Таг: буџет

таг: буџет

Манчевски: Во два часот наутро, Коце и мнозинството донесоа буџет против интересите на Скопје

Коце Трајановски во текот на целиот ден не присуствуваше на седницата во расправата за буџетот на Град Скопје. Тој не беше тука да го брани сопствениот буџет и интересите на граѓаните, оние кои го гласале, рече на прес-конференција Дамјан Манчевски, координатор на советничката група „Сојуз за иднината“. - Коце Трајановски и владејачкото мнозинство, вечерва, во два часот наутро, го усвоија буџетот, којшто...

Ѓеорѓиев: Изградени 20, за четири години уште 40 нови детски градинки

Владата, заедно со општините, за шест месеци обезбедила 20 нови градинки, во кои се очекува да престојуваат 860 деца, а за следните четири години се планира да бидат изградени најмалку 40 детски градинки, соопшти портпарлот на владата, Александар Ѓеорѓиев. Како што појасни Ѓеорѓиев, станува збор за три типа објекти, односно новоградби, доградби и адаптација на веќе постоечки објекти. Од буџетот на...

СДСМ: Власта да не ги полни буџетските дупки преку хонорарците

СДСМ најостро се спротивставува на донесениот закон со којшто фирмите и граѓаните од 2015 година се изложени на нови трошоци! - Станува збор за новите издатоци при договорите на дело и авторските договори. Тоа се дополнителни плаќања за придонеси за здравствено, пензиско и за инвалидско осигурување при примања хонорари, чијашто сума е поголема од проектираната минимална плата, т.е. 9.500,00 денари, без...

Нема договор за буџетот на ЕУ

По седумчасовни преговори, владите на земјите-членки на Европска Унија и Европскиот парламент не постигнаа спогодба за буџетот на ЕУ за следната година. Сега предлогот треба да се врати во Европската комисија, која треба да подготви нов нацрт-буџет.  

Собраниска седница на Комисијата за финансирање и за буџет

Седница на Комисијата за финансирање и за буџет денеска ќе се одржи во Собранието на Република Македонија. На дневен ред се измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за јавни набавки и на Законот за користење и за располагање со стварите на државните органи, сите во второ читање. Комисијата ќе ги разгледа и предлог-законот за затворање на...

Хрватска повеќе одвојува средства за црквата отколку за сиромашните

Католичката црква во последните 10 години од државниот буџет на Хрватска добила 782 милиони евра, пишува хрватскиот весник „Јутарни лист“. Податокот првпат е достапен за јавноста откако Владата на оваа земја одговори на пратеничко прашање на претседателката на лабуристите, Нанси Тирели. Таа уште во август упати прашање до Владата за тоа колку пари се уплатени од буџетот на сите верски заедници, вклучувајќи...

Попис во Македонија нема ни догодина

Во нацрт-буџетот за наредната година нема предвидено пари за попис. Ниту во ставката на Државниот завод за статистика (ДЗС) ниту, пак, кај Државната изборна комисија(ДИК), кои, според некои шпекулации, би можеле да го спроведат пописот. Во нацрт-буџетот за  2015 година за ДЗС предвидени се нешто повеќе од три милиони евра, кои се премалку за спроведување попис, за разлика од...

Охриѓани масовно се иселуваат!

Денеска невработеноста во Охрид е на ниво од 40 отсто
Што му се случува на македонскиот туристички и летен културен центар? Дали е можно жителите од најубавиот град во земјата така интензивно да се иселуваат? Кои се причините? Ако се суди според податоците од Публикацијата за миграција од 2013 година на Државниот завод за статистика, ситуацијата со иселувањето е алармантна и споредбите со „град на духови и на пензионери“ не се претерани. Охрид ја...

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат...