понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: пожарникари | 47 резултати

Донирајте на пожарникарите доброволци во Св. Николе

август 26, 2024

„Сложна заедница, гаража гради“, вели Доброволното противпожарно друштво – Св. Николе (ДПД). Тоа започна онлајн кампања за да собере средства за нова гаража каде би можеле да се чуваат своите ПП возила, за да тие бидат подобро заштитени и побезбедни. Може да донирате на ДПД – Св. Николе на следниот линк. „Седумдесет години старата гаража […]

При гаснење пожар се превртело противпожарно возило, повредени двајца пожарникари

јули 31, 2024

Вчера во 22.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека при гаснење на пожар во с.Орел, светиниколско, се превртело возило на Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Двајца пожарникари се здобиле со повреди, информираше МВР. Од Итната медицинска помош им била укажана помош, по што пожарникарите биле пренесени во болницата во Кавадарци.

Пожарникари кои го гаснеа пожарот на Серта, спасија куче од огнената стихија

јули 21, 2024

Работат по 12 часови во денот, борејќи се со пожарите кои ја зафатија планината Серта, а притоа успеваат и да направат хумани дела кои уште повеќе ја враќаат довербата кај граѓаните дека сепак постојат луѓе кои се грижат за сето она што природата го создала. Таков е случајот со пожарникарите од ТППЕ Штип, кои успеаја […]

ЦУК: Во последното деноноќие пријавени десет пожари на вегетација на отворено

јануари 28, 2024

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека од регионалните центри за управување со кризи во државата, има „зимски“ пожари на вегетација на отворено, а за тоа стасале десетина пријави во последното деноноќие. „По добиена пријава на бројот 112 за шумски пожар помеѓу селата Морани и Вражеле рид во општина Студеничани, веднаш е известена јавното […]

Во пожар во стан во Аеродром настрада 76 годишен човек

јануари 11, 2024

Седумдесет и шест годишно лице настрадало утрово во пожар кој избувнал во стан во зграда на улицата „Пандил Шишков“ во населбата Стар Аеродром, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). „Утрово е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, […]

Пожарникарите во Словенија спасија 22 дечиња од поплавена градинка [галерија]

август 4, 2023

Пожарникарите на доброволното противпожарно друштво „Менгеш“ соопштија дека успешно ги евакуирале сите 22 деца од градинката Гобице во општината Менгеш во Словенија. На Фејсбук страницата на доброволното противпожарно друштво можат да се видат драматични фотографии од спасувачите кои ги извлекуваат децата од поплавата. „Ги известуваме родителите од градинката Гобица дека успешно ги евакуиравме сите 22 […]

ЦУК: Граѓанин пали отпад во Скопје покрај напуштени и срушени објекти [видео]

јули 26, 2023

До Центарот за управување со кризи (ЦУК) утринава пристигнала видеонимка и пријава од граѓанин, направена во 08.40 часот утринава за неодговорно палење отпадоци во Скопје. Од ЦУК велат дека станува збор за локација во близина на ТВ Канал 5, до реката Вардар, каде што има голем број напуштени и срушени објекти. Од ЦУК информираат дека […]

Нема повредени во пожарот во Цементарница „Усје“

август 21, 2022

Нема повредени луѓе и поголеми штети во пожарот што денеска предпладне избувнал во Цементарница „Усје“ АД – Скопје. Како што соопштија од „Усје“, околу 11.30 часот се случил пожар предизвикан од дефект на електрична инсталација, по што биле повикани пожарникарите. Пожарот почнале да го гаснат вработени, а по пристигнувањето на пожарникарите, пожарот е ставен под […]

Деветнаесет пожарникари работеле на санирање на штетите од невремето во Неготино

август 17, 2022

Деветнаесет пожарникари работеле синоќа до 23 часот на санирање на штетите од невремето во Неготино, кое беше проследено со силен ветер и поројни дождови. „Општина Неготино, од 16:10 до 16:30 часот, беше зафатена од силен ветер и поројни врнежи од дожд, се направени штети, паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии […]

Повеќе од 30 пожарникари-доброволци летово ќе ја чуваат Шара од пожари

јуни 24, 2022

Повеќе од 30 волонтери од граѓанското Здружение за унапредување мерки за заштита од пожари „Доброволно пожарникарство“ од Тетово, заедно со граѓани од седум општини кои гравитираат на територијата на новиот национален парк „Шар Планина“ ќе се грижат за безбедноста и заштитата на планината од пожари. Волонтерите деновиве поминаа обука за справување со пожари на отворен […]

