вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Охрид SOS | 10 резултати

Во очекување на Конечниот извештај на УНЕСКО за Охридскиот регион, во Охрид се уредува крајбрежјето

1 јуни 2021

Во пресрет на Конечниот извештај на УНЕСКО за Охридскиот регион што треба да биде објавен на 4 јуни, охридскиот градоначалник Константин Георгиески денеска на прес-конференција објаснуваше што се презема за отстранување на бесправно изградените објекти и за уредување на крајбрежјето на Охридското езеро. Иако досегашните најави се дека претстојниот извештај на УНЕСКО ќе содржи сериозни […]

Нов хотел ќе се изгради на местото на ресторанот „Парк“ во Охрид

24 февруари 2021

На просторот од 4.525 метри квадратни на ресторанот „Парк“ во Охрид, градежната фирма „Ремис“ како инвеститор, ќе гради нов хотел. Издадено е одобрение за градба за хотелски комплекс, приземје, три ката и поткровје во јуни 2018 година, при што се запазени сите тогашни важечки законски процедури и постапки. Одобрението е правосилно и согласно тоа одобрение, […]

Се гради „парапетче“ без градежна дозвола на една од плажите во авто-кампот „Градиште“

18 мај 2020

Викендов во Охрид повторно се актуелизира темата за градежни активности што се изведуваат до самиот брег на Охридското езеро, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од ѕидот што се гради на една од плажите на авто-кампот „Градиште“. Ова предизвикаа голем револт кај жителите на Охрид, кои бараат одговорност за ваквата постапка. За автентичноста на […]

Охридски „Комуналец“ за еден ден собра 150 вреќи ѓубре исфрлено во езерото

11 март 2020

По обилните врнежи дожд и големите бранови во изминативе денови, Охридското Езеро исфрли огромни количества отпад на потегот од кампот Љубаништа, манастирскиот комплекс Свети Наум, воениот камп па сѐ до границата со Албанија. Екипите на ЈП „Комуналец“ од Охрид вчера почнаа да го собираат исфрленото ѓубре од езерото. Само во текот на вчерашниот ден се […]

„Охрид СОС“: Последиците по биодиверзитетот во документите на владата се сведени на пејсажни ефекти

13 декември 2019

Од „Охрид СОС“ велат дека Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028 година и Стратегиската оценка за животна средина (СОЖС) кон овој план несоодветно го третираат влијанието на идниот автопат Требеништа – Струга и пругата Струга – Лин врз биодиверзитетот на регионот што е заштитен под капата на УНЕСКО. „Охрид […]

„Охрид SOS“: И власта и опозицијата тајно кројат нови еколошки катастрофи преку легализациите

28 март 2019

Иницијативата „Охрид SOS“ алармира дека Советот на Општина Охрид во тајност подготвува легализации што ќе значат нарушување на еко-сферата на Охридското Езеро, со објекти што ќе го нарушат природниот склад. Еко-активистите алармираат дека дивоградбите што се планирани за легализација, директно навлегуваат во Националниот парк „Галичица“ и обвинуваат дека советниците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ […]

Страна 1 од 1