fbpx
Таг: пукање

таг: пукање

Ранети две лица во престрелка во Белград, едното е македонски државјанин

Две лица на возраст од 20 до 30 години биле ранети вчера пред ресторан за брза храна на улицата Максим Горки во Врачар, Белград, пренесуваат српските медиуми. Според Н1, околу 19.40 часот било пукано кон А.П (26), кој се здобил со повреди во натколеницата, а на Новопазарска бил пронајден маж со две прострелни рани во грбот, случајно ранет во престрелката...

Осум деца и чуварот се убиени, откако седмоодделенец пукаше во училиште во Белград

Во пукотницата што се случи денеска во Белград, во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар, убиени се осум деца и чуварот на училиштето, потврди српското Министерството за внатрешни работи. Српската полиција соопштува дека шест деца и еден наставник се ранети и се пренесени во болница. Ученикот од седмо одделение, К.К., роден 2009 година, кој се сомничи дека пукал во своите...

Вооружен напаѓач уби петмина во банката каде што работел, нападот го пренесувал на Инстаграм

Пет лица загинаа откако вработен во Старата национална банка (Old National Bank) во Луисвил, Кентаки пукал во банката и го пренесувал нападот во живо на Инстаграм, соопшти полицијата во САД. Би-би-си јавува дека жртвите биле на возраст меѓу 40 и 46 години. Во нападот повредени се деветмина, а меѓу нив и 26-годишен полицаец кој бил застрелан во главата и е...

Убиени шестмина во училиште во Нешвил, полицијата ја уби напаѓачката

Шест лица, од кои три деца биле убиени во пукање во основно училиште во Нешвил. Три од жртвите се на возраст од осум и девет години, возрасните жртви се на возраст од 60 и 61 година. Полицијата информира дека во децата пукала 28-годишната Одри Хејл, која беше убиена од полицијата. Според информациите од полицијата, Хејл била поранешна ученичка во училиштето....

Седуммина загинати во пукотници врз храм на Јеховини сведоци во Хамбург

Вкупно седум лица загинаа, а 25 се потешко повредени во нападот со пукање од огнено оружје на храм на Јеховини сведоци во германскиот град Хамбург, пренесе Гардијан. Според полицијата, на местото на настанот имало безживотно лице за кое се верува дека е напаѓачот. Засега нема информации зошто се случил нападот. Германскиот канцелар Олаф Шолц, го осуди „бруталниот чин на насилство“....

Двојно убиство во Старата скопска чаршија

Две лица вечерва се убиени во престрелка во Старата чаршија од Скопје, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, во угостителски објект неколку лица пукале кон Ј.К. и Е.И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница. Полицијата ја има блокирано улицата Самуилова која поминува меѓу Калето и Старата скопска чаршија. Според првичните информации, пукањето во...

Министерство за правда посочува неправилности во транспортот на избеганиот осуденик

Управата за извршување на санкциите во петокот спровела вонреден стручен надзор во КПД Идризово, со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бегството на осуденото лице Беким Мемети, информираше Министерството за правда. Со оглед на фактот, како што велат од Правда, што учесниците во настанот кои се припадници на затворската полиција (освен повредениот затворски...

МНР го осуди инцидентот со „Цар Борис III“ во Охрид, Бугарија со протестна нота и реакција до Брисел

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) најстрого го осуди вандалскиот чин што се случил вчера вечер, при што, меѓу другото,со употреба на оружје се оштетени стаклата на граѓанскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид. „Особено загрижува фактот што овие вандалски активности се повторуваат во многу краток период, имајќи предвид дека пред само неколку дена, на 20 ноември, бевме сведоци на...

На автопатот Штип-Скопје немало пукање и драма, туку сообраќајна несреќа

Наспроти објавата дека на 4 септември автопатот Штип-Скопје бил затворен поради пукотници, од МВР тврдат дека тоа не е вистина и дека во периодот од 19 до 19.30 часот автопатот бил затворен поради сообраќајна несреќа. Од МВР додаваат дека стојат на располагање за било какви информации од медиумите во иднина, со цел јавноста да биде навремено и точно...

Човекот што пукаше во масовниот убиец во Цетиње сè уште недостапен за полицијата

Жителот на Цетиње што вчера попладнето го застрелал и најверојатно го убил масовниот убиец Вук Бориловиќ (34), којшто претходно уби 10 луѓе и рани шестмина,од кој еден е полицаец, е сè уште недостапен за полицијата, соопшти Александар Бошковиќ, начелник на Отсекот за сузбивање на општ криминалитет во Секторот за борба против криминалот. Најмладите жртви на Бориловиќ се 8-годишно и 11-годишно...

