понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: закони | 170 резултати

Собирањето потписи за лицата со посебни потреби продолжува во другите градови

април 24, 2017

Денеска до пладне во Штип, 600 граѓани се потпишаа во книгите за собирање потписи за измена на закони и на подзаконски акти за соодветни права на децата со посебни потреби. Претседателот на здружението „Сплотени срца“, Зоран Мијалков, кој е и татко на дете со посебни потреби, изјави дека очекува акцијата да се интензивира. – Денеска и […]

СДСМ: Ако не се одблокира Собранието, следува целосна блокада на државниот систем

април 24, 2017

Парламентарното мнозинство има должност да ја реализира мнозинската волја на граѓаните и да ја спаси државата од хаос, а граѓаните од егзистенцијален крах, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Од партијата велат дека уставниот поредок на државата е нарушен со неразумното однесување на Никола Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои за да […]

СДСМ: Иванов да го прекине самоволието

април 19, 2017

„Иванов ќе добие и официјално известување од новиот собраниски претседател дека е демократски формирано легитимно парламентарно мнозинство и дека мора да постапи согласно Уставот и волјата на граѓаните и да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да ја формира новата влада“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на претседателот Ѓорге […]

Заев со амбасадорската четворка: Македонија мора да ги продолжи демократските процеси

април 19, 2017

Република Македонија мора да ги продолжи демократските процеси. Ова било констатирано на денешната средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија во земјава, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стефансон и Ваутер Пломп. – Парламентарното мнозинство од 67 пратеници е подготвено да ја реализира граѓанската волја за […]

СДСМ: Вељаноски и Иванов се должни да овозможат мирен трансфер на власта

април 18, 2017

„Трајко Вељаноски и Ѓорге Иванов не смеат противуставно и противзаконски да ги блокираат демократските процеси. Тие се должни, во согласност со Уставот и со законите, да овозможат мирен трансфер на власта“, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Во него се додава дека и во Македонија, како и секаде во светот, формираното парламентарно мнозинство […]

СДСМ: Новата влада ќе се грижи за потребите на граѓаните и за државните интереси

април 13, 2017

„Во следниот период, многу бргу граѓаните ќе ја добијат својата влада според деловникот, Уставот и законите. Новата влада ќе се грижи за нивните реални потреби и за државните интереси и тоа е врвен приоритет што ќе се оствари“, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Во него се додава дека „работниците ќе добијат зголемување на […]

„Мост“: Минатиот парламентарен состав ѝ бил подреден на Владата

април 12, 2017

Пратениците од минатиот состав на Собранието во 2016 година биле подредени на Владата, посочува првиот извештај од надзорот на работата на Собранието на Република Македонија од проектот „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“ на граѓанската асоцијација „Мост“. Од 365 постапки за донесување закони во Собранието на Република Македонија во претходниот парламентарен состав, во периодот од […]

Бизнисмените плаќаат казни бидејќи не можат да го следат брзото менување на законите

март 27, 2017

Стопанствениците најчесто се казнуваат поради непознавање на законите, затоа што постојано се менуваат, а понекогаш се сложени и нејасни. Ова беше истакнато на информативната сесија која се одржа во Тетово, во рамки на проектот – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Целта на проектот, финансиски поддржан од УСАИД, е зајакнување на капацитетите на бизнис-заедницата за следење […]

Вангеловски најавува дека на новата влада ќе ѝ поднесе пакет барања за реформи во судството

март 24, 2017

Врховниот суд до новата влада ќе поднесе пакет барања за измени на дел од законите што се однесуваат на судството, рекол денеска новиот претседател на највисокиот суд во земјава, Јово Вангеловски, на брифинг со новинарите, пренесува „Телма“. Како што најавил Вангеловски, ќе бидат иницирани измени на Законот за судовите, Законот за одмерување на казните, Законот за […]

ОРМ подготвува предлог за измени на законите за извршување и за нотаријат

февруари 15, 2017

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) формираше работна група која треба да состави предлог-измени и дополнувања на Законот за нотаријат и на Законот за извршување. „Со некоку спорни одредби во законите кои ја регулираат нотарската и извршителската дејност, кои стапија во сила од почетокот на оваа година, неправедно им е оневозможено на правниците кои работат во […]

Повеќе од 300 пензионери оштетени со вториот пензиски столб, најавени измени на законите

јануари 26, 2017

Повеќе од 300 пензионери ќе земаат значително пониски пензии бидејќи се зачлениле во вториот пензиски фонд. Случајот го обелодени Народниот правобранител, до кого неколкумина оштетени пензионери поднеле претставки во врска со случајот. Станува збор за граѓани кои во 2005 година имале од 10 до 15 години до пензионирање и се зачлениле во вториот пензиски столб, […]

