петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Русија | 1.968 резултати

Украина се подготвува за војна на истокот на земјата

ноември 12, 2014

Украинската влада објави дека Русија „ја премина црвената линија“ и оти Киев повторно се подготвува за војна на истокот на земјата. Главна задача на вооружените сили е „подготовка за борба“ во време кога проруските сепаратисти ги групираат силите, соопшти министерот за одбрана, Степан Полторак, на состанокот на владата во Киев, јавуваат украинските медиуми. Премиерот Арсениј […]

Русија ќе гради нуклеарни реактори во Иран

ноември 11, 2014

Руската државна компанија „Росатом“ ќе изгради два нови нуклеарни реактори во рамките на иранската нуклеарка „Бушер“, јавуваат светските медиуми. Претставниците на Русија и на Иран денеска во Москва го потпишаа договорот за соработка, во кој освен изградбата на двата реактори, се наведува дека руските експерти би можеле да бидат ангажирани за градење дополнителни четири реактори […]

Бајден ја предупреди Русија за мешањето во Украина

ноември 11, 2014

Потпретседателот на САД, Џо Бајден, денеска ја предупреди Русија дека ќе сноци последици поради влезот на руски тенкови, тешка артилерија и на воени камиони во Донецк, Источна Украина. Бајден, во телефонскиот разговор со украинскиот претседател, Петро Порошенко, истакнал дека „ако Русија продолжи свесно да ја прекршува спогодбата од Минск, тоа дополнително ќе ја чини“. Американскиот […]

„Раша тудеј“ отвора нови центри

ноември 10, 2014

Информативната агенција „Раша тудај“ ја покрена мултимедијалната група „Спутник“, која вклучува центри во повеќе од десеттина држави. Според генералниот директор Дмитриј Кисељев, планирано е во текот на 2015 година да бидат емитирани околу 800 часови радиопрограма дневно во 34 држави и во 130 градови во светот. Целта на медиумот ќе биде да ја покаже мултиполарноста […]

Кобољев: Украина може да ја преживее зимата без руски гас

ноември 10, 2014

Украина би можела да ја преживее зимата без рускиот гас, смета директорот на „Нафтогас Украина“, Андреј Кобољев. Според Кобољев, Украина би можела да се обиде зимава, со воведување одредени мерки на штедење, да ја намали потрошувачката и да ја мине зимата без гас од Русија. Заменик директорот на „Нафтогас“, Јуриј Колупаљо, денеска на прес-конефернција истакна […]

Горбачов: Не е сè изгубено меѓу Западот и Русија

ноември 10, 2014

Поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов, смета дека е неопходно Западот и Русија да направат заедничка работна група која би создала мир во Европа. – Сметам дека прва работа што мора да ја направиме е да ги оживееме заедничките интереси и идеи за изградба на Европа како наш дом, а не како театар на антагонизам – наведе Горбачов […]

ОБСЕ: Конвои со тешко оружје се движат во Источна Украина

ноември 9, 2014

Набљудувачите на ОБСЕ забележале колони со воена опрема како се движат низ територијата во источниот дел на Украина, контролиран од проруските сепаратисти. Организацијата за безбедност и соработка изрази загриженост за конвојот кој се движел кон градот Донецк, во близина на Макивка. Русија негира поддршка на бунтовниците со борци и со оружје.

Австралискиот премиер Абот ќе се сретне со рускиот претседател Путин

ноември 8, 2014

Австралискиот премиер Тони Абот изјави ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Пекинг, со кого ќе има искрен разговор за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“. Кремљ на 7 ноември потврди дека Путин се согласил да се сретне со Абот, кој од минатиот месец ветува дека ќе се соочи со рускиот […]

Орбан: САД вршат притисок врз Унгарија поради Јужен тек

ноември 8, 2014

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, обвини дека САД се обидуваат да влијаат на Унгарија поради енергетските врски со Русија. – САД вршат силен притисок врз Унгарија – изјави Орбан. Според Орбан, САД ја разгледуваат реализацијата на проектот Јужен тек како „зближување на Унгарија со Русија“. – Ние не планираме со никого ниту да се зближуваме, […]

Кремљ: Се придржуваме кон прекинот на огнот во Украина

ноември 7, 2014

Русија се придржува до спогодбата за прекин на огнот на истокот на Украина и сака да одржи дополнителни преговори за да се надградат мировните потези на украинските и на проруските сили, изјави денеска советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Ушаков, кој е советник за надворешни работи, рече дека Русија ја „почитува“ волјата на гласачите по изборите на […]

