fbpx
Таг: Суд

таг: Суд

Одбраната на обвинетите во „Монструм“ смета дека случајот е исконструиран и нема доволно докази

Денеска во Кривичен суд, одбраната во завршни зборови за „Монструм“ изјави дека  обвинителството не обезбедило доволно докази за овој случај и има само голи индиции и не ги докажува претпоставките за можен мотив. „Дека ова е целосно ксонструиран слуачај не е наша констатација, туку тоа е констатирано и во извештајот на Прибе, а се зборува и во американскиот Стејт департмент,“...

Мицкоски: 27 април е чисто политички монтиран случај

Ниту Извршниот комитет ниту било кој член на ВМРО-ДПМНЕ е дел од организацијата на ова самоорганизирање на народот кој што се случуваше во тој период, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по сведочењето за нападите кои се случија во Собранието на 27 април. „Ова е очигледно дека станува збор за сериозен и жестоко монтиран политички процес. Политички процес кој што...

Случајот „Таргет-Тврдина“ одложен за 16 октомври, Мијалков бил со симптоми на ковид-19

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков денеска не се појави на рочиштето за случајот „Таргет-Тврдина“, бидејќи развил симптоми на корона вирусот, извести неговиот адвокат Љупчо Шврговски на денешното рочиште кое се одложи за 16 октомври. .„Вчера доцна бев известен од Сашо Мијалков, дека неговата сопруга Александра Мијалкова е позитивна на тестот на корона вирус....

ССНМ: Основниот суд-Скопје 1 констатира дека телевизија Телма не го прекршила изборниот молк

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ja поздравува одлуката на Основниот суд – Скопје 1 со која се констатира дека телевизија Телма не го прекршила изборниот молк, врз основа на прекршочната пријава поднесена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) . „Иницираната постапка од АВМУ против Телма, ССНМ го смета за класичен пример на притисок врз објективното...

Денеска започнува судењето на двајцата штипјани кои претепаа девојка во влез од зграда

Денеска, во Основниот суд во Штип треба да започне судењето на двајцата штипјани П.Р.(23) и С.А.(26), кои се обвинети за кривично дело насилство, откако претепаа 21 годишна девојка во влез на зграда. За делото е предвидена казна затвор во траење од 6 месеци до 5 години. За овој настан, јавноста дозна преку социјалните мрежи откако се сподели возменирувачко видео во...

Македонски пчелари кои заталкале во Бугарија добија условни казни за незаконско преминување граница

Реонскиот суд Ќустендил досуди по 3 месеци затвор - условно за три години, како и глоба од 100 лева (околу 48 евра) на двајца македонски пчелари оти незаконски влегле на територијата на Бугарија. Според соопштението на веб-страницата на судот Горан Х (39) и Милан М. (62) на пат кон селото Селник и местото каде што биле поставени нивните сандаци со...

Денеска ќе се одржи првото судско рочиште за „Рекет“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште за случајот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец. Од домашен притвор на судењето треба да бидат донесени обвинети Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, додека првообвинетиот Бојан Јовановски од КПУ Затвор-Скопје каде...

Судско шоу: „Специјалната“ Јанева се сокри од јавноста, а јавната Рускоска “им ги тресе гаќите на судиите“

Апелацискиот суд, во вторникот донесе одлука поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“,” од притвор да биде пратена во домашен притвор, каде ќе го почека судењето кое треба да започне на 3 декември. Јанева, која до вчера ја водеше институцијата со највисок углед и со најголема довверба кај граѓаните - СЈО, во вторникот навечер, беше придружена...

Контраспин: Судот има преведувачи, но преводот на списите за „ТНТ“ може да ги застари кривичните дела

Адвокатот Даути дури и формално да е во право, де факто спинува, затоа што неговото право на употреба на албанскиот јазик во постапаката за ТНТ ќе доведе до прекршување на судење во разумен рок, облигација од ЗКП која судот мора да ја спроведе. За да ја спроведе, судот мора ги спречи злоупотребите на правата на странките во постапката. Злоупотребата,...

