Таг: Украина
таг: Украина
Сорос и Строс-Кан главни кандидати за директор на Националната банка на Украина
Познатиот американски милијардер Џорџ Сорос би можел да се најде на чело на Националната банка на Украина, јавува украинската телевизија „Канал 112“, повикувајќи се на извори блиски до претседателот Петро Порошенко и на извори од Врховната рада.
Поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доменик Строс-Кан, исто така, е еден од кандидатите за челната позиција на Националната банка на Украина.
Телевизијата јавува...
Порошенко: Прекинот на огнот се одржува, а преговорите се одложени
Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека се одржува прекинот на огнот долж линијата на фронтот на истокот на Украина, додека планираните преговори меѓу Киев и проруските сили се одложени.
- Денеска, пред час и половина, прогласивме нов прекин на огнот. Не истрелавме ниту еден куршум и ниту еден војник не загинал - рече Порошенко.
Претседателот на Украина изјави дека неговата земја е подготвена...
Почна примирјето во Источна Украина
Примирјето договорено меѓу владините сили и бунтовниците во Источна Украина денеска стапува на сила.
Примирјето почна во 9 часот, на 9 декември, соопшти набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Порошенко најави нови преговори во Минск
Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска најави нови преговори со проруските сили за вторник, додавајќи дека неговиот пратеник ќе присуствува на оваа клучна рунда од мировните преговори во главниот град на Белорусија, Минск.
Порошенко прецизираше дека е постигнат „прелиминарен договор“ за состанокот, кој треба да се одржи во вторник и на кој ќе учествуваат и претставниците на Москва и на ОБСЕ.
Украина...
(ВИДЕО) Тепачка во укаринскиот парламент
Во украинскиот новоизбран парламент, настана тепачка меѓу дваесетина пратеници поради политички несогласувања. Решавањето на спорот со тупаници се случил вчеравечер поради прераспроредување на претседавањето во законодавните одбори меѓу фракциите во парламентот на Украина.
- Не, не, не, застанете, застанете! Престанете, почитувани колеги, престанете и ве молам да се вратите на вашите места - повторувал претседателот на парламентот, Владимир Гросман, близок соработник...
Дефектот во украинската нуклеарна централа не е закана за регионот
Украинските власти синоќа соопштија дека минатата недела се случил инцидент во нуклеарната централа „Запорижја“, на југоистокот на земјата, но дека тоа не претставува никаква закана за емисија на радиоактивни материи, како ни за сигурноста на регионот.
- Не постои никаква опасност. Инцидентот се случил во третиот реактор на нуклеарната централа „Запорижја“, во системот за излез на електрична енергија, но не...
Договорен прекин на огнот во Украина
Целосен прекин на огнот на линијата на контакт од 5 декември и повлекување на тешкото вооружување од 6 декември, договорија претставници на украинската армија и на самопрогласената Луганска народна република, соопштија од ОБСЕ.
Преговорите од украинска страна ги предводеше генерал полковник Аскаров, а освен претставници на Луганска народна република, во нив учествуваше и рускиот претставник во Југоисточна Украина, генерал полковник Ленцов.
Претставници...
Путин пристигна во Турција
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Турција. Тој, со својот колега Реџеп Таип Ердоган, ќе разговара за конфликтот во Сирија и во Украина.
Исто така, се очекува Путин и Ердоган да разговараат и за енергетската соработка. Анкара бара намалување на цените и испорака на поголеми количества гас од Русија.
ОБСЕ: Ситуацијата во Источна Украина може да премине во „замрзнат конфликт“
Постои опасност од хуманитарна катастрофа и ситуацијата во Источна Украина да премине во „замрзнат конфликт“, предупреди претседателот на Постојаниот совет на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), Томас Гремингер.
Според него, очигледно е дека муниција и други воени материјали се доставуваат во Источна Украина, бидејќи на друг начин сепаратистите не би можеле да водат повеќемесечни жестоки артилериски борби.
Хакери открија што сè САД ѝ испраќа на украинската војска
САД ќе ѝ дадат на украинската амија три контрабатериски радари во вредност од стотина илјади долари, но тоа е ситница во однос на тоа што Американците веќе испраќаат или допрва ќе им пратат на Украинците, тврди хакерската група „Киберберкут“ на својата интернет-страница.
Според „Киберберкут“, САД сериозно ја снабдува украинската војска. Тие тврдат дека поседуваат тајни документи од Стејт департментот, кои се...
Шефот на германската дипломатија е против влезот на Украина во НАТО
Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер, е против влезот на Украина во НАТО.