Горбачов со поддршка за политиката на Путин

ноември 6, 2014

Порашениот советски лидер Михаил Горбачов (83), денеска изјавил дека ќе ја брани политиката на рускиот претседател Владимир Путин кога ќе отпатува во Германија на одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, пренесуваат светските медиуми. Според Горбачов, кога станува збор за интересите на Русија, Путин е најдобриот човек за нивна одбрана. Овој викенд, Горбачов ќе […]

Критичар на Путин пронајден мртов во својот дом

ноември 6, 2014

Познат руски актер и критичар на претседателот Владимир Путин е пронајден мртов во својот дом во Москва. Телото на Алексеј Девотченко е откриено во неговиот дом, облеано со крв. Според рускиот таблоид „Лајвњус“, Девотченко со рака удрил во стаклен орман при што се расекол. Смртта настанала како последица на голема загуба на крв. Порталот јавува дека […]

Австрија е против нови санкции кон Русија

ноември 5, 2014

Австрија се спротистави на предлогот на германската канцеларка Ангела Меркел, Европска Унија да воведе дополнителни санкции кон Русија поради кризата во Украина. Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави дека не ја поддржува идејата бидејќи австриските компании веќе трпат големи загуби поради ваквите мерки. – Нашиот одлучен став е дека исправен е патот во кој и Русија […]

Валенса: Путин му објави војна на светот

ноември 5, 2014

Поранешниот полски претседател, Лех Валенса, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека му објавил војна на светот. Валенса смета дека Путин не ги почитува меѓународните обврски на Русија кон Украина, ниту нејзините граници. – Ситуацијата на Истокот е особено опасна. Кога се предаваше нуклеарното оружје, големите сили дадоа гаранција дека ќе се почитуваат границите на […]

Црните фудбалери може да го бојкотираат СП 2018

ноември 4, 2014

Советникот за борба против расизмот на Светската фудбалска федерација , Токио Сексвејл, соопшти дека црните фудбалери би можеле да го бојкотираат Светското првенство во 2018 година. Сексвејл, исто така, го повика Владимир Путин, претседателот на Русија, која ќе биде домаќин на шампионатот, да побара поостра акција против расизмот во фудбалот. Советникот, кој во Јужна Африка […]

Украина ќе гради нов гасовод за да ја избегне Русија

ноември 4, 2014

Украина сака со Полска да изгради целосно нов гасовод, кој би ù овозможил на земјата целосно да се снабдува со гас од земјите од Европска Унија. Украинскиот премиер Арсениј Јацењук им наредил на надлежните министерства да почнат со изработка на проектот, а рокот за изградбата и пуштањето во употреба е крајот на 2016 година, соопштија од кабинетот […]

Русија нема да учествува на Самитот за нуклеарна безбедност

ноември 4, 2014

Русија ќе го бојкотира Самитот за нуклеарна безбедност 2016 поради неговата политичка природа, соопштија денеска неименувани дипломатски извори. Претставниците на Москва минатата недела не присуствуваа на седницата во Вашингтон, посветена на подготовките на самитот. Американски дипломатски извори соопштуваат дека засега не е јасно дали Русија планира да присуствува на состанокот. Двајца високи претставници на САД, повикувајќи […]

Оланд го повика Путин да не ги признае изборите во Источна Украина

ноември 4, 2014

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, го повика претседателот на Русија, Владимир Путин да не ги признае изборите во источниот дел на Украина, бидејќи би можеле да го загрозат територијалниот интегритет на државата. – Го повикувам Путин да остане во рамките на договорот од Минск, со кој е отворен патот за потпишување примирје – изјави Оланд. Тој […]

Русија не го прифаќа соопштението од ОН за изборите во Источна Украина

ноември 4, 2014

Јуриј Сергејев, украинскиот амбасадор во Обединети нации, изјави дека Русија се спротиставила на соопштението на Советот за безбедност при ОН, во кое се критикуваат изборите што се одржаа во Донецк и во Луганск на истокот на Украина. Во предлог-текстот на Литванија пишува дека изборите се одржани во спротивност на мировниот договор од Минск, што беше […]

РУСИЈА: Киев да ги прекине воените операции во источна Украина

ноември 3, 2014

Русија го повика Киев да ја прекине воената офанзива на истокот на Украина и нагласи дека новоизбраните проруски лидери имаат доволно авторитет и овластувања за да преговараат со Киев. „Проруските лидери, кои вчера се избрани, имаат доволен авторитет да воспостават широко одржлив дијалог со киевските власти“, соопшти заменик шефот на руската дипломатија, Григориј Карасин, за […]

Страна 98 од 99