Таг: Украина

таг: Украина

Европската комисија најави уште 1,8 милијарда евра помош за Украина

Европската комисија (ЕК) е подготвена да издвои дополнителни 1,8 милијарда евра помош за Украина, изјавил претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. „Солидарноста со Украина не е обична приказна. Укранина не е сама. Европа стои цврсто обединета зад Украина и ја подржува реформската програма на нејзината влада. Нашите постапки зборуваат погласно од нашите зборови“, истакнал Јункер во соопштението објавено во...

Украина: Привремениот воен данок останува на сила

Украинскиот парламент го продолжи времетраењето на законот за собирање воен данок, кој ќе биде на сила до завршувањето на реформите на армијата. Воениот данок од 1,5 отсто беше воведен минатата година во јули, а беше предвидено да остане на сила до 1 јануари годинава.

Средбата во Минск без напредок за решавање на кризата во Источна Украина

Контакт-групата за решавање на украинската криза вчеравечер во главниот град на Белорусија, Минск, не постигна напредок, а засега нема информации кога ќе се одржи следна рунда преговори. Состанокот се одржа зад затворени врати, а учесниците по петчасовната средба одбија да дадат каков било коментар. На средбата било разговарано за мерките за обезбедување стабилен прекин на огнот во Источна Украина, за повлекување на...

Киев: Граната фрлена врз украински пратеници

Неидентификувано лице фрли граната врз група пратеници на Врховната рада во центарот на Киев, соопшти денеска украинскaтa полицијата. „Млад човек, чиј идентитет не е утврден, фрлил експлозивна направа врз пратениците“, се вели во соопштението на полицијата. Нема повредени во нападот, а за време на потерата, напаѓачот, исто така, фрлил рачна граната и врз полицијата, притоа повредувајќи едно лице. Во градот Харков, синоќа...

Украина размислува за рестрикции на струја

Украина ќе биде принудена да спроведе дополнителна рестрикција на струја, ако температурата многу опадне, соопшти премиерот Арсениј Јацењук. Украина до неодамна имаше доволно електрична енергија за своите потреби, но повеќемесечните борби со проруските сепаратисти го нарушија снабдувањето на термоелектраните со јаглен, кои обезбедуваат 40 отсто од украинските потреби за електрична енергија. Украинското министерство за енергетика веќе привремено го запре снабдувањето со електрична енергија...

„Нафтогас“ ѝ исплати 1,65 милијарда долари на „Газпром“ од заостанатиот долг

Украинската компанија „Нафтогас“ соопшти дека на руски „Газпром“ му префрлила 1,65 милијарда долари од заостанатиот долг за испораката на гас во последните два месеци на 2013 година, како и за гасот испорачан во периодот од април до јуни 2014 година. „Нафтогас“ досега, во согласност со договорот од Брисел, во две транши исплати 3,1 милијарди долари од заостанатиот долг. „Газпром“ и „Нафтогас“, во октомври...

Украина со закон ја укина воената неутралност

Врховната рада на Украина денеска со 303 гласови „за“ и со осум гласови „против“, го усвои законот со кој се укинува воената неутралност на земјата. Како што јавуваат украинските медиуми, со усвојувањето на законот се поттикнуваат напорите за приближување и за приклучување кон НАТО. Официјален Киев во 2010 година го усвои законот за воена неутралност, но сега со неговото укинување се...

Украина доби кредит од 378 милиони долари од Светска банка

Кредит во вредност од 378,4 милиони долари, одборот на директори на Светска банка ѝ додели на Украина. Средствата ќе бидат искористени за зголемување на безбедноста на електродистрибутивниот систем и за модернизирање на пазарот на електрична енергија.  

Сорос и Строс-Кан главни кандидати за директор на Националната банка на Украина

Познатиот американски милијардер Џорџ Сорос би можел да се најде на чело на Националната банка на Украина, јавува украинската телевизија „Канал 112“, повикувајќи се на извори блиски до претседателот Петро Порошенко и на извори од Врховната рада. Поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доменик Строс-Кан, исто така, е еден од кандидатите за челната позиција на Националната банка на Украина. Телевизијата јавува...

Порошенко: Прекинот на огнот се одржува, а преговорите се одложени

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека се одржува прекинот на огнот долж линијата на фронтот на истокот на Украина, додека планираните преговори меѓу Киев и проруските сили се одложени. - Денеска, пред час и половина, прогласивме нов прекин на огнот. Не истрелавме ниту еден куршум и ниту еден војник не загинал - рече Порошенко. Претседателот на Украина изјави дека неговата земја е подготвена...