Косово го одложи спроведувањето на правилото за влез во земјата, но барикадите останаа

Косовската влада го одложи спроведувањето на реципрочните мерки за менување на српските регистарски таблички и издавање привремени документи за престој во Косово за српските граѓани за 30 дена. Сепак, овие мерки денес стапија на сила откако двата гранични пункта во Јариње и Берњак, на северот на Косово, останаа затворени за сообраќај. „Одлуката за издавање влезно-излезен документ за граѓаните кои поседуваат...

Цуфи Кока и двајца демонстранти одат во осумдневен притвор

Цуфи Кока, кој завчера за време на протестите пукаше во воздух кај споменикот на Скендербег, потоа еден од демонстрантите што фрли молотов коктел кон Собранието, како и друг демонстрант што фрлал камења кон парламентот, добија 8-дневен притвор од Основен кривичен суд Скопје. Цуфи Кока се товари за кривичното дело предизвикување општа опасност. Пред судија на претходна постапка тој и останатите...

Инцидент помеѓу Македонци и Албанци во Скопје, повеќе истрели од огнено оружје

Повеќе истрели од огнено оружје, фрлање со камења и со шишиња, како и вербално и физично насилство се случи вечерва за време на одржувањето на протестот против прифаќањето на Европскиот предлог за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски обвини дека станува збор за полициска монтажа и обид за негов атентат додека...

Очевидец кој бил само неколку метри од убиецот во Осло зборува за Порталб.мк

Раните утрински часови во саботата, во Осло, Норвешка, се претворија во кошмар за многу граѓани кои случајно се нашле на местото каде се случи нападот на два локали, при што беа убиени две лица, а 21 лице повредени. Начинот како се случил целиот напад го видел и еден Албанец, чиј локал се наоѓа на неколку метри од местото на...

Две жени убиени на паркинг пред црква во Ајова, напаѓачот се самоуби

Маж застрела и уби две жени на паркингот на црква во државата Ајова во четвртокот, а потоа го сврте пиштолот кон себе, соопшти полицијата, додавајќи уште три мртви на билансот во серијата неодамнешни престрелки што ги потресоа Соединетите држави, извести Ен-Пи-Ар. Пукањето во Ајова се случи кратко откако претседателот Џо Бајден одржа големо обраќање за оруженото насилство по масовните престрелки...

Загинаа 19 деца и двајца возрасни од пукање на 18-годишник во училиште во Тексас

Најмалку 19 деца на возраст од 7 до 10 години и две возрасни лица беа убиени во пукањето во основно училиште во градот Увалде, во американската сојузна држава Тексас, јавува Би-би-си. Сомнежите се дека нападот го извршил 18-годишен средношколец со пиштол и полуавтоматска пушка, кој подоцна бил застрелан од полицијата. Официјалните власти засега не ги соопштуваат мотивите за крвопролевањето, но дополнуваат...

Пукање во метро станица во Њујорк: 13 лица се повредени

Најмалку 13 лица се повредени при пукањето во метро станица во Бруклин, Њујорк. Луѓето биле застрелани во инцидент што се случил од лице коешто носело гас-маска и побегнало од местото на настанот, јавува Би-би-си. Си-ен-ен пренесува дека пукањето се случило околу 8:30 часот наутро, а во метро станицата експлодирало средство за испуштање чад. Граѓаните надвор од станицата забележале чад, по...

До 500 евра казна за употреба и до 10 години затвор за продажба на петарди

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека и годинава спроведува превентивна кампања насочена кон петардите и другите пиротехнички средства, пред и за време на новогодишните и божинните празници. Истовремено, полицијата исто така и казнува за употреба, според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно членот 31, што предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска...

Четири лица се убиени, а двајца се повредени во Албанија поради расправија за поделба на плажа

Четири лица се убиени, а двајца се повредени во вооружен судир на плажа во Велипоја во северна Албанија, јавија албанските медиуми. Според првичните сознанија на полицијата, пресметката се случила по кратка расправија поради поделба на сопственоста над песочните плажи каде што се поставени лежалки, помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг. Албанскиот претседател Илир Мета побара целосна истрага за...

Тројца убиени на фестивал на лукот во Калифорнија

Три лица се убиени и уште најмалку 15 се ранети при оружен напад од еден напаѓач во Калифорнија, кој бил убиен од полицијата, јавуваат светските новински агенции. Нападот се случил вчера, а по пукањето на толпата, полицајци го идентификувале осомничениот сторители и го убиле а се трага и по втор можен сторител. Инцидентот се случил во градот Џилрот на педесетина...

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...