект за надминување на загуби на вода во ЈП Водовод и канализација – Скопје

јуни 11, 2021

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во насока на унапредување и подобрување на услугите за граѓаните, работните процеси како и системот во целост, во соработка со Водовод Будимпешта, и со грант од инструментот Western Balkans Green Center (WBGC), основан во Унгарија за поддршка на зелената транзиција во земјите од Западен Балкан, спроведе проект за намалување […]

Страна 2 од 3