четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Украина | 1.052 резултати

Обама: Санкциите против Русија треба да останат на сила

февруари 9, 2015

Претседателот на САД, Барак Обама, денеска изјави дека со германската канцеларка Ангела Меркел се сложиле санкциите против Русија да останат на сила, нагласувајќи дека ако Русија продолжи со досегашниот курс, изолацијата против неа ќе биде зајакната. Обама на заедничка прес-конференција со Меркел рече дека руската агресија само го зајакнала меѓународното единство во обидот да се […]

Киев: 1.500 руски војници и конвој воена опрема ја минаа границата

февруари 9, 2015

Најмалку 1.500 руски војници и конвој воена опрема во текот на викендов влегоа во Украина, соопшти денеска украинска војска. Портпаролот на украинската војска, Андреј Лисенско, на новинарите им соопшти дека 1.500 руски војници и 300 парчиња воена опрема, вклучувајќи и ракетен систем „град“, ја минале украинско-руската граница на 7 и на 8 февруари. Околу 170 […]

Се подготвува нов мировен план за Украина

февруари 9, 2015

Француските и германските дипломати активно подготвуваат самит во Минск со претседателите на Русија и на Украина, со надеж дека ќе се стави крај на крвавиот конфликт во Источна Украина. Дипломатите од Франција, Германија, Украина и од Русија денеска во Берлин работат на мировен план, кој е претставен како последна шанса за Украина, пред самитот в […]

Телефонски состанок за состојбата во Украина

февруари 8, 2015

Tелефонски состанок, на кој повторно ќе се обидат да најдат решение за кризата во Украина, за денеска договорија украинскиот претседател Петро Порошенко, рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд. Франко-германскиот план предвидува повеќе автономија за источните региони на Украина. Тој предвидува демилитаризирана зона од 50 до 70 километри во ширината […]

Меркел и Оланд во Москва без големи очекувања

февруари 6, 2015

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел пред да отпатуваат за Москва изјавија дека целта на нивната мисија е постигнување глобален договор за ставање крај на насилството во Украина, со тоа што примирјето е само прв чекор. Сепак, Меркел истакна дека не е извесно дали ќе се постигне напредок. Сите знаат дека првиот […]

Меккејн: САД се виновни што Украина користи касетни бомби

февруари 6, 2015

САД се виновни што Украина користи касетни бомби, оцени претседавачот на американскиот сенатски одбор за вооружени сили, Џон Меккејн, додавајќи дека причина за тоа е што украинската армија „не е снабдена со различни видови вооружување“. Според Меккејн, доколку Украина поседува соодветно оружје, нема да користи касетни бомби. Меѓународната организација „Хјуман рајтс воч“ потврди дека во […]

Меркел и Оланд патуваат за Киев, за утре планирана средба со Путин

февруари 5, 2015

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Франсоа Оланд, денеска ќе отпатуваат во Киев, во рамки на напорите за пронаоѓање мирно решение по интензивирањето на насилството на истокот на Украина, а за утре е планирана средба со рускиот претседател, Владимир Путин, во Москва, јавуваат светските медиуми. Главниот политички советник на Путин, Јури Ушаков, рекол дека […]

Прв воздушен напад на проруските бунтовници

февруари 5, 2015

Руските медиуми денеска соопштија дека сепаратистичките борци на истокот на Украина го извеле првиот воздушен напад над украинските сили и тоа со авион што го заробиле минатото лето. Како што јавува РТС, повикувајќи се на порталот „Јанес“, проруските претставници во Луганск тврдат дека нивниот борбен авион нападнал конвој на украинската војска, кој превезувал украински трупи во […]

Бајден: Нема воено решение за кризата во Украина

февруари 5, 2015

Американскиот потпретседател, Џо Бајден, изјави дека „нема воено решение за кризата во Украина“. Ваквата изјава доаѓа во момент кога официјален Киев се надева на испорака на помош во оружје од САД. – Од почетокот говориме дека не постои воено решение за оваа криза – рече Бајден за денешното издание на весникот „Зидојче цајтунг“. Бајден вели […]

Украина: Стотици демонстранти се обидоа да упаднат во канцеларијата на претседателот

февруари 3, 2015

Околу стотина демонстранти се обидоа да упаднат во канцеларијата на украинскиот претседател, но обезбедувањето на зградата го спречи обидот, јавува руската телевизија „Раша тудеј“, наведувајќи дека протестот прераснал во судири на улиците. Сè уште трае конфликтот меѓу националната гарда и демонстрантите, кои се обидоа да влезат во конференциската сала за да дадат телевизиска изјава. Претходно, демонстрантите успеаја […]

