четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Пари | 411 резултати

МВР со кривични пријави за кражба за 10-мина вработени во Поштата во Чаир

мај 15, 2020

Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе поднесе кривични пријави против десет лица вработени во Поштата во Чаир, кои ги товари за кражба и за фалсификување, односно за проневера во службата и фалсификување службена исправа. Деветтемина пријавени и нивниот шеф се сомничат дека присвоиле пари од трансакциски сметки на граѓани. МВР ги сомничи З.Х. (29), Р.И. […]

Трамп привремено го прекина финансирањето на СЗО

април 15, 2020

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера најави дека земјата ќе престане со финансирање на Светската здравствена организација (СЗО), која ја обвини „дека потфрлила во исполнувањето на основната должност“. САД годишно придонесуваат со околу 400 милиони долари во ова тело, односно околу 15 отсто од вкупниот буџет на организацијата која функционира во рамките на Организацијата на […]

Компании, амбасади, институции донираа пари и опрема за справување со Kовид-19

април 9, 2020

Десетици домашни компании, организации, банки и институции донираа опрема и пари на Министерството за здравство, како поддршка во напорите на здравствените власти за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата. Освен тоа, пристигна и помошта од  Европска Унија во вредност од четири милиони евра и од САД, кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари […]

По 1.000 денари плус во април и во мај за корисниците на социјална помош

април 3, 2020

Околу 30.000 постоечки корисници во системот на социјална заштита ќе добијат износ од плус 1.000 денари, во април и во мај, како и дополнителна исплата на енергетски додаток за тој период. „За да добијат минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост за лицата ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи од сите […]

МРТВ доби 488.000 евра од АВМУ за заштита на новинарите и за производство на програма

март 25, 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги додели финансиска помош – донација за справување со последиците од корона вирусот Ковид-19 во вкупен износ од 105.000.000 денари (1,7 милиони евра). Од 103 милиони денари (1,6 милиони евра) наменети за радиодифузерите, 30 милиони денари (488 илјади евра) се за Македонска радио телевизија. Останатите комерцијални и непрофитни радиодифузери […]

ДИК ќе потроши најмалку 6,5 милиони евра за медиумската изборна кампања на партиите

јануари 8, 2020

Државната изборна комисија (ДИК) планира за изборните активности за претстојните предвремени парламентарни избори да потроши 571.500.000 денари (9.292.683 евра). Од нив, најголем дел или околу 400 милиони денари (6.504.065 евра), се планира да се потрошат за финасирање на медиумската кампања на политичките партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори. – За оваа намена за претседателските […]

Со платформата „Отворени финансии“ граѓаните ќе имаат увид во трошење на нивните пари во буџетот

ноември 20, 2019

Во Македонија конечно се отвори државниот трезор на Министерството за финансии и на увид на граѓаните ги ставаме минатите, сегашните и сите идни финансиски трансакции на буџетските корисници од буџетот, рече денеска премиерот Зоран Заев на промоцијата на веб-платформата Отворени финансии. „Електронскиот систем на трезорот го поврзавме со веб-платформата која ја нарековме Отворени финансии, во […]

Бузаку поднесе докази против поглаварот на ИВЗ во Обвинителство

октомври 4, 2019

Скендер Бузаку денеска во Основното јавно обвинителство ги достави, како што вели, првите докази за криминал од страна на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи, а најави и нови материјали. Несудениот наследник на Реџепи на првата позиција го обвинува реисот за перење пари и злоупотреба на уплатите од верници кои заминале на годинашниот […]

Ангеловска: Преку ребалансот, парите се распределуваат кај граѓаните и бизнисот

септември 19, 2019

Со ребалансот на буџетот се обезбедува поддршка за поголеми плати во приватниот и јавниот сектор, повеќе средства за активни мерки за вработување и средства за проектот „МојДДВ“, преку кој за помалку од три месеци на граѓаните ќе им биде извршен поврат на ДДВ, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска образлагајќи го истиот на собраниската Комисија […]

Кривична за четиримина од УБК, подигнале 824.000 евра „за посебни намени“

август 13, 2019

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска соопшти дека ја завршило истрагата почната во март годинава и поднело обвинителен акт за четворица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Тројца од нив со обвинителниот акт се товарат за Злоупотреба на службената положба и овластување, а еден за помагање во […]

Милион евра во „Луи Витон“ – објавени видео и аудио снимки поврзани со случајот „Рекет“

