недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Сашо Мијалков | 74 резултати

Одбраната на Мијалков во случајот „Трезор“ тврди дека обвинението е неосновано

април 5, 2021

Во завршните зборови за случајот „Трезор“, одбраната на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков истакна дека обвинението е неосновано и од него не може да произлезе кривична одговорност. Адвокатот Петар Василев ги побиваше наводите дека Мијалков лично бил во Лондон, каде што наводно преговарал со претставници на ГАМА и договарал набавка […]

Граѓански организации бараат темелна истрага и утврдување на одговорност за случајот со исчезнувањето на Мијалков

март 5, 2021

Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалиција „Сите за правично судење“ и Фондација Отворено општество – Македонија бараат темелна и брза истрага за институционалните пропусти околу недостапноста на органите за прогон на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Организациите сметаат дека е неопходно итно утврдување на одговорност од страна на надлежните органи […]

За Мијалков имало безбедносен план, а за негово движење биле запазени сите протоколи

март 1, 2021

Апсолутно ве уверувам дека во овој момент можеме да му ја гарантираме безбедноста и на Сашо Мијалков и на сите осудени и притворени лица, изјави денеска директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски. „Изготвен е безбедносен план конкретно за притворениот Сашо Мијалков, за негово движење, конкретно за шетањето и се запазени сите безбедносни протоколи […]

Вистиномер: Институциите го притиснаа Мијалков или некој си поигра и со правдата и со правната држава?

март 1, 2021

Премногу е чудна целата приказна со (не)бегањето на Сашо Мијалков – од скандалозното исчезнување до неговото ноншалантно појавување пред Обвинителство облечен во црна маичка. А, чудна е и изјавата на премиерот дека тој лично координирал со акцијата во која директно се вклучени правосудните институции, иако таму извршната власт нема ингеренции. Има многу нејаснотии и околу […]

Судот одлучи: Сашо Мијалков оди во притвор во Шутка до правосилноста на пресудата

февруари 26, 2021

Судскиот совет денеска донесе решение да го уважи барањето на обвинителката Ленче Ристоска и ја укина мерката куќен притвор на Сашо Мијалков и му определи мерка притвор во КПУ Затвор „Скопје“ до правосилноста на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, односно до започнување на издржување на казната затвор од 12 години. Притворот може да трае најмногу 60 […]

Пресуда за Таргет-Тврдина: Мијалков осуден на 12 години затвор, Јанкуловска на 4 години

февруари 26, 2021

За злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување и примање награда за противзаконито дејание, на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска му беше досудена затворска казна од 12 години во случајот Таргет-Тврдина кој се однесува на незаконското прислушување на 20.000 граѓани од 2008 до 2015 година во време на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ. На […]

Премиерот Заев за случајот Таргет-Тврдина: Испратена е пораката дека системот функционира

февруари 25, 2021

Премиерот Зоран Заев денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието говореше за последните случувања со бегството и враќањето на Сашо Мијалков пред утрешното изрекување на пресудата во случајот Таргет-Тврдина. „Тоа што секој сегмент на нашето општетсво, а тоа е извршната власт, преку Министерството за внатрешни работи и тоа за правда, судската власт преку судовите […]

Порталб: Многу прашања за бегството и враќањето на Мијалков останаа неодговорени

февруари 25, 2021

Не може, а да не кажеме дека ситуацијата остава лош впечаток, пред сè во однос на координацијата и комуникацијата на надлежните тела едни со други, како и во однос на квалитетот, точноста и конзистентноста на информациите споделени со јавноста. Вака Натали Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“ за Порталб.мк го искоментира случајот со изчезнувањето, […]

Мијалков се појави пред судот, имал температура и бил во изолација

февруари 23, 2021

Додека цело МВР е ангажирано да го пронајде „бегалецот“ Сашо Мијалков по кого се распишаа и национална и меѓународна потерница, тој бил тука, во Македонија. Екипа на „24 Вести“ попладнево го сними пред Обвинителството за организиран криминал, каде беше тргнат за да си го земе решението за куќен притвор. Мијалков се извини на македонска јавност […]

Спасовски нема да поднесе оставка, смета дека Мијалков е сè уште во државата

февруари 23, 2021

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција изјави дека МВР активно работи на пронаоѓање на Сашо Мијалков и негово ставање пред лицето на правдата, а сите моментални анализи и проценки укажувале дека Мијалков не ја напуштил државата. „Дејствата се во тек. Не знаеме каде е, според информациите кои ги добиваме, работиме интензивно на […]

Шекеринска: Органите да дадат одговор кој го информираше Мијалков и го овозможи неговото бегство?

