среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: ЈП Национални шуми | 20 резултати

Алармантна состојбата со пожарите: Сушата, ветерот и натпросечните температури се опасна комбинација

октомври 9, 2023

Нема ден да помине без информација за десетици пожари на отворено кои биле регистрирани од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на  ЦУК Стојанче Ангелов денеска упати апел до градоначалниците и граѓаните во земјава дека состојбата со пожарите на отворен простор е алармантна, а само во текот на вчерашниот ден имало 60 […]

Расте побарувачката за огревно дрво, интерес има и кај оние што се греат на струја

септември 19, 2022

Побарувачката на огревно дрво годинава е зголемена, но сепак во најголем процент потребите на консументите се задоволени. Ова е одговорот што го доби Мета.мк од ЈП „Национални шуми“ на нашето прашање за тоа колкав е интересот на македонските граѓани за огревно дрво пред претстојната грејна сезона. Согласно Програмата за работа на ЈП „Национални шуми“ за […]

Годинава намален бројот на шумски пожари и за десетици пати намалена опожарената површина

септември 11, 2022

По катастрофалните шумски пожари што ја зафатија лани земјава, годинава состојбата со превенирање на шумските пожари е драстично подобрена. Во првите шест месеци од 2022 година, во земјава се регистрирани 69 шумски пожари, при што опожарена била површина од 733,02 хектари, додека опожарената дрвна маса изнесувала 4.621 метри кубни, информираат за Мета.мк од ЈП Национални […]

Бесправната сеча на дрвјата цвета, дрвокрадците тешко стигнуваат до казни за кривичните дела [инфографик]

февруари 23, 2022

Живеат во една општина, но со дрвокрадство се занимаваат на територијата на друго населено место, оперираат во групи од 10 до 30 луѓе кои имаат ниски социјални стандарди, дејствуваат со возила „Лада Нива“ и камионети „ТАМ“, вооружени се и агресивни и добро организирани меѓу себе. Ова се најчестите карактеристики на дрвокрадците коишто ги пустошат шумите […]

Пожарите летово најголеми во изминатава деценија, проголтаа над 11.000 хектари шума [инфографик]

декември 24, 2021

Шумските пожари коишто изминатово лето ја зафатија Македонија се најголемите во изминатава деценија. За само четири месеци, во периодот од јуни до септември 2021 година, имало 142 шумски пожари во кои биле зафатени 11.420 хектари површина под шума, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Поради обемот на настанатата катастрофа, ДЗС заедно со ЈП […]

Догодина ќе се пошумуваат околу 500 хектари, за повеќе засадени дрвја требаат финансии

декември 16, 2021

Јавното претпријатие „Национални шуми“ догодина планира да пошуми површини на околу 500 хектари, при што планирано е да се засадат од 2.000 до 2.500 садници по хектар во земјава. Според податоците што ги добивме од ЈП „Национални шуми“, во изминативе 10 години во земјава се пошумувале од 400 до 600 хектари годишно од нивна страна. […]

Во странство потпишуваме договори, на терен уништувањето на шумите продолжува [инфографик]

ноември 11, 2021

Над 10.000 хектари шуми беа уништени од катастрофалните пожари што ја зафатија земјава во изминатава година. Ситуацијата беше крајно сериозна во текот на август, кога исклучително лошата комбинација на сушен период, продолжен топлотен бран со температури од 40 степени и силен ветар, предизвика опустошување на цели шуми во Малешевијата, ридовите околу Кочани и на други […]

Шумите ни страдаат оти ги чуваат многу малку луѓе со оскудна опрема

октомври 7, 2021

Да се инвестира во превенција од пожари и нелегална сеча на дрва, да се опремат противпожарните бригади со нови возила и повеќе човечки кадар, да се модернизираат шумската полиција и шумочуварите, а во системот на заштита на шумите да се внесат нови технологии. Тоа се главните заклучоци од јавната дискусија насловена „Справување со заканите против […]

ЈП „Национални шуми“ започна вонредна акција за пошумување по пожарите, Заев и Хоџа први засадија дрвца

октомври 3, 2021

По големите шумски пожари што ја зафатија земјава изминатото лето, ЈП „Национални шуми“ ја започна вонредната програма за санирање на штетите. Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулиана Николова, денеска учествуваа во засадувањето со садници. Претпријатието го чекаше почетокот на поволните временски […]

Во заштита на шумите за пет години сме инвестирале само 480.000 евра, не е чудо што ги снемува

септември 19, 2021

С.Македонија премалку инвестира во заштита на шумите, а краен резултат од ваквата негативна пракса е уништувањето на огромни пространства засадени под дрвја. Во изминативе пет години, трошоците и инвестициите за заштита на шумите во земјава изнесувале само 29.516.000 денари, односно скромни 480.000 евра. За разлика од ова, големите шумски пожари што ја зафатија нашата земја […]

Шумските пожари предизвикаа штети од 31,1 милион евра, за пошумување на уништеното ќе требаат две години

септември 4, 2021

Покрај тоа што се уништија едни од најубавите шумски предели во земјава и е предизвикана штета од околу 31,1 милиони евра, пожарите што годинава ја зафатија земјата предизвикаа катастрофа на шумскиот фонд, при што само за пошумување на уништените површини ќе требаат барем две години, велат за „Мета.мк“ од ЈП Национални шуми. Заклучно со 15 […]

Пожарите досега проголтаа 8.803 хектари шумска површина во земјава

август 25, 2021

Извештајот на Јавното претпријатие Национални шуми за штетите од овогодинешните пожари во земјава, заклучно со 15 август, покажува дека со пожарите била зафатена површина од 9.907 хектари, од кои 8.803 хектари отпаѓаат на површини со шуми или завршиле во шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса, информираат од владината прес-служба. Владата на вчерашната […]

Ублажена забраната за движење в шума – од денеска се бара специјална дозвола

август 19, 2021

Поради намалениот број на пожари и врнежите од пред неколку дена кои ја подобрија состојбата, ЈП „Национални шуми“ ја ублажува мерката за забрана за движење во шумите. Од денеска правните и физички лица ќе може да се движат во природа со однапред добиена дозвола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на […]

Ќе требаат и до 50 години за да се обноват шумите што изгореа

август 10, 2021

Од две до пет децении се потребни за да се обноват уништените шуми и екосистеми кои настрадаа во пожарите. Штетата од беснеењето на пламените јазици на повеќе локации низ земјата од многу аспекти е немерлива. Значењето на шумите, во услови кога се справуваме со климатските промени и сите последици од нив за човекот, живиот свет […]

Од утре од 6 до 20 часот забрана за движење во шумите поради опасност од пожари

јули 1, 2021

Јавното претпријатие „Национални шуми”, поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, како последица од зголемените температури, воведува делумна забрана за движење во шумите и по шумското земјиште со кои стопанисува, низ целата територија на државава. По претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП „Национални шуми“ објави дека, […]

На Лешница природата страда, граѓаните и планинарите протестираат, ама малите ХЕЦ се градат

октомври 22, 2019

Лешница, алпската долина во срцето на шарскиот масив, заштитена со највисоките врвови на Шар планина – Титов врв, Бакрдан, Среден камен, Плат, досега посетувана најчесто од планинари, ловџии и љубители на природата, чиј заштитен знак се столетните елови и букови шуми, а низ неа тече и река Пена, како и Лешничка и Кривошиска река. Оваа […]

Страна 1 од 1