четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ЈП Водовод и канализација – Скопје | 62 резултати

Започна операцијата на Водовод и канализација – голем дел од Скопје остана без вода

декември 21, 2024

Започна акцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за санирање на дефектот во Карпош 4 на улица „Никола Парапунов“ каде веќе 20-ина дена течат стотици кубни метри питка вода од доводот директно во канализација. Поради тоа, од Водовод и Градот Скопје морале да го сопрат едниот од двата главни градски вентили и најголемиот дел […]

Скопски „Водовод“: Поправката на дефектот се очекува да трае до 15 часа

декември 20, 2024

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје претпладнево го испрати првото соопштение со детали за најавената санација на дефектите во градскиот водовод. Од претпријатието велат дека во текот на утрешниот ден се предвидени активности за санација на „децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод“. Додаваат оти е изготвен оперативен план со кој се предвидува прецизна […]

Трговците со најголема корист од неизвесноста околу прекинот на водоснабдувањето во Скопје

декември 19, 2024

Во очекување на најавеното затворање на главниот довод на вода овој викенд, како и во недостиг на прецизни информации околу целиот случај, скопјани деновиве панично купуваат флаширана вода за пиење. Тоа се случува во услови кога точно две недели стотици метри кубни вода секојдневно се излеваат од дефектот на улица „Никола Парапунов“ во Карпош 4 […]

Молк во Град Скопје и „Водовод и канализација“ за исклучувањето на водата, во болниците ќе се оперираат само итните пациенти

декември 19, 2024

По најавите дека во сабота главниот град ќе остане без вода, надлежните во град Скопје, односно во јавното претпријатие „Водовод и канализација“, не одговараат на прашањата на Мета.мк кои многумина си ги поставуваат – колкав период ќе нема вода, како и кои точно интервенции ќе се прават во водоводната мрежа. Граѓаните во паника купуваат вода […]

Во сабота цело Скопје ќе остане без вода за да се санира дефектот во Карпош 4

декември 16, 2024

Дванаесетти ден по ред, во населбата Карпош 4 истекуваат стотици кубици питка вода поради дефект на улицата „Никола Парапунов“. Дефектот е на само неколку метри од објект токму на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. За да се санира, од претпријатието велат дека треба да се исклучи водата за целиот главен град и тоа […]

Шест дена „извира“ вода од пукната цевка на улица „Никола Парапунов“

декември 11, 2024

Поплавени улици и тротоари, поплавени зелени површини, смет кој плива во вода. Ваква е сликата веќе шест дена во скопската населба Карпош 4 на улицата „Никола Парапунов“, каде што се случил дефект со водоводните цевки. Среде улица „извира“ вода со денови, а местото е заградено и обележано за да внимаваат возачите кога минуваат низ овој […]

Дефект на водоводна цевка остави дел од Скопје без вода повеќе од 12 часа

септември 29, 2024

Повеќе од дванаесет часа граѓаните во скопските населби Водно, Црниче, Пржино и Козле (висока зона) се оставени без водоснабдување, по дефект на потисна цевка што ја снабдува пумпната станица Водно. Од јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје синоќа соопштија дека дефектот настанал во 22:30 часот на улицата Тодор Александров, поради што е прекинато водоснабдувањето во […]

Водовод: акција за отплатување долгови без камата до крајот на месецот

јули 22, 2024

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека до крајот на месецот јули ќе трае акција за отплата на долгови без пресметка на камата. Акцијата е во тек од 20 јуни и ќе заврши на 31 јули. „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за […]

Скопски „Водовод“ со апел водата во најтоплите денови да се користи внимателно

јули 12, 2024

Да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до граѓаните рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. „Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи […]

До 31 јули трае акцијата за отплата на заостанатите сметки за вода на рати, без камата

јули 1, 2024

Акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје. Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024. „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат […]

