Таг: МВР
таг: МВР
Кривична пријава за нелегалната наплата на паркинг кај поликлиниката Бит-пазар
По неколкумесечните пишувања на Порталб.мк за узурпираниот паркинг позади поликлиниката Бит-пазар, институциите конечно се одлучија да излезат на терен и да проверат кој наплатува незаконски за паркирање на оваа локација.
„Денеска (31.10.2023), во близина на Јавната здравствена установа – Поликлиника Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во содејство со Државниот...
Контраспин: Криминалните пресметки траат многу повеќе од седум години
Пресметките барем помеѓу главните мафијашки групи во Скопје датираат уште од крајот на деведесетите години, така што тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека траат седум години, т.е. од 2017 година, е спин. Тоа не го ослободува од обврска сегашното раководство на безбедносните структури да расчисти со мафијата колку што може поефикасно, пишува Вистиномер.
Текстот го пренесуваме во целост:
Тврдење на ВМРО-ДПМНЕ во кое има...
Повредени полицајци и затвореници при претрес во затворот Идризово
При претрес во Казнено-поправната установа Идризово биле пронајдени 82 ножа, 63 мобилни телефони, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога, известува Министерството за внатрешни работи.
За време на претресот се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор. Таа била совладана од страна на полициските службеници. Со повреди се здобиле десет полициски службеници и дел од затворениците.
Пред Ургентната клиника...
Малолетник украл пари од турист од Сингапур во скопската чаршија
16-годишен малолетник вчера ограбил турист од Сингапур во Старата скопска чаршија, а откако бил фатен од полицијата против него ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 26.10.2023 во 16.25 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар при СВР Скопје е лишен од слобода 16-годишник од Скопје. Според...
Кочанчанец си повлекол пари од туѓа дебитна картичка
Одделението за внатрешни работи во Кочани, поднесе кривична пријава против Р.А. (56) од овој град бидејќи од туѓа дебитна картичка вадел пари од банкомат.
„Кривичната пријава е поднесена поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 01.06.2023 во еден наврат неовластено навлегол во трансакциска сметка на П.К. од Кочани, со намера за...
Пет навивачи приведени на вчерашното кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ
Вчерашното кошаркарско дерби меѓу МЗТ-Скопје и Работнички во спортската сала „Кале“ во Скопје им создаде полни раце работа на полициските службеници. Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека пет навивачи биле приведени, од кои еден бил малолетник што агресивно се однесувал кон полицајци и физички нападнал еден од нив додека полицаецот извршувал службени дејствија.
Четири други лица се приведени поради...
МВР за седум години поднела 919 кривични пријави за нелегална сеча на шуми
Министерството за внатрешни работи (МВР) од 2017 година до денес поднело 919 кривични пријави за нелегална сеча на дрва и пустошење на шуми, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во телевизиски прилог на јавниот сервис МТВ.
Спасовски информираше дека покрај превентивни мерки, сериозно се работи и на репресивни мерки на откривање нелегална сеча на шуми.
„Сега започнавме и со...
Ќе заседава Советот за безбедност, Спасовски вели земјата е стабилна
Советот за безбедност ќе биде свикан до крајот на овој месец, најави Претседателот Стево Пендаровски. Тој, за емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21 посочи дека тема на средбата ќе бидат најновите случувања на Блискиот Исток и во Украина, но и на северот на Косово каде што земјава има свој контингент војници којшто треба да се зголеми по барање на...
Жена измамена преку „Фејсбук“: Ветил дека ќе ѝ помогне, а ѝ украл над 500 евра
Жена од Кочани била измамена од 65-годишно лице од охридскиот регион кое ветило дека ќе ѝ даде донација за нејзиното лекување, информираат од МВР. Таа му уплатила вкупно 34.100 денари до 12 април годинава, во надеж дека ќе добие помош за лекување. По овој датум, пријавениот ја блокирал жената на телефон и Фејсбук, а таа го пријавила во полиција.
„Надворешната...
Посебен режим на сообраќај утре и в среда во Скопје
Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека поради симулациска вежба за итна ситуација –земјотрес, насловена „Хуманитарен одговор 2023“ во организација на Црвен Крст на РСМ и под покровителство на Претседателот на државата, во Градски парк Скопје, на 15.10.2023 година (недела), во периодот од 9 до 14 часот ќе се одржи генерална проба, по што затворени за сообраќај ќе бидат...
