понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: мониторинг | 37 резултати

Охридското езеро со една мерна станица, институциите без кадар и опрема за адекватен мониторинг на водите

август 26, 2021

Нема кадар, ниту опрема за да се врши адекватен мониторинг на езерата, реките и акумулациите во земјава, покажува истражувањето на Центарот за економски анализи (ЦЕА). Анализата, објавена во рамките на кампањата „Разбистри сè“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии, во соработка со Британската амбасада, покажува дека недостатокот на човечки капацитети и основни мерни инструменти […]

Премиерот Заев најави дека прочистувањето на правосудството ќе биде прв приоритет во 2021 година

декември 21, 2020

Длабоките и суштински реформи во правосудството се во своето финале, а наредната година приоритет број 1 во земјава ќе биде прочистувањето на правосудството, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на која ги претстави 10-те приоритети на кои ќе работи Владата на РСМ догодина во рамките на „Акција 21 – за европски стандарди дома!“ „Ќе […]

Уништена опрема на Македонското еколошко друштво за мониторинг на балканскиот рис

ноември 25, 2020

Несовесни граѓани целосно уништиле кафез – замка на Македонското еколошко друштво (МЕД) која служи за научно-истражувачки цели за следење на балканскиот рис. Опремата, која била лоцирана во месноста Суви Дол, Кичевско, е целосно уништена и не може повторно да се употреби за мониторинг на балканскиот рис, информираат од МЕД. Македонското еколошко друштво долги години спроведува […]

Центар за граѓански комуникации: 48 отсто од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки

август 5, 2020

Најниската цена и натаму е проблем број еден за компаниите, а дури 48 отсто од нив  сметаат дека има корупција во јавните набавки. Тоа го покажува најновиот Извештај на Центарот за граѓански коминикации (ЦГК) од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2019 година, како и добиените резултати од анкетата на фирмите за нивното искуство […]

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите добро организирани и покрај пандемијата, но правната несигурност останува грижа

јули 16, 2020

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија беа генерално добро спроведени и кандидатите можеа слободно да водат изборна кампања, но правната сигурност беше поткопана поради значајни промени на законската рамка и последователните владини уредби со законска сила, велат набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР во денешната изјава. „Ова се многу предизвикувачки времиња за одржување на избори, и ги препознаваме […]

ЦИВИЛ: Нотирани помали изборни нерегуларности помеѓу кои и еден случај на лажна вест

јули 15, 2020

Мониторингот на ЦИВИЛ што ги следи изборите бележи еден случај на лажни вести во периодот од 13 до 16 часот. Оттаму информираат дека во изборно место 2476 во Гази Баба еден гласач за Канал 5 дал изјава, откако гласал, тврдејќи дека параванот бил низок и дека набљудувачите му сугерирале за кого да гласа. Според набљудувачот […]

Хелсиншки комитет: Годинава пораснал бројот на пријави за говор на омраза

јули 9, 2020

Во периодот од 1 јануари до 30 април годинава, евидентирани се 298 пријави по различни категории за говор на омраза до веб-платформата govornaomraza.mk, покажува мониторингот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, спроведен со фокус на три пилот општини: Штип, Битола и Тетово. „Забележителен е порастот на пријави споредено со 2019 година. По прогласувањето на вонредната […]

Медиумите објективно и непристрасно известувале во предизборието, покажува мониторингот на ААВМУ

март 27, 2020

Националните телевизиски и радио програми објективно и непристрасно известувале во предизборниот период од 17 февруари до 16 март, покажува Извештајот од медиумското известување за предвремени парламентарни избори на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Во предизборниот мониторинг биле вклучени МРТ 1, МРТ 2 Програма на албански јазик, Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, […]

О2 апелира до пратениците: Забранете увоз и горење отпад, спасете не од отровот

јануари 21, 2020

Вие сте гласот на народот, затоа апелираме да ја изгласате предлог-измената на Законот за управување со отпад со кој ќе се забрани увозот на отпад кој се согорува во нашата земја, им се обратија денес со апел на пратениците во македонскиот Парламент од граѓанската иницијтива О2 по повод денешната седница во Собрание на чијшто дневен […]

Јавни набавки: Секој трети тендер со само една понуда, секој четврти поништен

декември 30, 2019

Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2019 година била влошена во однос на претходните две години. Во дури 35 отсто од мониторираните тендери за јавни набавки е регистрирано дека пристигнала само една понуда, покажува најновиот извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот јануари – јуни 2019 година на Центарот […]

