среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Русија | 1.956 резултати

Русија протера полски дипломати

ноември 17, 2014

Како одговор на претходното протерување на руски дипломати од Варшава, Русија протера неколкумина полски дипломати. Тие се обвинети за активности несоодветни со нивниот статус, општо прифатена фраза за шпионирање. Односите меѓу Русија и Полска се заладени по избувнувањето на кризата во Украина.

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции кон Русија

ноември 15, 2014

Србија нема да наложува санкции на Русија и ќе продолжи самостојно да донесува одлуки кои се во согласност со интересите на земјата, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ. – Ние сме на европскиот пат, но политиката на Србија не се промени ненадејно – истакна Вучиќ. Изјавата на Вучиќ е одговор на барањето на новиот еврокомесар за проширување Јоханес […]

Русија ги полни трезорите со злато

ноември 15, 2014

Руската централна банка го користи падот на цената на златото за да ги наполни своите трезори со златни прачки. Истовремено, државата се подготвува за можното продолжување на економската војна со Западот, пишува британски „Телеграф“. Новото истражување на Светскиот одбор за злато открива дека Кремљ за три месеци откупил околу 55 тона од драгоцениот метал, многу […]

Тензични односи на почетокот на Г20 во Австралија

ноември 15, 2014

Дводневниот самит Г20 на економски најсилните земји во светот, минува во знакот на дипломатска војна меѓу Русија и Западот поради кризата во Украина. Неколку западни земји синоќа ја критикуваа Русија, а најгласен во тоа беше американскиот претседател Барак Обама, кој изјави дека САД се противат на „Руската агресија во Украина, бидејќи тоа претставува закана за […]

Северна Кореја ќе испрати амбасадор во Русија

ноември 14, 2014

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе го испрати свој специјален претставник Чое Рионг-хае во Русија. Севернокорејските медуми објавија соопштение за планираното заминување на Чое, но не прецизираа детали за датумот или за точната цел на патувањето.  

Путин: Санкциите кон Русија се противправни

ноември 14, 2014

Рускиот претседател Владимир Путин се надева дека земјите што воведоа санкции кон Москва ќе сфатат дека тие им нанесуваат штета на меѓународните економски односи. – Ова е штетно и секако дека ни нанесува штета и нам, но и на САД, затоа што со тоа се поткопува целокупниот систем на меѓународните економски односи – изјави Путин во […]

ЕП ја ратификуваше спогодбата за асоцијација со Молдавија

ноември 13, 2014

Европскиот парламент денеска го ратификуваше политичкиот и трговски договор меѓу Молдавија и Европска Унија, пренесува „Радио Слободна Европа“. За sпогодбата за асоцијација, која Молдавија ја потпиша во јуни годинава, гласаа 535 пратеници, а 94 беа против. Пред да стапи на сила, спогодбата за асоцијација треба да биде ратификувана од парламентите на сите 28 членки на […]

Медведев: Од САД зависи дали ќе се подобрат односите со Русија

ноември 13, 2014

Руско-американските односи можат да се подобрат доколку САД го преземат првиот чекор, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев. – Топката, како што вообичаено се вели, е на нивна страна, тие треба да ги донесат потребните одлуки – изјави Медведев. Според рускиот премиер, надминувањето на проблемите може да се постигне доколку се тргнат санкциите и се вратат на „нормални, […]

Украина се подготвува за војна на истокот на земјата

ноември 12, 2014

Украинската влада објави дека Русија „ја премина црвената линија“ и оти Киев повторно се подготвува за војна на истокот на земјата. Главна задача на вооружените сили е „подготовка за борба“ во време кога проруските сепаратисти ги групираат силите, соопшти министерот за одбрана, Степан Полторак, на состанокот на владата во Киев, јавуваат украинските медиуми. Премиерот Арсениј […]

Русија ќе гради нуклеарни реактори во Иран

ноември 11, 2014

Руската државна компанија „Росатом“ ќе изгради два нови нуклеарни реактори во рамките на иранската нуклеарка „Бушер“, јавуваат светските медиуми. Претставниците на Русија и на Иран денеска во Москва го потпишаа договорот за соработка, во кој освен изградбата на двата реактори, се наведува дека руските експерти би можеле да бидат ангажирани за градење дополнителни четири реактори […]