Четири лица претепале овчар, па го врзале за дрво
Четири лица физички нападнале, а потоа врзале за дрво 53-годишен жител на кочанското село Нивичани. Настанот се случил вчера претпладне на место викано „Ливади“ во атарот на пробиштипското село Турско Рудари, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
53-годишниот Г.К. од Нивичани работел како овчар. Набргу откако четворицата напаѓачи го врзале за дрво, истиот бил пронајден од жител на Турско...
МВР со дисциплинска одговорност за вработениот кој дава поддршка на Хамас
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека против неговиот вработен А.С. ќе биде поведена дисциплинска постапка, односно ќе следуваат соодветни санкции поради неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел. Претходно, поранешниот технички министер за внатрешни работи и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев објави дека висок началник во Министерството за внатрешни работи дава јавна...
[ВИДЕО] Пожарникар исчезнал при гаснење пожар во штипско, МВР и „Тигрите“ го пронашле
Денеска околу 12 часот и 30 минути, Министерството за внатрешни работи (МВР) добило известување од Центарот за управување со кризи (ЦУК) дека е исчезнат пожарникар кој бил ангажиран во гаснење на пожар во штипското село Селце.
Како што соопшти полицијата, по добиеното известување, во потрага по пожарникарот се вклучиле хеликоптер Бел 412 од хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот...
Исчезнат Французин пронајден на граничниот премин Богородица
Човек кој во Франција бил пријавено за исчезнат, македонските полициски службеници го пронашле на граничниот премин Богородица кон Грција.
Полицајците и припадниците на ФРОНТЕКС го затекнале 21-годишниот С.И. при илегален влез на територијата на земјава, при што тој дал лажен исказ за личните податоци.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека по дополнителни проверки, во соработка со Секторот за меѓународна...
Државата ќе им плати над 13.000 евра на сексуални работници поради повреда на нивните права
Државата ги изложила сексуалните работници на нехуман и понижувачки третман додека биле лишени од слобода во полициска станица, оставени цела ноќ без храна, вода и пристап до тоалет. Вака пресуди Европскиот суд за човекови права во случајот Д.Х. и други против Северна Македонија бр. 44033/17.
Како што соопштија од Здружението ХОПС, Судот утврдил повреда на правото на приватност поради објавата...
Предизвикал пожари и ги признал делата – приведено лице од радовишко
Два пожара летово предизвикал жител на радовишкото село Али Коч, при што во еден од пожарите постоела опасност да биде зафатена и куќа.
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека полициски службеници од радовишката полициска станица вчера го лишиле од слобода 52-годишниот С.Р. Тој се сомничи дека во понеделникот предизвикал пожар на местото викано „Градска корија“ во Радовиш, при што...
Прилепчанец лажел жена дека ќе ѝ купи апартмани во Струга, ѝ изнудил 23.000 евра
Измама од 23.000 евра сторена преку мобилни апликации е пријавена во полицијата од жена, која била доведена во заблуда дека 41-годишен прилепчанец ќе ѝ помогне да купи три апартмани во Струга, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.К. (41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“...
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради атлетска трка
Утре (недела 17 септември 2023 г.) од осум часот наутро во Скопје Министерството за внатрешни работи ќе спроведе посебен режим на сообраќај поради одржување на атлетска трка.
Полицијата информира дека трката ќе се одвива по следната траса:
Стартно/целна позиција на ул.„Беласица“ пред трговскиот центар “Ист гејт мол“, десно по бул. „Гоце Делчев“(десна коловозна лента), потоа повторно по бул. „Илинден“ (десна коловозна...
Полицискиот хеликоптер Бел ер 412 го локализирал пожарот кај Осинчани исфрлајќи 15 тони вода
Откако завршил со гаснење на пожарот кај Чашка, вчера околу 14 часот хеликоптерот на МВР од типот Бел ер 412 бил испратен во реонот на селото Осинчани каде беснеел пожар, јави МВР.
„Хеликоптерот Бел ер 412 од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР во повеќе налети исфрли над 15 тони вода, со што успешно и целосно и овој пожар...
Хорор во Струмица: 25-годишник силувал 81-годишна жена
Кривична пријава ќе добие 25-годишно лице од Македонска Каменица поради извршено силување на 81-годишна жена во Струмица, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 13.09.2023 во 22.30 часот во струмичко, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица. Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко“,...