вторник, 9 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Сашо Мијалков | 74 резултати

Мијалков спроведен во Кривичен суд за делото „Титаник 2“

декември 26, 2022

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска беше спроведен од затворот во Струга, во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“. Рочиштето беше закажано за 22 декември, но заради техничка грешка во комуникацијата на судот со затворот, Мијалков не беше спроведен. Тој се гони за противзаконско влијание во изборните нерегуларности […]

Мијалков не беше спроведен на судењето за „Титаник 2“, барањето за спроведување било со згрешен датум

декември 22, 2022

Комбето кое денес требаше да го однесе Сашо Мијалков утринава во Основниот Кривичен суд Скопје за продолжението на судскиот процес „Титаник 2“, за злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија не се појави во струшкиот затвор. Судот тврди дека била испратена покана за денешното продолжение на судскиот процес, а директорот на затворот во Струга, Ваљон […]

Контраспин: Барањето одговори за одлуката за „Таргет-Тврдина“ не е притисок врз судството

декември 20, 2022

Во услови на висока исполитизираност на општеството и на сè уште премногу дебати за нецелосна поделеност на трите власти, како и во услови на многу ниска доверба на јавноста во судството (од само 4 отсто) за кое постои перцепција за силно влијание од политички, но и од бизнис елити, сосема е разбирлива реакцијата и на […]

Пендаровски: Шокиран сум од одлуката на скопскиот Апелациски суд за случајот „Таргет-Тврдина

декември 17, 2022

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски објави остра реакција по одлуката на Апелацискиот суд Скопје да ја укине пресудата за случајот „Таргет-Тврдина” и да го врати случајот на повторно судење. „Шокиран сум од одлуката на апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“. Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. Ваквите одлуки […]

Пресудата за „Таргет-Тврдина“ падна на Апелација

декември 16, 2022

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, соопштиja во судот. Случајот беше отворен за масовното нелегално прислушување, а резултираше со вкупна затворска казна од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито […]

Апелациониот суд ја укина осумгодишната казна за Сашо Мијалков

ноември 25, 2022

Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда за случајот „Трезор“, во кој еден од осудените беше поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тој од Кривичниот суд беше осуден на осумгодишна казна затвор. „Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор“, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите […]

Вистиномер: Како Мијалков од имот од 1,5 милиони, за седум години стигна до имот од 36 милиони евра?

јули 21, 2022

Под владение на државата ќе стане имот кој Мијалков го немал или не го пријавил пред седум години. Останува прашањето, како е можно кое било физичко лице од имот од 1,5 милиони евра, во рок од седум години, да стигне до имот од над 30 милиони евра? Или најпрецизно, колку, дали и како, во државава […]

Груевски доби седум години затвор за „Плацевите на Водно“, конфискуван му е целиот имот

април 21, 2022

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија и за случајот „Плацеви на Водно“ беше првообвинет за перење пари, противправно стекнување и прикривање на имот, денеска доби казна затвор од 7 години и парична казна од 3.500 евра. Воедно, судот пресуди целокупниот имот на Груевски да биде конфискуван, освен двата стана што ги […]

Стејт департментот ги стави на црна листа Груевски и Мијалков

април 11, 2022

Американскиот Стејт департмент ги стави на црна листа поранешниот премиер Никола Груевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како одговор на нивното учество во значајна корупција. Според Стејт департментот, нивните дела го поткопуваат владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси и ја еродираат довербата на јавноста во владите. Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот, […]

ЗНМ бара одговорност за однесувањето на униформиран службеник при пуштањето на Мијалков од притвор

декември 30, 2021

Здружението на новинарите на Македонија го осуди однесувањето на униформиран службеник кон новинарите за време на пуштањето од притвор на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков од затворот Скопје. Како што се гледаше на снимките кои вчера ги објавија повеќе телевизии новинарите кои го чекале Мијалков пред капијата на затворот биле спречени во извршувањето на своите […]

Сашо Мијалков излегува од притвор – Апелација ја усвои жалбата за „Плацевите на Водно“