Порталб: По пожарот во Тетово, граѓанското општество загрижено за последиците од загадувањето, надлежните мислат поинаку

јуни 1, 2022

Завчерашниот пожар што избувна во претпријатието „Пофикс“ во Тетово го покри градот со црн чад. Иако податоците од Министерството за животна средина и министерот велат дека квалитетот на воздухот е во границите на нормалата, еколошките организации и активисти велат дека воздухот е загаден и дека пожарот освен што е предизвикана лоша миризба во градот, граѓаните […]

Гори поранешната фабрика „Треска“, голем облак чад се издигна над Скопје [Галерија]

април 14, 2022

Попладнево изби голем пожар во кругот на поранешната фабрика за мебел „Треска“. Голем облак чад се издига над Скопје. Пожарот веќе се гасне со екипи и возила на скопската Противпожарна бригада, а на местото има и полиција. Горат поранешни хали на фабриката, а во пошироката околина на фабриката се чувствува мирис на запалени дрва и […]

Скопските пожарникари вечерва интервенираа во поранешната фабрика „Треска“

септември 25, 2021

Екипа со едно возило на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје вечерва интервенирала во кругот на поранешната фабрика за мебел „Треска“ по дојава од граѓани за густ чад што се шири од фабричка хала. Екипата интервенирала и го изгаснала пожарот. „Тоа што сега се гледа како чад е само од испарувањето“ објаснија од скопска […]

Пожарот над железничката станица „Рајко Жинзифов“ уште се шири

септември 11, 2021

И претпладнево траат борбите на пожарникарите со големиот шумски пожар што вчера изби над железничката станица „Рајко Жинзифов” во близина на Велес. Пожарот бил пријавен во 13:10 часот во Територијалната противпожарна единица во градот од каде со осум пожарникари со две возила веднаш се вклучија во неговото гаснење. Пожарникарите на терен беа синоќа до 22 […]

Бројот на активни пожари се намалува, огнот во селото Раовиќ постојано се разгорува, жариштата ќе се бараат со термални камери

август 13, 2021

Бројот на активни пожари на територијата на С. Македонија се намалува. Во изминатите неколку денови стивнаа огнените стихии во Малешевијата, во Прилепско, Кумановско, а активни се помали локации во Скопско. Според информациите од Центарот за управување со кризи, вчера сè уште бил активен пожарот кај селата Дивље и Крушје и се ширел кон ливади со […]

Вистиномер: Додека пола држава гори, Ангелов твита спинови за политичките противници

август 13, 2021

Неспорно е дека државните институции треба навремено да реагираат на лажните вести. Но, демантите треба да бидат во насока на целосно, точно и транспарентно информирање на јавноста. А, не како во конкретниот случај со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, да се долева „масло на огнот“ преку спинови кои се во функција […]

Ангелов: Спречено ширењето на пожарот над селото Будинарци

август 10, 2021

Ширењето на големиот шумски пожар над малешевското село Будинарци е спречено со предизвикување контра-пожар, рече претпладнево на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој рече дека на борбата со огнената стихија кај ова место ангажирани се повеќе од 500 лица, од кои 136 пожарникари од Австрија со 52 возила, 45 […]

Заев: Ќе се садат нови дрвја во опожарените шуми, а граѓаните ќе бидат обесштетени

август 8, 2021

Премиерот Зоран Заев како и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, денеска беа во посета на беровискиот регион каде што во моментов е најголемиот пожар во државата. Заев во изјава за медиумите кажа дека граѓаните кои претрпеле штети, ќе бидат обесштетени, како и дека веќе се прави план за садење нови дрвја […]

Најкритична состојбата со пожарите е во Пехчевско и кај Македонски Брод

август 5, 2021

Шумските пожари по тромесечната суша во земјава се закануваат да уништат уште дрвја и друга вегетација, а напорите да се изгаснат најголемите жаришта уште не вродија плод. Во локализирања и гасење на шумските пожари се ангажирани пожарникарите, доброволци, војници, но и пет хеликоптери, од кои три дојдени на испомош од Србија. Од Бугарија стигнаа 25 […]

Шумски пожар над Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликоптер за заштита на селото

мај 2, 2021

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар над селото Галичник околу 13.30 часот, започнал координација со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја известил и АРМ, којашто ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и заштита на Галичник. Известена е и Дирекцијата […]

Страна 1 од 3