недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Пари | 411 резултати

Научниците бараат повеќе пари за науката

ноември 11, 2014

На светскиот ден на науката, научните работници од земјава укажаа дека е потребна посебна институционална организација која би била исклучително поврзана со науката. И покрај Националната програма за наука, научно-истражувачката дејност во земјава стагнира. Според дел од академската јавност, која работи на полето на науката без вложување, научен подмладок и без инфраструктура, но и со минимални […]

Преспанци ги чекаат парите од Владата за обештетување од невремето

ноември 11, 2014

Преспанските овоштари чекаат абер од Владата кога ќе им ги исплати парите како обештетување од невремето кое во јули годинава уништи преку 3.000 хектари под овошни насади. Овоштарите со месеци немаат одговор кога ќе го добијат обештетувањето и колку пари ќе им бидат исплатени за секој хектар. Градот ова лето ги уништи овошните насади од 70 […]

Почна исплатата за избирачките одбори од минатите избори

ноември 11, 2014

Државната изборна комисија од вчера почна со исплатата на парите за предвремените парламентарни избори кои се одржаа во април годинава, дознава агенцијата „Мета“. Оваа информација ја потврдија и од Државата изборна комисија. – Од вчера попладне почнавме со исплата на парите за избирачките одбори за претходните избори. Исплатата треба да заврши до крајот на неделата […]

„Принцес груп“ ќе гради хотел кај граничниот премин Богородица

ноември 11, 2014

Компанијата „Принцес груп“, која пред четири дена ја купи градежната парцела кај граничниот премин Богородица, вчера уплати 23,2 милиони денари, односно 375.000 евра, за земјиштето, информираат од Општина Гевгелија. На парцелата кај локалитетот Милци, со површина од 16.064 квадратни метри, инвеститорот ќе изгради хотелски комплекс. Објектот ќе се простира на површина од околу 72.000 квадратни метри и ќе […]

Обама од конгресмените ќе бара повеќе пари за борба против ИД

ноември 7, 2014

Американскиот претседател Барак Обама на денешната средба со конгресните лидери во Белата куќа треба да разговара за своето барање Конгресот да одобри армиска сила и дополнителни милијарди долари за борба против Исламската држава (ИД). На прес-конференција неделава, Обама најави дека ќе побара од законодавците да изгласаат употреба на армиска сила против ултрарадикалната милитантна група во […]

„Проктер енд Гембл“ непожелна во Аргентина

ноември 4, 2014

Аргентина привремено го забрани работењето на мултинационалната компанија „Проктер енд Гембл“ во земјата, обвинувајќи ја за испумпување пари и за затајување данок. Компанијата, која стои зад десетина најсилни светски марки, меѓу кои се и пелените „памперс“, батериите „дурасел“ и детергентот „тајд“, е обвинета дека испумпала 138 милиони долари од Аргентина, ги прикрила вистинските износи на […]

Кривична за светиниколец кој фалсификувал пари

октомври 30, 2014

Четириесет и шестгодишен жител на Свети Николе е осомничен дека минатиот месец на вработена во продавница ù подметнал фалсификувана банкнота од 200 евра. Како што информираат од полицијата, осомничениот С.В. кон средината на септември, отишол во продавница во селото Пеширово и побарал од вработената да му замени 200 евра во денари. Таа отпрвин не забележала дека […]

Страна 21 од 21