Таг: долари

таг: долари

Цариниците на „Богородица“ спречиле сопружници да изнесат од земјава 16.000 долари

Царински инспектори од мобилен тим на секторот за контрола и истраги спречија обид на двајца сопружници нелегално да изнесат од државата девизи во вредност од 16 илјади долари, соопштија во Царинската управа. „Сопружниците кои се македонски државјани, на излез од државата на граничен премин „Богородица“ на прашање од страна на мобилни инспектори дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат...

Ковид-19 му донесе загуби на светскиот туризам од 320 милијарди долари

Светската туристичка организација (UNWTO) ги објави загубите во туризмот настанати поради пандемијата на ковид-19. Во мај годинава тие изнесуваат 320 милијарди долари, при што е забележан пад од 300 милиони туристи. Тоа е за три пати повеќе од загубите во 2009 година, за време на светската економска криза. Последното издание на Светскиот туристички барометар покажа дека ограничувањето на движењето, кое...

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар, а на дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 72 денари, на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 74 денари. Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство по 52,50 денари...

Извозот во првите осум месеци поголем за 13,2 проценти во однос на лани

Во периодот од јануари до август 2017 година, извозот изнесувал 3.530.976.000 долари и бележи пораст од 13,2 проценти во однос на истиот период од лани, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.777.516.000 долари, што е за 8,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит во првите осум месеци изнесува 1.246.540.000...

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос е најбогатиот човек во светот

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, е на прво места на листата на најбогати луѓе во светот откако цената на акциите на компанијата се зголеми, пишува магазинот „Форбс“, кој секоја година прави ранг-листа на најбогати луѓе во светот. Аналитичарите проценуваат дека цената на акциите на „Амазон“, која сега изнесува 1.071 долари за една акција, ќе се зголеми двојно. Безос поседува 17 проценти од...

Кичевец украл евра, долари и злато од возило со американски ознаки

Кичевецот Е.М. (20) ограбил џип со американски регистарски таблички, од кој одзел 9.450 евра и 4.720 американски долари, поголем број златни синџири и друг златен накит, како и четири патни исправи. Поради постоење основан сомнеж дека извршил кражба, полициската станица од Кичево му поднесе кривична пријава. Пријавениот, на 28 јули годинава, од возилото одзел кожена женска чанта, со што стекнал противправна имотна корист од околу...

Лик на Афроамериканка на новата банкнота од 20 долари

Ликот на американската активистка за укинување на ропството од 19 век, Харијет Табман, ќе биде на новата банкнота од 20 долари и на тој начин ќе се најде меѓу ликовите на претседателите Џорџ Вашингтон, Абрахам Линколн и Бенџамин Френклин, кои се наоѓаат на американските банкноти. Тоа ќе биде првпат ликот на една црнкинка да се најде на американска банкнота и...

Женски лик за првпат на доларска банкнота

Женски лик ќе ја краси новата верзија на банкнотата од 10 американски долари. - Преку американската валута нашата нација покажува кои сме и за што се залагаме. Нашите банкноти со слики на големите американски лидери и со симболи веќе долго време се начин на кој ние изразуваме почит кон нашето минато и ги изразуваме нашите вредности. Само неколкупати досега сме...

Платил во кафеана со сувенир-долари

СВР од Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишен охриѓанец поради основано сомневање дека фалсификувал пари, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот. На 22 ноември минатата година, пријавениот на свој пријател, кој работел како ноќен чувар во кафе-бар, му дал банкнота од 100 американски долари за да ја размени за денари. Со образложение дека имал долари што сакал да ги размени, бидејќи му требале денари да...

Еврото поскапе во однос на доларот

Откако министрите од еврозоната се согласија да го продолжат спасувачкиот план за Грција за нови четири месеци, еврото ја зголеми својата вредност во однос на доларот. Златото во петокот поевтини при променливата трговија, по одлуката на Еврогрупата.  

Саудиска Арабија со буџетски дефицит од 39 милијарди долари

Саудиска Арабија се соочува со буџетски дефицит во вредност од 145 милијарди риали (околу 39 милијарди долари) или пет проценти од БДП следната година, објавија од локалното министерство за финансии, соопштува „Блумберг“, а пренесе „Бизнисвести.мк“. За споредба, за оваа година, негативното салдо на јавните финансии од кралството се очекува да биде речиси три пати помало – 54 милијарди риали. Ниските цени на...

Во судир се разлетаа два милиони долари, граѓаните пресреќни

За неколку миниту, два милиони долари исчезнале во сообраќајна несреќа во Хонгконг. Имено, возилото што пренесувало пари се судрило со друго возило, а парите почнале да летаат на сите страни. Случајните менувачи веднаш почнале да ги полнат торбите. Rush for money after security van spills banknotes on Hong Kong road http://t.co/z1PW9XJlce via @euronews pic.twitter.com/9iSkJSgIeA — David Jones (@_dpaj) December 24, 2014 Hong Kong crash...

Руската економија може да загуби 140 милијарди долари

Најмалку 40 милијарди долари може да загуби руската економија поради геополитичките санкции. Од  90, пак, до 100 милијарди долари може да изгуби поради падот на цената на нафтата, изјави рускиот министер за финансии, Антон Силуанов. Причината за намалување на цената на нафтата е зголемувањето на производството во Саудиска Арабија, Либија и во Ирак, незаконска продажба по ниски цени која ја...

Албанија со 150 милиони долари ќе го обновува енергетскиот сектор

Доставувањето на заемот беше одобrено на 29 септември од Управниот совет на СБ
Албанската влада и Светска банка во Тирана потпишаа спогодба за заем во износ од 150 милиони долари за финансирање проект за преструктуирање на енергетскиот сектор во Албанија, кој се наоѓа на прагот на банкрот. Доставувањето на заемот беше одобрено на 29 септември од управниот совет на СБ и има цел да ја подобри финансиската состојба и одржливоста на тој сектор, со...

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...