Бајден ја предупреди Русија за мешањето во Украина

ноември 11, 2014

Потпретседателот на САД, Џо Бајден, денеска ја предупреди Русија дека ќе сноци последици поради влезот на руски тенкови, тешка артилерија и на воени камиони во Донецк, Источна Украина. Бајден, во телефонскиот разговор со украинскиот претседател, Петро Порошенко, истакнал дека „ако Русија продолжи свесно да ја прекршува спогодбата од Минск, тоа дополнително ќе ја чини“. Американскиот […]

„Раша тудеј“ отвора нови центри

ноември 10, 2014

Информативната агенција „Раша тудај“ ја покрена мултимедијалната група „Спутник“, која вклучува центри во повеќе од десеттина држави. Според генералниот директор Дмитриј Кисељев, планирано е во текот на 2015 година да бидат емитирани околу 800 часови радиопрограма дневно во 34 држави и во 130 градови во светот. Целта на медиумот ќе биде да ја покаже мултиполарноста […]

Кобољев: Украина може да ја преживее зимата без руски гас

ноември 10, 2014

Украина би можела да ја преживее зимата без рускиот гас, смета директорот на „Нафтогас Украина“, Андреј Кобољев. Според Кобољев, Украина би можела да се обиде зимава, со воведување одредени мерки на штедење, да ја намали потрошувачката и да ја мине зимата без гас од Русија. Заменик директорот на „Нафтогас“, Јуриј Колупаљо, денеска на прес-конефернција истакна […]

Горбачов: Не е сè изгубено меѓу Западот и Русија

ноември 10, 2014

Поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов, смета дека е неопходно Западот и Русија да направат заедничка работна група која би создала мир во Европа. – Сметам дека прва работа што мора да ја направиме е да ги оживееме заедничките интереси и идеи за изградба на Европа како наш дом, а не како театар на антагонизам – наведе Горбачов […]

ОБСЕ: Конвои со тешко оружје се движат во Источна Украина

ноември 9, 2014

Набљудувачите на ОБСЕ забележале колони со воена опрема како се движат низ територијата во источниот дел на Украина, контролиран од проруските сепаратисти. Организацијата за безбедност и соработка изрази загриженост за конвојот кој се движел кон градот Донецк, во близина на Макивка. Русија негира поддршка на бунтовниците со борци и со оружје.

Австралискиот премиер Абот ќе се сретне со рускиот претседател Путин

ноември 8, 2014

Австралискиот премиер Тони Абот изјави ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Пекинг, со кого ќе има искрен разговор за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“. Кремљ на 7 ноември потврди дека Путин се согласил да се сретне со Абот, кој од минатиот месец ветува дека ќе се соочи со рускиот […]

Орбан: САД вршат притисок врз Унгарија поради Јужен тек

ноември 8, 2014

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, обвини дека САД се обидуваат да влијаат на Унгарија поради енергетските врски со Русија. – САД вршат силен притисок врз Унгарија – изјави Орбан. Според Орбан, САД ја разгледуваат реализацијата на проектот Јужен тек како „зближување на Унгарија со Русија“. – Ние не планираме со никого ниту да се зближуваме, […]

Кремљ: Се придржуваме кон прекинот на огнот во Украина

ноември 7, 2014

Русија се придржува до спогодбата за прекин на огнот на истокот на Украина и сака да одржи дополнителни преговори за да се надградат мировните потези на украинските и на проруските сили, изјави денеска советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Ушаков, кој е советник за надворешни работи, рече дека Русија ја „почитува“ волјата на гласачите по изборите на […]

Горбачов со поддршка за политиката на Путин

ноември 6, 2014

Порашениот советски лидер Михаил Горбачов (83), денеска изјавил дека ќе ја брани политиката на рускиот претседател Владимир Путин кога ќе отпатува во Германија на одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, пренесуваат светските медиуми. Според Горбачов, кога станува збор за интересите на Русија, Путин е најдобриот човек за нивна одбрана. Овој викенд, Горбачов ќе […]

Критичар на Путин пронајден мртов во својот дом

ноември 6, 2014

Познат руски актер и критичар на претседателот Владимир Путин е пронајден мртов во својот дом во Москва. Телото на Алексеј Девотченко е откриено во неговиот дом, облеано со крв. Според рускиот таблоид „Лајвњус“, Девотченко со рака удрил во стаклен орман при што се расекол. Смртта настанала како последица на голема загуба на крв. Порталот јавува дека […]

Страна 97 од 98