ЦГК: Загрижувачки бројки кај тендерите на локално ниво на крајот на минатиот мандат

јуни 26, 2018

Во периодот април – септември 2017, постапките за јавни набавки спроведени од институциите на локално ниво се одликуваат со загрижувачки параметри, соопшти Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), изнесувајќи ги резултатите од својот нов извештај. Според ЦГК, и во периодот на набљудување продолжила тенденцијата да се јавуваат помалку од три понудувачи на локалните тендери, што е […]

Клиниката за хематологија најави засилен мониторинг на јавните набавки со лекови

мај 10, 2018

ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје информира дека организациите „Транспарентност Македонија“ и Здружението на граѓани за борба против рак „Борка“, со свои претставници ќе го мониторираат целокупниот процес на јавни набавки. „Согласно член 30, став 1 од Законот за јавни набавки, со својство на надворешни стручни лица кои не се вработени на клиниката, со делегирана надлежност […]

Медиумските реформи се во тек, темпото и квалитетот варираат од сектор до сектор

март 6, 2018

Реформите во медиумската сфера течат, но со различно темпо и квалитет во различните сектори, беше истакнато на денешната презентација на вториот периодичен извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“, Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), […]

Агенцијата за храна и ветеринарство го започна мониторингот за птичји грип

ноември 15, 2017

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од денеска почнува со мониторинг на птичји грип преку земање крв од домашна живина и диви птици што е пракса секоја година. По последниот случај на појава на болеста во февруари 2017, во Македонија досега не е регистриран нов случај на авијарна инфлуенца. Од втори ноември годинава АХВ воведе […]

ААВМУ поведе прекршочни постапки против ТВ „Нова“, „Алсат-М“ и „Телевизија 24“

октомври 4, 2017

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против „ТВ Нова“, „Алсат-М“ и „Телевизија 24“. Постапките, како што соопштија од Агенцијата, се поведени врз основа на извештаите од надзорот на медиумското известување за изборните, а во согласнот со Изборниот законик. ААВМУ повела прекршочна постапка против „ТВ Нова“ и „Алсат-М“ поради надминување на лимитот […]

АВМУ: ТВ „Нова“ и „Алфа“ се пристрасни, а другите медиуми пласираат псевдовести

септември 12, 2017

Радиодифузерите продолжуваат да ја следат веќе востановената уредувачка политика при известувањетo, при што особено се истакнува непочитувањето на професионалното начело за еднаков третман на различните гледишта, се вели во извештајот од надзорот на изборното медиумско известување за периодот од 27 август до 5 септември 2017 година, што го спроведува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). […]

АЕК донирала 2,8 милиони евра за изградба на панорамското тркало

јуни 28, 2017

Директорот на АЕК, Сашо Димитријовски, ѝ доделил донации на Велосипедската федерација, на која тој е претседател, а од вкупно 180 милиони денари донации, Агенцијата дала 175 милиони денари или 2,8 милиони евра на ЈСП, за изградба на панорамското тркало, покажува извештајот од надзорот спроведен од невладините организации „Евротинк“, „НВО Инфоцентар“, „Транспарентност Македонија“ и Хелсиншки комитет за […]

Секој трет тендер со еден понудувач, договорите без оглас тежат 34,8 милиони евра

јуни 20, 2017

Речиси секој трет тендер во Македонија е со еден понудувач, покажува извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јуни – декември 2016 година на Центарот за граѓански комуникации. Ова, како што стои во соопштението, е последица, пред сè, на малата конкуренција евидентирана во првата половина од 2016 година. „Во […]

ИРИ: Големиот број неопределени може да го намали водството на владејачката коалиција

декември 7, 2016

Додека анкетите покажуваат победа за владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, широкиот песимизам и значителниот процент на неопределени гласачи кој го покажуваат истражувањата, може да го намали водството на коалицијата и потенцијално да ги наруши нивните односи, се вели во предизборниот надзорен извештај на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Според ИРИ, излезноста на претстојните избори ќе биде повеќе од 60 […]

АВМУ: Телевизија „Нова“, „Алфа“ и „24 Вести“ го прекршиле Иборниот законик

ноември 25, 2016

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) при надзорот на изборното медиумско претставување на радиодифузерите, констатирала прекршување на Изборниот законик кај три телевизии, односно телевизија „Нова“, „Алфа“ и „24 Вести“. Од АВМУ посочуваат дека телевизијата „Нова“ прекршила два члена од Изборниот законик, емитувајќи платена програма на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Телевизијата го прекршила член 76, […]

Страна 1 од 2