недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Тотал | 14 резултати

Одложено судењето за „Тотал“, поради отсуство на Драган Павловиќ – Латас

април 11, 2018

Главната расправа за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), наречен „Тотал“, во кој главниот обвинет е уредникот Драган Павловиќ-Латас, кој се товари за затајување данок, денеска беше одложена. На рочиштето во Основен суд Скопје 1, не се појави Латас, со оправдание дека има здравствени и семејни причини. Рочиштето е одложено за 14 мај. И претходните […]

Одложено судењето на Драган Павловиќ – Латас, одбраната вели дека е во Германија

март 30, 2018

Новото рочиште за случајот на СЈО, „Тотал“ денеска се одложи, оти главниот обвинет, новинарот Драган Павловиќ Латас не се појави во Кривичниот суд. Наредното рочиште е закажано за 11 април. Како што објаснија адвокатите, Латас поради семејни причини не е во можност да присуствува на рочиштето, бидејќи се наоѓа во Германија. Можно е и да […]

Латас и Јанакиески денеска на судења за „Тотал“ и „Топлик“

март 30, 2018

Во Основниот суд денеска треба да се одржат две рочишта од случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Тоа се предметите „Топлик“ и „Тотал“, во кои обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот главен уредник на телевизијата „Сител“ и на весникот „Вечер“, Драган Павловиќ – Латас. Минатото рочиште за  „Топлик“ беше […]

Судењето за „Тотал“ одложено за 30 март, Латас не дојде во Кривичен

февруари 9, 2018

Новинарот и уредник на „Сител“, Драган Павловиќ – Латас кој е обвинет за даночно затајување во случајот „Тотал“ на СЈО, не дојде на денешното судско рочиште, поради што судијката Славица Наумова – Јосифовска, поради немање услови, главната расправа ја одложи за 30 март. Одбраната на Павловиќ информираше дека тој не можел да дојде на рочиштето […]

Одложено судењето за „Тотал“, Латас побара да се снимаат рочиштата

декември 7, 2017

Судењето за случајот „Тотал“ на СЈО е одложено откако адвокатите на Драган Павловиќ – Латас, обвинет во случајот, побараа судот да ги снима тонски и визуелно сите судски рочишта, за, како што посочија, да се отстрани каков било сомнеж. Адвокатите рекоа дека имаат забелешки на записникот од првото рочиште, кое се одржа пред два дена, истакнувајќи дека […]

Латас: Очекувам брутално судење, му верувам на судот, но не и на судијката

декември 5, 2017

Очекувам брутално судење, верувам во судот, но не сум сигурен дека верувам во судијката, изјави Драган Павловиќ – Латас, обвинет во случајот „Тотал“ на СЈО, чие прво рочиште од главната расправа денеска беше одложено бидејќи сè уште не се назначени застапници за две од трите фирми на Павловиќ обвинети во случајот. Судијката Софче Гаврилова-Ефремова на […]

Копривата како оружје во анти-ЕУ пропаганда преку сајтови и лица блиски до бившата власт

август 23, 2017

Копривата неодамна стана оружје во пропагандната војна против ЕУ што со години се води во Македонија, откако некои македонски портали на крајот на минатата седмица лиферуваа неточни факти за регулативата на ЕУ, тврдејќи дека ќе се забрануваат лековитите билки, а првата ќе биде – токму копривата. Текст со такво тврдење во петокот се појави на […]

Судот не одобри притвори побарани од СЈО, се реши за мерки за претпазливост

јуни 30, 2017

Основен суд Скопје 1 вечерва ги соопшти одлуките за пет барања од СЈО, со напомена дека за другите ќе се решава и јавноста ќе биде информирана утре. Од петте одлуки соопштени кон крајот на денешниот ден, се гледа дека не е прифатено ниту едно од барањата за притвор, а во некои случаи наместо бараната мерка […]

Според КЗ: Затвор од најмалку 4 години и високи глоби за затајување данок

март 23, 2017

Специјалното јавно обвинителство денеска отвори четири нови истраги – „Табла“, „Тристa“, „Тотал“ и „Тифани“, од кои во последните две, осомничените физички лица се товарат за кривичното дело затајување данок. Според Кривичниот законик (КЗ) за ова дело е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години и парична казна, а ако затаениот износ е значителен, […]

СЈО: Четири нови истраги за затајување данок и за злоупотреба на јавна функција

март 23, 2017

„Табла“, „Триста“, „Тотал“ и „Тифани“ се четирите нови истраги што Специјалното јавно обвинителство ги отвори денеска. Според обвинителката Катица Јанева, постојат материјални и вербални докази дека од 2008 до 2016 година Министерството за финансии и Управата за јавни приходи не си ги извршиле законските должности, дозволиле поединци и служебни лица да работат спротивно на законот и овозможиле тие да […]

Страна 1 од 1