Во разговорот за германскиот весник „Шпигел“, Штајнмајер вели дека е „можно НАТО да има партнерски однос со Украина, но не врз база на членство“.
Штајнмајер, исто така, не е реално да се очекува оти Украина во блиска иднина ќе се приклучи кон Европска Унија. Според, шефот на...
ОН: Околу 1.000 лица загинаа за време на примирјето во Украина
Речиси 1.000 лица се убиени во Украина од потпишувањето на примирјето меѓу Киев и проруските активисти, а бројот на раселените е речиси двојно поголем, соопштија Обединетите нации.
Во просек, од 5 септември, откога примирјето стапи на сила, во текот на осумте недели, по 13 лица гинат на ден.
До 18 ноември загинале вкупно 957 лица. Бројот на раселените, заклучно со вчерашниот ден,...
(ВИДЕО) Пукано на конвој на ОБСЕ во Источна Украина
Униформирани лица на истокот на Украина вчера стрелаа на конвојот на меѓународните набљудувачи на Организацијата за европска безбедност и соработка, соопштија денеска од ОБСЕ.
Во соопштението се наведува дека униформираните мажи двапати пукале во возилата во движење, во близина на градот Маринка, кој е под контрола на владините сили е на 15 километри западно од Донецк.
„Куршумите минаа на околу два метра...
ЕУ ја проширува црната листа
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европска Унија се согласија да го прошират списокот на украински и на руски функционери на кои им е забранет престојот и работењето во ЕУ.
Шефовите на дипломатијата ја повикаа Москва да престане да дава воена и дипломатска помош на проруските сили во Украина.
„По согледувањето на ситуацијата на теренот, Советот побара од Европската служба...
Министерски состанок во Брисел за ситуацијата во Украина
Ситуацијата во Украина и заострувањето на санкциите кон Русија е тема на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на државите од Европска Унија то ќе се одржи во Брисел.
Министрите ќе расправаат и за британско-германската иницијатива за БИХ што предвидува значаен поттик за државата доколку тамошните политички лидери надминат блокади и се посветат на спроведување реформи.
Ќе стане збор и за ситуацијата...
Министрите на ЕУ в понеделник ќе разговараат за Украина
Министрите за надворешни работи на Европска Унија в понеделник ќе се состанат во Брисел, на редовна седница на Советот на ЕУ, каде ќе ја оценат состојбата во Украина и ќе ги разгледаат можните дополнителни акции кон Русија, соопшти денеска претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.
- Русија од своја страна мора да го искористи сето свое влијание врз бунтовниците...
Украина се подготвува за војна на истокот на земјата
Украинската влада објави дека Русија „ја премина црвената линија“ и оти Киев повторно се подготвува за војна на истокот на земјата.
Главна задача на вооружените сили е „подготовка за борба“ во време кога проруските сепаратисти ги групираат силите, соопшти министерот за одбрана, Степан Полторак, на состанокот на владата во Киев, јавуваат украинските медиуми.
Премиерот Арсениј Јацењук уверува дека владата прави сè...
Нови напади на Донецк
Подрачјето на градот Донецк на истокот на Украина, кој е под контрола на проруските сили, во текот на ноќта било гранатирано иако е потпишано примирје.
Како што јавуваат светските медиуми, се слушнале силни експлозии и тешка артилерија.
Артилерискиот оган е речиси секојдневна појава во подрачјето на донецкиот аеродром, а гранатирањето на Донецк се интензивираше минатата недела.
Украина ја обвинува Русија дека праќа...
Украинска компанија ќе гради живинарска фарма во Македонија
Изградба на живинарска фарма најави украинската компанија „Семинога“ на средбата на Здружението на трговија и Здружението на земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија со претставниците од амбасадата на Украина.
Украинската компанија „Семинога“ е еден од најголемите производители на пилешко месо како суровина за месната индустрија во Украина. Поседува четири фарми, своја кланица, производство на добиточна храна и околу 10.000...
Јацењук победи на изборите во Украина
Народниот фронт на премиерот Арсениј Јацењук победи на парламентарните избори во Украина, освојувајќи 22,14 отсто од гласовите.
Украинската Централна изборна комисија синоќа ги соопшти конечните резултати, откако ги избори сите гласови. Блок на Петро Порошенко освои 21,81 отсто од гласовите, јави ИТАР-ТАСС.
Партијата Самопомош, на градоначалникот Лавов Андреј Садовиј, освои 10,97 отсто од гласовите, Опозицискиот блок освои 9,43 отсто од гласовите,...