Комплексот кај Ректоратот на УКИМ утре без вода

февруари 27, 2024

Комплексот на општествени факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје утре од 9 часот наутро ќе остане без водоснабдување. За ова информираше Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје. Од таму велат дека причината за прекинот на водоснабдување е уличен дефект ф-150 мм на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на Правниот факултет […]

„Пиши – бриши“: Водовод и канализација сега тврди дека во Скопје утре ќе има вода

февруари 11, 2024

Откако во текот на вчерашниот ден, на профилот на Фејсбук на „Водовод и канализацијa“ беше соопштено дека речиси цело Скопје ќе остане без вода поради интервенција на главната водоводна цевка во Рашче, од претпријатието ја демантираа информацијата, со тврдење дека „неовластени лица објавувале и ширеле неточни и непроверени информации“. „За жал, на социјалните мрежи од […]

Утре од 17 часот речиси цело Скопје ќе остане без вода

февруари 10, 2024

Речиси сите скопски населби утре од 17 часот ќе се соочат со намален притисок или прекин на водоснабдувањето. Ваква информација соопшти денеска јавното претпријатие Водовод и канализација. Причина за прекинот на водоснабдувањето е интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче. Од ЈП Водовод и канализација велат дека засегнати ќе бидат следниве населени места: […]

Арсовска повторно смени директор, овојпат на ЈП Водовод и канализација

февруари 6, 2024

Во наредниот период ЈП Водовод и канализација реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието. Со вакво образложение градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска постави нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација. Арсовска го смени Драган Илиевски, кој пред да стане директор на ЈП Водовод и канализација беше на […]

Прекинат работниот однос на привремено вработени во „Водовод и канализација“

ноември 8, 2023

На седница на Управниот одбор на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, претседателот на Управниот одбор, Идриз Орана, со членовите од ВМРО-ДПМНЕ усвоија одлука, со која им се прекинува работниот однос на привремено вработените во претпријатието, соопштуваат оттаму. Како што е наведено во соопштението, потпишано од директорот Драган Илиевски, прекинати им се договорите на водоинсталатери, механичари, […]

УХМР најавува невреме за утре, црвено предупредување и во Србија

август 4, 2023

Силен дожд, ветер и грмежи низ земјава, особено во попладневните и вечерните часови, најави за утре Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од Управата информираат дека претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец, а попладне и во ноќните часови, почнувајќи од запад, облачноста ќе се зголемува. „Под влијание на атмосферски […]

Апсурд: Најголем дел од водата за пиење се губи пред да стигне до граѓаните [инфографик]

јуни 25, 2023

Наместо да ја користат граѓаните или компаниите, најголемото количество од водата за пиење во Македонија се губи во водоводните системи на јавните претпријатија. Загубите на вода за пиење во услови на непредвидливите климатски промени со кои се соочува земјава не се сфаќаат сериозно, што пак може во иднина да доведе до сериозни проблеми со водоснабдувањето […]

Молк од скопски „Водовод“ за загубите на вода за пиење кои достигнуваат 60 отсто

април 20, 2023

Нетранспарентен однос од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“, кое повеќе од еден месец не сака да одговори на прашањата на Мета.мк во однос на тоа што преземаат за да се намали постојниот процент на загуби на вода за пиење во скопскиот водоводен систем. Процентот на неприходувана вода за пиење за 2022 година во Скопје […]

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска го потпиша договорот за пречистителната станица за кој разреши директор

април 13, 2023

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави дека скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера го потпишала договорот за изградба на скопската пречистителна станица, поради кој претходно го разреши поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински. „Со ставањето на потпис на договорот за пречистителна станица, Данела Арсовска стави потпис на признанието дека лажела, манипулирала, лажно обвинувала […]

Има надеж за скопската пречистителна станица, министерката Шукова е оптимист

март 9, 2023

Новата министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска изјави дека досегашниот застој со изборот на изведувач на тендерот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е во насока на надминување, а во интерес на сите граѓани. „Мислам дека тој проект конечно се движи во добар правец, одредени документи кои […]

Страна 1 од 3