„Гардијан“: Путин е како Милошевиќ, а Украина како Босна

февруари 2, 2015

Колумнист на „Гардијан“, Тимоти Гартон, направи паралела меѓу актуелните случувања во Украина и агресијата врз БИХ, која почна во 1992 година. „Владимир Путин е Слободан Милошевиќ. Тој, како и некогашниот Советски Сојуз е подеднакво грозен, но многу помоќен. Како и Милошевиќ, Путин во Украина е спремен да ги искористи сите средства кои му се на […]

Обама ја разгледува можноста за испраќање оружје на Украина

февруари 2, 2015

САД ја обвинија Русија дека води војна во Украина, но досега ја исклучуваа можноста за испраќање оружје на властите во Киев. Воената команда на НАТО и претставниците на американската администрација планираат да го поддржат испраќањето одбранбено оружје на украинските сили, кои се борат со проруските сепаратисти на истокот на Украина, објави вчера „Њујорк тајмс“. Претседателот […]

ММФ останува во Украина

јануари 29, 2015

Делегацијата на меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го продолжува својот престој во Украина, иако според првичниот план таа денеска требаше да ја напушти земјата, изјавил претставник на централната банка на Украина, пренесуваат светските агенции. Претставниците на ММФ се во преговори со украинските власти за давање дополнителна финансиска помош на Украина откако минатата недела оттаму порачаа дека […]

Крваво деноноќие во Источна Украина

јануари 28, 2015

Најмалку 16 лица загинаа, а 114 се ранети во последните 24 часа во нападите на украинските сили на градовите во самопрогласената народна република Луганска. Како што соопштија од луганското министерството за здравство, 13 цивили се убиени во Стаканов, две лица загинаа во Красњи Лич и едно лице во Луганск. Од министерството соопштуваат дека голем е […]

Седум загинати во новите судири во Украина

јануари 26, 2015

Најмалку седум украински војници загинаа во новите судири кои во последните 24 часа избија на истокот на Украина, соопшти украинската војска. – Како резултат на гранатирања, Украина изгуби седум војници, а 24 се ранети – соопшти портпаролот на украинската војска, Владислав Селезњов. Министерството за одбрана на самопрогласената република Донецка денеска обвини дека украинските безбедносни сили ги користат […]

Чомски: Судбината на Балканот зависи од Русија и од Западот

јануари 22, 2015

Светскиот антиглобалист Ноам Чомски оцени дека судбината на балканските земји зависи од исходот од конфликтот меѓу Русија и Западот, како и од опстанокот на Европска Унија. Чомски, во интервјуто за неделникот „НИН“, вели дека не знае дали Балканот ќе влезе во Европска Унија, пред сè, затоа што не знае дали таа ќе опстане. Тој наведува дека двете страни […]

Донецк: Украинската војска се повлече од аеродромот

јануари 22, 2015

Украинската војска се повлече од новиот аеродромски терминал во Донецк, на истокот на Украина, по неколкумесечни борби со проруските сили, соопшти војската. – Вчера е одлучено да се напушти територијата на терминалот поради прегрупирање – рече портпаролот на војската, Владислав Селезњов, додавајќи дека во судирите на аеродромот се убиени 10, а ранети 16 украински војници. Борбата за […]

Могерини: Украина мора да се зачува

јануари 21, 2015

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европска Унија, Федерика Могерини, за време на посетата на САД истакна дека особено е важно Украина да не „пропадне“, но и оти треба да се оживеат преговорите со Русија. Според Могерини, „пропаѓањето“ на Украина би претставувало победа за Русија затоа што со тоа ќе се потврдат ставовите на […]

Повеќе од 800.000 Украинци пребегале во Русија

јануари 20, 2015

Повеќе од 800.000 луѓе од почетокот на конфликтот во Југоисточна Украина ги напуштиле своите домови и побарале прибежиште во Русија, соопшти руската Федерална миграциска служба (ФМС). Според податоците на руските служби, секојдневно во Русија влегуваат по 1.200 жители од Југоисточна Украина.

Четириесет украински војници загинаа во Донецк

јануари 20, 2015

Најмалку 40 украински војници загинаа во последното деноноќие во борбите во Донецк, соопштија властите на самопрогласената Донецка народна република. Како што јавуваат руските медиуми, пет бунтовници и пет цивили се убиени за време на судирите, а 26 се ранети.

Страна 50 од 53