На Панчевски ќе му се суди во Велес за злоупотреба на АКМИС

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, на 21 октомври треба да седне на обвинителна клупа во Велешкиот суд, за злоупотреби со АКМИС системот, односно поради тоа што распределувал судски предмети рачно додека беше претседател на Основниот суд Скопје 1, пишува „Порталб.мк“. „Со одлука на Апелациониот суд во Скопје, Основниот суд Велес е определен за надлежен суд да постапува по...

Доставено барање до Судот да се укине притворот на Јанева

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска доставила барање до Судот за укинување на мерката притвор. Таа очекува до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор, да има одлука. Фрчкоска за дел од медиумите изјави дека основите за определување мерка притвор се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од...

Новинарот Кежаровски бара да докаже дека е невин, а не да биде ослободен со застарување на случајот

Поради застарување на кривичното дело за откривање на идентитет на заштитен сведок, на новинарот Томислав Кежаровски нема да му се суди за случајот „Ликвидација“. Обвинителката Марија Ѓорѓева соопшти дека поголемиот дел од кривичната дела за кои се гонеа обвинетите се застарени. Кежаровски е револтиран и смета дека на овој начин е осуден на „доживотен затвор“ и бара шанса да ја...

Судот одби да му го врати пасошот на Мијалков за да се лекува во странство

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје како неосновано го одби барањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да му биде вратен пасошот. Мијалков го бараше пасошот со образложение дека има потреба од оперативен зафат кој треба да му биде извршен во странство. -Барањето на еден од осудените лица со првостепена пресуда во предметот со КОК бр. 62/17...

Судот во Будимпешта го отфрли барањето за екстрадиција на Груевски

Судот во Будимпешта на денешното рочиште реши да да го отфрли барањето за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, јави „Индекс. ху“. Судијката во одлуката соопшти дека за екстрадицијата на бегалецот Груевски, кој во земјава треба да одлежува казна од две години за набавката на блиндираниот мерцедес вреден речиси 600.000 евра, се решавало врз основа на барањето упатено од...

Доверителите на штипската компанија „Бетон“ побараа стечај

За 13 јуни во Основниот суд во Штип е закажано рочиште за изнесување на докази, откако доверителите на штипската градежна компанија „Бетон“ побараа стечај. Назначен е привремен стечаен управник, кој  треба да даде своја оценка дали се оправдани барањата и дали треба да биде покренат стечај. Компанијата која работи близу седумдесет години беше главен изведувач на седум објекти од проектот „Скопје...

Бејли: Длабоко сум вознемирен од лажните гласини дека САД влијае на судството

Кривичниот суд го објави писмото на американскиот амбасадор Џес Бејли до претседателот на Судот, Иван Џолев, во врска со како што вели, „постојаните, лажни гласини со наводи дека Амбасадата на САД има за цел да влијае на судии“. Тој вели дека каква било сугестија дека САД сакаат да управуваат со некоја судска разрешница, е лажна. „Длабоко сум вознемирен од ваквите постојани...

Прибе очекува промена во однесувањето на судските институции

Рајнхард Прибе и групата високи експерти по владеење на правото кои ја оценуваа состојбата со владеењето на правото во 2015 и 2017 година од 5 до 7 декември биле во посета на Скопје за да направат увид во спроведувањето на препораките кои ги даде групата во однос на судските реформи, информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Прибе имал средби...

Поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски, доби 30 дневен притвор

Судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски по вечерашниот распит во Кривичниот суд. Атанасовски беше уапсен синоќа, пред зграда спроти МВР. Тој се товари за кривично дело „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатите рочишта за случајот за упадот во Собранието на 27 април минатата година, од...

Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на Груевски

Собранието без расправа, со 62 гласа „за“, на пленарна седница ја прифати препораката на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на имунитетот на Никола Груевски, на барање на судот поради одредување мерка притвор за предмети што ги води Специјалното јавно обвинителство. Судот бара притвор за Груевски за изборни измами во случај „Титаник“, за нерегуларности при изградба на автопати – случај...

Апелација ги одби жалбите на Јанакиески и Божиновски за укинување на притворот

Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, по вчерашните јавни седници, денеска одлучи да ги одбие жалбите на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски на мерките притвор во траење од по 30 дена за предметот на СЈО „Титаник“. „Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни седници, донесе одлуки со кои жалбите на обвинетите Миле Јанакиески од Скопје и Кирил...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...