август 8, 2019

Италијанскиот весник „Ла Верита“ (Вистината) на своето онлајн издание објави делови од видео и аудио снимки кои се поврзуваат со случајот „Рекет“ во Македонија, во кој Бојан Јовановски – „Боки 13“ и Зоран Милевски – „Кичеец“ се сомничат дека изнудувале пари за да влијаат врз случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство, односно за одредена сума […]

Ревизорите во Министерството за одбрана утврдиле незаконски набавки, нецелосен попис и неосигурен имот

мај 22, 2019

Слабости во системот за јавни набавки во одбраната, незаконитости во набавките, нецелосен попис на имотот и неосигурен имот на Министерството за одбрана и АРМ утврдил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот за буџетот на Министерствоот за 2017 година. Ревизорите изразиле неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на […]

Американскиот долар е најомилена странска валута на македонските фалсификатори

мај 20, 2019

Експертизите на доставените сомнителни книжни и ковани пари во текот на минатата година откриле фалсификувани денари, американски долари и евра, покажува најновиот извештај на Народната банка. Од вкупно 1.031 направена анализа на странски валути се утврдени 919 фалсификувани пари и 112 оригинални пари. Во вкупниот број фалсификувани книжни девизи, најзастапени се американските долари (731 парче) […]

Најголем дел од парите во оптек се илјадарки (инфографик)

мај 10, 2019

Вкупниот износ на издадените пари во оптек на крајот од минатата година e 39,8 милијарди денари и во однос на крајот од 2017 година бележат зголемување од 3,6 милијарди денари или 10 отсто, покажуваат податоците објавени во годишниот извештај на Народната банка. Структурата на парите во оптек укажува дека на крајот на годината, книжните пари […]

Тевдовски: Внатрешната финансиска контрола ќе овозможи поефикасно трошење на парите

март 28, 2019

Преку обезбедување на сеопфатен систем на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, ќе се овозможи подобро управување со јавните средства, поголема отчетност и ефикасност во нивното трошење. Ова денеска беше истакнато на конференција во Министерството за финансии, пред претставници на Европската комисија, ОЕЦД и СИГМА, на која беше презентирана „Политиката за внатрешната финансиска контрола во јавниот […]

Народна банка ја одбележува Глобалната недела на парите

март 25, 2019

Народна банка од денеска ќе започне со одбележување на традиционалната Глобална недела на парите, со бројни активности од сферата на финансиската едукација. „Народната банка ќе оствари голем број активности за јакнење на свеста за потребата од поголема финансиска писменост, а истовремено ќе ги промовира и предностите од поголема финансиска вклученост. Впрочем, како своевидна најава на […]

Повеќе трошиме на алкохол, проституција и наркотици отколку на лекови

февруари 15, 2019

Македонските граѓани трошат многу повеќе пари на алкохол, проституција и наркотици отколку на лекови и книги, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.  Во периодот од 2014 до 2016 година годишните трошоци за проституција кај домаќинствата во земјава се зголемиле од 53 на 69 милиони евра, за наркотици од 32 на 39 милиони евра, а […]

Адеми: Пет отсто повисоки плати за наставниците од септември 

февруари 7, 2019

Во 2019 година, вкупно за образование ќе се трошат 26,1 милијарда денари, што е зголемување на буџетот за седум отсто повеќе од лани. Парите ќе се трошат меѓудругото, и за повисоки плати за наставниците, информира на брифинг со новинарите денеска министерот за образование и наука, Арбер Адеми. – Минатата година имаше зголемување на платите за […]

Анализа: Како се чуваат парите во приватните пензиски фондови?

февруари 6, 2019

Сите вработени по 1 ви јануари 2003 година станаа задолжителни осигуреници во вториот пензиски столб. Тие имаат право да изберат кое e двете пензиски друштва може да ги чува нивните пари од уплатени придонеси. Сумата со која располагаат приватните пензиски фондови од нивното формирање досега – е во пораст. На крајот од 2018 година во […]

МАПАС ќе ги информира пензионерите кои се оштетени со нераспределбата на пензиите

јануари 28, 2019

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), известува  дека во рамките на своите надлежности ќе соработува со надлежните институции заради заштита на интересите на членовите на пензиските фондови, поради скандалот со пензиите кој го откри Министерството за труд и социјална политика (МТСП). „Исто така, МАПАС ја известува јавноста дека ќе ги информира членовите за нивната […]

Страна 3 од 21