декември 29, 2021

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од притвор, бидејќи Апелациониот суд му ја усвоил жалбата на мерката притвор што беше поднесена од ОЈО за случајот „Плацевите на Водно“. Од Апелациониот суд во Скопје за „А1 он“ потврдиле дека е укината мерката притвор за Мијалков, а со ова тој ќе може да биде пуштен дома […]

Порталб: Во Апелација молк по скандалозното ослободување на Мијалков од притвор

декември 24, 2021

Остри реакции уследија откако Апелациониот суд завчера одлучи да го ослободи од притвор поранешниот началник на тајната полиција Сашо Мијалков, кој со првостепена одлука во два предмети е осуден на вкупно 20 години затвор, а осомничен е и во неколку други случаи. Ослободувањето на Мијалков од притвор е скандалозно и поради тоа што во февруари […]

Мијалков излегува од притвор, Апелација ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра

декември 22, 2021

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ќе излезе на слобода, бидејќи Апелациониот суд Скопје му ја прифатил гаранцијата од 11.106.501 евра што ја има дадено за замена на притворот со мерки за претпазливост. Апелација ја прифатила жалбата на Сашо Мијалков, со што решението за притвор е преиначено со мерки за одземање на неговиот пасош и […]

Разузнавачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски добитници на државната награда „Мето Јовановски“

декември 7, 2021

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, разузнавачите кои го открија незаконското прислушкување, се овогодишни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, соопшти Министерството за култура. Наградата „Мето Јовановски“ која претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права за 2021 година ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември […]

Наместо пресуда за Мијалков и Алфите за апсењето на Бошкоски, случајот „Тортура“ ќе се суди од почеток

јуни 17, 2021

Наместо пресуда за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на некогашната полициска единица „Алфи“, Основниот кривичен суд во Скопје денеска одлучи да ја преотвори главната расправа во случајот „Тортура“ и закажа следно рочиште што ќе се одржи на 8 јули. „Од сите изведени докази на главната расправа за судот неспорно е дека […]

Апелациски суд одлучи Мијалков да остане во притвор во Шуто Оризари

јуни 7, 2021

Апелацискиот суд во Скопје ја одби гаранцијата која ја понуди поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и донесе одлука тој да остане во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Претходно, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Кривичен суд – Скопје го одби како неоснован предлогот […]

Обвинителство не утврдило кривична одговорност во врска со бегството на обвинетиот Сашо Мијалков

јуни 5, 2021

Јавниот обвинител кој постапуваше во предистражната постапка отворена по повод недостапноста на обвинетиот С.М. при обид да му се врачи решение за куќен притвор, утврди дека нема место за јавнообвинителска одлука од причина што не е утврдено постоење на кривично дело што се гони по службена должност. „Во рамки на предистражната постапка беа преземени поголем […]

Одбраната на Мијалков тврди дека обвинението за случајот „Тортура“ е непоткрепено со докази

мај 26, 2021

Одбраната на Сашо Мијалков на денешното изнесување на завршните зборови во случајот „Тортура“ изјави дека поднесеното обвинение против него претставува гола формулација што е непоткрепена со докази. Неговиот адвокат Љупчо Шврговски рече дека Мијалков не поттикнал мачење, нечовечко и сурово постапување при апсењето на Љубе Бошковски. Покрај поранешниот директор на УБК којшто е осомничен за […]

Мијалков останува во притвор, бидејќи судот ја одби понудената гаранција од 10 милиони евра

мај 20, 2021

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Кривичен суд – Скопје го одби како неоснован предлогот на одбраната на Сашо Мијалков за укинување на мерката притвор со понудена гаранција од 10,871,170,00 евра. Кривичниот суд соопшти дека Советот, по проучување на списите во предметот, смета дека сè уште постојат причини поради кои […]

Мијалков сака да се брани од слобода со гаранција од 10 милиони евра, за Обвинителство е прифатливо

мај 19, 2021

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прифатило понудената гаранција од 10 милиони евра за бранење од слобода на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој е во притвор, објави Радио Слободна Европа. „Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување […]

Страна 2 од 4