вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Зијадин Села | 15 резултати

Таравари: Куршумот потсетува на Италија кога мафијата го уби Фалконе

5 февруари 2024

Откако денеска во раните утрински часови беше пронајден куршум во дворот од неговата куќа, попладневo реагираше претседателот на Алијансата на Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари. „Жал ми е за моето семејство и особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за тие политичари кои покажуваат дека нивниот […]

Врие во Алијанса за Албанците, на конец виси тандемот Таравари-Села

5 февруари 2024

Кулминира внатрепартиската битка во Алијанса за Албанците, меѓу лидерот на партијата Арбен Таравари и претседателот на партиското Централно собрание Зијадин Села, која постоеше и претходно, но зовре при отворањето на прашањето за коалицирање на претстојните избори. Таравари неодамна беше кај косовскиот премиер Албин Курти заедно со опозиционерите, а вчера објави дека со потписи добил подршка […]

Алијанса на Албанците и Алтернатива се против одложување на пописот

30 март 2021

Лидерите на Алијанса на Албанците и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши, денеска на прес-конференција во Собранието истакнаа дека не го прифаќаат одложувањето на теренското попишување, кое требаше да почне на 1 април, а е одложено за на 5 септември. Тие најавија дека нивните 12 пратеници ќе гласаат против промена за Законот за попис. Гаши […]

Села-Гаши: ДУИ нема легитимитет, тие се само форма без содржина

19 август 2020

Лидерите на коалиционите партии „Сега е време“, Зијадин Села од Алијансата за Албанците и Африм Гаши од „Алтернатива“, денеска одржаа прес-конференција во врска со постигнатиот договор меѓу СДСМ и ДУИ за формирање на влада. Тие овој договор го нарекоа погреб на демократијата и симболична форма без содржина, пишува Порталб.мк. Зијадин Села рече дека во овие […]

Ниту еден од поканетите лидери на албанските политички партии не дојде на средбата кај Ахмети

13 август 2020

Поканата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, лидерите на албанските политички партии да ја одбележат со заедничка средба 19-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, беше неуспешна, бидејќи не се појави ниту еден лидер на албанските партии што влегоа во новиот состав на парламентот. Али Ахмети со Теута Арифи и Артан Груби во хотелот „Парк“ […]

Села и Гаши побараа да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците

28 јули 2020

Kоалицијата на Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива на вчерашниот „Марш за демократија“ во Скопје порачаа дека ДУИ не е победник на овие избори и нема легитимитет да го застапува албанскиот народ во Северна Македонија. Оттука, лидерите на двете партии Зијадин Села и Африм Гаши во обраќањето пред делегацијата на ЕУ од маршот упатија две […]

Лидерите на албанските партии очекуваат победа, Села обвини за инциденти

15 јули 2020

Лидерите на албанските политички партии во земјава денеска го остварија своето право на глас, при што секој од нив изјави дека се надева на победа во албанскиот политички кампус. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети гласаше во Зајас, Кичево. Ахмети по гласањето изјави дека посакува регуларен процес и да се почитуваат здравствените препораки. Тој исто така […]

Партиските лидери не зборувале за одложување на изборите, митинзите ќе ги прават онлајн

12 март 2020

По координативната средба со претседателите на политичките партии околу состојбата со корона вирусот, премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција рече дека од партиите побарал да искажат одговорност и дека сите се согласиле дека е најважно здравјето на граѓаните. Премиерот соопшти дека не се случило тоа што се очекуваше – да се разговара за одложување на изборите […]

Предлог законот за Јавно обвинителство во Собрание, Села бара обвинител од странство

23 јули 2019

Новиот предлог-закон за јавното обвинителство, денеска влегува во собранска процедура. Тој предвидува Специјалното јавно обвинителство да премине под капата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, како Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, а со него да раководи обвинителката Вилма Русковска, која сега е прв човек на Основното јавно обвинителство за гонење […]

Анкета: Третина од граѓаните не му веруваат на ниту еден политичар

28 јуни 2019

Дури 30,1 отсто од граѓаните немаат доверба во ниту еден политичар, а од оние што сепак им веруваат на политичарите, најголем дел (18,3 отсто ) се определиле за премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Втор „по популарност“ е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со 11,7 отсто, а на третото место е избеганиот поранешен премиер […]

Протест за ослободување на Абдулфета Алими – „Правдата не е пазар“

22 март 2019

Пред Кривичниот суд во Скопје попладнево под мотото „Правдата не е пазар“ се одржа протест против седумгодишната затворска казна на Абдулфета Алими, кој беше осуден на седум години затвор поради насилството во Собранието на 27 април 2017 година, пренесува „Порталб“. Демонстрантите се собраа на плоштадот „Скендербег“, а потоа тргнаа кон судот носејќи плакати со ликот […]

Страна 1 од 1