Почна примирјето во Источна Украина

Примирјето договорено меѓу владините сили и бунтовниците во Источна Украина денеска стапува на сила. Примирјето почна во 9 часот, на 9 декември, соопшти набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Порошенко најави нови преговори во Минск

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска најави нови преговори со проруските сили за вторник, додавајќи дека неговиот пратеник ќе присуствува на оваа клучна рунда од мировните преговори во главниот град на Белорусија, Минск. Порошенко прецизираше дека е постигнат „прелиминарен договор“ за состанокот, кој треба да се одржи во вторник и на кој ќе учествуваат и претставниците на Москва и на ОБСЕ. Украина...

(ВИДЕО) Тепачка во укаринскиот парламент

Во украинскиот новоизбран парламент, настана тепачка меѓу дваесетина пратеници поради политички несогласувања. Решавањето на спорот со тупаници се случил вчеравечер поради прераспроредување на претседавањето во законодавните одбори меѓу фракциите во парламентот на Украина. - Не, не, не, застанете, застанете! Престанете, почитувани колеги, престанете и ве молам да се вратите на вашите места - повторувал претседателот на парламентот, Владимир Гросман, близок соработник...

Дефектот во украинската нуклеарна централа не е закана за регионот

Украинските власти синоќа соопштија дека минатата недела се случил инцидент во нуклеарната централа „Запорижја“, на југоистокот на земјата, но дека тоа не претставува никаква закана за емисија на радиоактивни материи, како ни за сигурноста на регионот. - Не постои никаква опасност. Инцидентот се случил во третиот реактор на нуклеарната централа „Запорижја“, во системот за излез на електрична енергија, но не...

Договорен прекин на огнот во Украина

Целосен прекин на огнот на линијата на контакт од 5 декември и повлекување на тешкото вооружување од 6 декември, договорија претставници на украинската армија и на самопрогласената Луганска народна република, соопштија од ОБСЕ. Преговорите од украинска страна ги предводеше генерал полковник Аскаров, а освен претставници на Луганска народна република, во нив учествуваше и рускиот претставник во Југоисточна Украина, генерал полковник Ленцов. Претставници...

Путин пристигна во Турција

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Турција. Тој, со својот колега Реџеп Таип Ердоган, ќе разговара за конфликтот во Сирија и во Украина. Исто така, се очекува Путин и Ердоган да разговараат и за енергетската соработка. Анкара бара намалување на цените и испорака на поголеми количества гас од Русија.

ОБСЕ: Ситуацијата во Источна Украина може да премине во „замрзнат конфликт“

Постои опасност од хуманитарна катастрофа и ситуацијата во Источна Украина да премине во „замрзнат конфликт“, предупреди претседателот на Постојаниот совет на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), Томас Гремингер. Според него, очигледно е дека муниција и други воени материјали се доставуваат во Источна Украина, бидејќи на друг начин сепаратистите не би можеле да водат повеќемесечни жестоки артилериски борби.

Хакери открија што сè САД ѝ испраќа на украинската војска

САД ќе ѝ дадат на украинската амија три контрабатериски радари во вредност од стотина илјади долари, но тоа е ситница во однос на тоа што Американците веќе испраќаат или допрва ќе им пратат на Украинците, тврди хакерската група „Киберберкут“ на својата интернет-страница. Според „Киберберкут“, САД сериозно ја снабдува украинската војска. Тие тврдат дека поседуваат тајни документи од Стејт департментот, кои се...

Шефот на германската дипломатија е против влезот на Украина во НАТО

Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер, е против влезот на Украина во НАТО. Во разговорот за германскиот весник „Шпигел“, Штајнмајер вели дека е „можно НАТО да има партнерски однос со Украина, но не врз база на членство“. Штајнмајер, исто така, не е реално да се очекува оти Украина во блиска иднина ќе се приклучи кон Европска Унија. Според, шефот на...

ОН: Околу 1.000 лица загинаа за време на примирјето во Украина

Речиси 1.000 лица се убиени во Украина од потпишувањето на примирјето меѓу Киев и проруските активисти, а бројот на раселените е речиси двојно поголем, соопштија Обединетите нации. Во просек, од 5 септември, откога примирјето стапи на сила, во текот на осумте недели, по 13 лица гинат на ден. До 18 ноември загинале вкупно 957 лица. Бројот на раселените, заклучно со вчерашниот ден,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...