недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Украина | 1.052 резултати

Во Донецк загинале 40 украински војници за 24 часа

јануари 20, 2015

Во борбите во Донецк, во изминатите 24 часа, загинале 40 припадници на украинските безбедносни сили. Според медиумите, загинале пет бунтовници, додека меѓу цивилите животот го загубиле пет лица, а 26 биле ранети. Гранатирањето на градскиот реон и понатаму продолжува со несмалено темпо.

Урната контролната кула на аеродромот во Донецк

јануари 14, 2015

Проруските сили вчера ја урнаа контролната кула на аеродромот во Донецк, центарот на деветмесечниот вооружен конфликт меѓу Украина и сепаратистите, пренесуваат британските медиуми. Според украинските сили, кои го контролираат аеродромот, зградата била изложена на тежок артилериски оган од проруските сили. Бранителите на аеродромот наведуваат дека проруските сили вчера им дале ултиматум да ја напуштат кулата […]

Украина: 10 загинати при гранатирање на автобус

јануари 13, 2015

Десет лица загинаа, а 13 се повредени откако артилериска граната погоди патнички автобус на контролен пункт во источниот украински град Волноваха, кој е под контрола на владините сили. Како што соопшти армискиот портпарол, автобусот превезувал цивили од градот Мариупол.

ОН: Повеќе од 4.800 лица загинале во Украина од почетокот на конфликтот

јануари 12, 2015

Вкупно 4.808 лица досега загинаа од почетокот на конфликтот во Украина, соопшти Управата на ОН за координација на хуманитарните прашања. На листата на загинати се наоѓаат и 298 патници и членови на екипажот на соборениот авион на „Малезија ерлајнс“. Според податоците на ОН, од април минатата година, кога почна конфликтот, па сè до 6 јануари […]

Москва ќе побара Киев предвреме да го врати долгот од три милијарди долари

јануари 10, 2015

Официјална Москва размислува да побара од Украина предвреме да го врати долгот бидејќи властите во Киев не испочитувале низа услови за добивање кредит од Русија во износ од три милијарди долари, јавуваат извори од руската влада. Според истиот извор, актуелната економска и финансиска ситуација во Украина укажува дека низа параметри кои биле услов за добивање […]

Европската комисија најави уште 1,8 милијарда евра помош за Украина

јануари 8, 2015

Европската комисија (ЕК) е подготвена да издвои дополнителни 1,8 милијарда евра помош за Украина, изјавил претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. „Солидарноста со Украина не е обична приказна. Укранина не е сама. Европа стои цврсто обединета зад Украина и ја подржува реформската програма на нејзината влада. Нашите постапки зборуваат погласно од нашите зборови“, истакнал […]

Украина: Привремениот воен данок останува на сила

јануари 2, 2015

Украинскиот парламент го продолжи времетраењето на законот за собирање воен данок, кој ќе биде на сила до завршувањето на реформите на армијата. Воениот данок од 1,5 отсто беше воведен минатата година во јули, а беше предвидено да остане на сила до 1 јануари годинава.

Средбата во Минск без напредок за решавање на кризата во Источна Украина

декември 25, 2014

Контакт-групата за решавање на украинската криза вчеравечер во главниот град на Белорусија, Минск, не постигна напредок, а засега нема информации кога ќе се одржи следна рунда преговори. Состанокот се одржа зад затворени врати, а учесниците по петчасовната средба одбија да дадат каков било коментар. На средбата било разговарано за мерките за обезбедување стабилен прекин на огнот […]

Киев: Граната фрлена врз украински пратеници

декември 25, 2014

Неидентификувано лице фрли граната врз група пратеници на Врховната рада во центарот на Киев, соопшти денеска украинскaтa полицијата. „Млад човек, чиј идентитет не е утврден, фрлил експлозивна направа врз пратениците“, се вели во соопштението на полицијата. Нема повредени во нападот, а за време на потерата, напаѓачот, исто така, фрлил рачна граната и врз полицијата, притоа […]

Украина размислува за рестрикции на струја

декември 24, 2014

Украина ќе биде принудена да спроведе дополнителна рестрикција на струја, ако температурата многу опадне, соопшти премиерот Арсениј Јацењук. Украина до неодамна имаше доволно електрична енергија за своите потреби, но повеќемесечните борби со проруските сепаратисти го нарушија снабдувањето на термоелектраните со јаглен, кои обезбедуваат 40 отсто од украинските потреби за електрична енергија. Украинското министерство за енергетика веќе […]