За СЈО, Уставен, Врховен и за Кривичен суд, новото собрание ќе биде судбинско

декември 27, 2016

Периодот по конституирањето на новиот состав на Собранието на Република Македонија, за кое крајниот рок е 31 декември, ќе биде нова реалност за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и за најважните судови во земјава – Врховниот, скопскиот Кривичен и Уставниот суд, кои тешките прашања ги оставија за решавање по изборите. Новата постизборна реалност, која првите црти од својот […]

Коморите се здружуваат за да се донесат подобри закони за компаниите

декември 19, 2016

Повеќе стопански комори ќе соработуваат следните четири години за да се донесе подобра бизнис-регулатива, бидејќи законите последниве години наместо да ја олеснат и да ја поедностават работата на компаниите, дополнително ја комплицираат. Тие често се менуваат, не се разбирливи и поради тоа, тешко може да се следат. Ова денеска беше кажано на прес-конференцијата во Стопанска комора […]

Навремено одговоривме на сите барањата на СЈО, тврдат од „Македонски телеком“

ноември 21, 2016

Телекомуникацискиот оператор „Македонски телеком“ денеска соопшти дека навремено одговорил на сите барања на Специјалното јавно обвинителство и дека од операторот остануваат отворени за понатамошна соработка со надлежните органи. „Најодговорно тврдиме дека навремено сме обезбедиле одговори на сите барања од Специјалното јавно обвинителство и остануваме отворени за понатамошна соработка со надлежните органи. „Македонски телеком“ е компанија која […]

Чичаковски: Собранието не собра сили да направи баланс во изборните единици

ноември 20, 2016

„Собранието не собра сили да направи баланс во изборните единици. Нееднаквоста во бројот на запишани избирачи по изборни единици може да го загрози еднаквото право на глас, но тоа треба да го оцени Уставниот суд. Ние ќе го спроведеме законот“, вели претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски во неделното интервју на „Радио Слободна […]

Партиите ја злоупотребуваат државата и политички дискриминираат

ноември 8, 2016

Нема јасно разграничување помеѓу партиите и државата, се злоупотребува државниот систем и постои политичка дискриминација, а со тоа се прекршуваат низа закони, е заклучокот од конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“, организирана од граѓанската асоцијација „Мост“. Уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска вели дека во Македонија постои политичка дискриминација и дека луѓето се дискриминираат бидејќи припаѓаат […]

Повторно не поминаа законите на Павле Трајанов за олеснување на работата на СЈО

октомври 17, 2016

Прaтеникoт Пaвле Трaјaнoв нa денешнaтa седницa нa Сoбрaниетo пoбaрa зaкoните што ќе ја олеснат работата нa СЈO дa се стaвaт нa дневен ред. – Кoгa веќе имa и други зaкoни, сaкaм уште еднaш дa ги предлoжaм зaкoните зa зaштитени сведoци и зa рaбoтaтa нa СЈO. Сo oвa ќе oвoзмoжиме СЈO дa биде пoефикaснo и дa мoже дa си […]

Утре се распушта Собранието, ќе се гласаат буџетот и, можеби, законите за СЈО

октомври 16, 2016

На утрешната седница треба да се распушти Собранието на Република Македонија за да може на 11 декември да се одржат предвремени парламентарни избори. Иницијативата за распуштање на Собранието ја даде СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ ја прифати со услов претходно да се усвои буџетот за 2017 година. Точката за распуштање на Собранието ќе биде веднаш по точката […]

Собранието не се распушта, ќе ги чека буџетот и Хан, а в четврток пленарна со набиена агенда

октомври 10, 2016

Откако Собранието и официјално закажа пленарна седница за четврток (13 октомври), јасно е дека пратениците нема да се распуштат в среда (12 октомври). Како што пишуваше „Мета“, првата причина е што собраниската расправа за буџетот за 2017 година сè уште не е завршена. Документот сè уште се разгледува на собраниските комисии, а потоа треба уште […]

Караџовски: Изјавите на Јанева се неетички, нецивилизирани и некултурни

октомври 7, 2016

Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Караџовски, денеска посвети поголем дел од изјавата за медиумите за настапите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, во врска со работата на судовите. Тој за изјавите на Јанева рече дека се крајно неетички, нецивилизирани и некултурни, посочувајќи ја нејзината изјава дека СЈО води истраги за судии во […]

Страна 5 од 9