февруари 23, 2021

Барање на политичка, но и кривична одговорност од поединци, кои придонеле и дозволиле да побегне поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, најави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Таа смета дека одговорноста треба да се бара и во извршната власт и кај правосудните органи и смета дека за најновиот […]

ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Спасовски за бегството на Мијалков

февруари 23, 2021

ВМРО-ДПМНЕ бараат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да поднесе оставка поради бегството на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет во случајот „Таргет – Тврдина“ за незаконско прислушување на десетици илјади граѓани токму во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. „Доколку Спасовски знаел дека Мијалков ќе бега, зошто не ги преземал сите неопходни […]

Глас на Америка: Стејт департментот одблизу ја следи ситуацијата со Мијалков

февруари 22, 2021

Свесни сме за овие извештаи, и ја следиме ситуацијата одблизу, изјави кусо портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка, по повод бегството на Сашо Мијалков. Министерството за внатрешни работи (МВР) веќе распиша меѓународна потерница по поранешниот шеф на тајната полиција. Мијалков е во бегство од вчера. Јавното обвинителство соопшти дека полицијата го известила оти […]

Пендаровски за бегството на Мијалков: Неприфатливи случувања за земја која очекува преговори за членство во ЕУ

февруари 22, 2021

Претседателот Стево Пендаровски во врска со бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ги повикува сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за негов притвор. „Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем […]

Синот на Мијалков, Јордан, и членови на неговото семејство се повикани на разговор во МВР

февруари 22, 2021

Синот на обвинетиот Сашо Мијалков, Јордан Мијалков, членови на неговото потесно семејство и лица од неговото обезбедување, се повикани на информативен разговор во Министерството за внатрешни работи, потврдија за „Мета.мк“ од ова министерство, не обелоденувајќи попрецизни податоци. Причината за тоа најверојатно се информациите кои тие би можеле да ги имаат во врска со бегството на […]

Обвинителството се сомнева дека некој му помогнал на Мијалков да избега

февруари 22, 2021

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција преку соопштение до јавноста најави дека се сомневаат дека при бегството на обвинетиот во случајот „Таргет-Тврдина“ Сашо Мијалков, е извршено кривично дело помагање на сторител во извршено кривично дело. Тие најавија расчистување на ваквите сомненија. Обвинителите за организиран криминал велат дека факт е оти во […]

Заев бара одговорност за бегството на Мијалков, негира постоење на политички договор

февруари 22, 2021

Премиерот Зоран Заев по излегувањето од судницата претпладнево, каде сведочеше во процесот „Титаник“, негираше дека постои политички договор и побара одговорност за недостапноста на Сашо Мијалков токму пред пресудата за предметот „Таргет – Тврдина“. „Изречено е решение од суд за домашен притвор некаде 18-18:30, МВР веднаш постапило и лицето не е затечено во домот или […]

МВР преку национална потерница ќе го бара Сашо Мијалков во државата

февруари 22, 2021

Министерството за внатрешни работи информира дека за Сашо Мијалков е распишана национална потерница. Причината за тоа е што: „од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено“, велат од МВР, кои од вчера го бараат Мијалков за да му го врачат решението за куќен притвор. Од МВР уште утрово навестија дека ќе побараат од […]

МВР трага по поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за да му врачи решение за куќен притвор

февруари 22, 2021

Министерството за внатрешни работи од вчера попладнето го бара поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за да му го врачи донесеното судско решение за куќен притвор, а сѐ уште не се знае дали по него ќе биде распишана и потерница. Од МВР за Мета.мк велат: „Откако судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков, […]

Јанкулоска и Мијалков денеска сведочеа во случајот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушкување

јануари 18, 2021

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков денеска сведочеа на судското рочиште во случајот „Таргет-Тврдина“. Јанкулоска денеска во Кривичниот суд-Скопје изјави дека не знаела оти ќе се уништува опремата со која е извршено масовното прислушкување, иако таа ја потпишала одлуката за формирање на комисијата […]

Страна 3 од 4