„Нафтогас“ ѝ исплати 1,65 милијарда долари на „Газпром“ од заостанатиот долг

декември 24, 2014

Украинската компанија „Нафтогас“ соопшти дека на руски „Газпром“ му префрлила 1,65 милијарда долари од заостанатиот долг за испораката на гас во последните два месеци на 2013 година, како и за гасот испорачан во периодот од април до јуни 2014 година. „Нафтогас“ досега, во согласност со договорот од Брисел, во две транши исплати 3,1 милијарди долари од заостанатиот […]

Украина со закон ја укина воената неутралност

декември 23, 2014

Врховната рада на Украина денеска со 303 гласови „за“ и со осум гласови „против“, го усвои законот со кој се укинува воената неутралност на земјата. Како што јавуваат украинските медиуми, со усвојувањето на законот се поттикнуваат напорите за приближување и за приклучување кон НАТО. Официјален Киев во 2010 година го усвои законот за воена неутралност, […]

Украина доби кредит од 378 милиони долари од Светска банка

декември 23, 2014

Кредит во вредност од 378,4 милиони долари, одборот на директори на Светска банка ѝ додели на Украина. Средствата ќе бидат искористени за зголемување на безбедноста на електродистрибутивниот систем и за модернизирање на пазарот на електрична енергија.  

Сорос и Строс-Кан главни кандидати за директор на Националната банка на Украина

декември 19, 2014

Познатиот американски милијардер Џорџ Сорос би можел да се најде на чело на Националната банка на Украина, јавува украинската телевизија „Канал 112“, повикувајќи се на извори блиски до претседателот Петро Порошенко и на извори од Врховната рада. Поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доменик Строс-Кан, исто така, е еден од кандидатите за челната позиција на […]

Порошенко: Прекинот на огнот се одржува, а преговорите се одложени

декември 9, 2014

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека се одржува прекинот на огнот долж линијата на фронтот на истокот на Украина, додека планираните преговори меѓу Киев и проруските сили се одложени. – Денеска, пред час и половина, прогласивме нов прекин на огнот. Не истрелавме ниту еден куршум и ниту еден војник не загинал – рече Порошенко. Претседателот на Украина […]

Почна примирјето во Источна Украина

декември 9, 2014

Примирјето договорено меѓу владините сили и бунтовниците во Источна Украина денеска стапува на сила. Примирјето почна во 9 часот, на 9 декември, соопшти набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Порошенко најави нови преговори во Минск

декември 6, 2014

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска најави нови преговори со проруските сили за вторник, додавајќи дека неговиот пратеник ќе присуствува на оваа клучна рунда од мировните преговори во главниот град на Белорусија, Минск. Порошенко прецизираше дека е постигнат „прелиминарен договор“ за состанокот, кој треба да се одржи во вторник и на кој ќе учествуваат и претставниците […]

(ВИДЕО) Тепачка во укаринскиот парламент

декември 5, 2014

Во украинскиот новоизбран парламент, настана тепачка меѓу дваесетина пратеници поради политички несогласувања. Решавањето на спорот со тупаници се случил вчеравечер поради прераспроредување на претседавањето во законодавните одбори меѓу фракциите во парламентот на Украина. – Не, не, не, застанете, застанете! Престанете, почитувани колеги, престанете и ве молам да се вратите на вашите места – повторувал претседателот на […]

Дефектот во украинската нуклеарна централа не е закана за регионот

декември 3, 2014

Украинските власти синоќа соопштија дека минатата недела се случил инцидент во нуклеарната централа „Запорижја“, на југоистокот на земјата, но дека тоа не претставува никаква закана за емисија на радиоактивни материи, како ни за сигурноста на регионот. – Не постои никаква опасност. Инцидентот се случил во третиот реактор на нуклеарната централа „Запорижја“, во системот за излез […]

Договорен прекин на огнот во Украина

декември 2, 2014

Целосен прекин на огнот на линијата на контакт од 5 декември и повлекување на тешкото вооружување од 6 декември, договорија претставници на украинската армија и на самопрогласената Луганска народна република, соопштија од ОБСЕ. Преговорите од украинска страна ги предводеше генерал полковник Аскаров, а освен претставници на Луганска народна република, во нив учествуваше и рускиот претставник во […]

Страна 51 од 53