fbpx
Таг: амбасада

таг: амбасада

Амбасадата на САД до вработените: Избегнувајте ги местата каде може да има протести за референдумот

Амбасадата на САД во Македонија ги предупредува своите вработени да го избегнуваат делот околу Собрание и градскиот плоштад за време на референдумот. Од таму како критични датуми и точки ги посочуваат Собранието на 27 септември (денеска) од 19 часот како и Собранието и централниот градски плоштад на 30 септември на денот на референдумот од 19 часот. „Различни групи имаат намера да...

Двајца мртви, во центарот на Белград се сруши ѕид при изградба

На градилиште кое се наоѓа меѓу Сараевската улица и улицата Кнез Милош во самиот центар на Белград се сруши ѕид и затрупа најмалку две лица. Се срушил ѕид од зграда која се прави на местото на некогашната амбасада на САД. Според неофицијалните информации во оваа несреќа има дека има уште затрупани. Операцијата за спасување е во тек.

Најголем интересот за гласање во Берн

Најголем број пријавени македонски граѓани за гласање на референдумот во некоја од амбасадите и конзулатите на Македонија има во Берн - 170 запишани избирачи. Втора е Љубљана - во македонската амбасада таму на референдумот ќе гласаат 137 македонски државјани, објави Државната изборна комисија (ДИК). Според податоците до 12 часот денеска, преку веб апликацијата www.dijaspora.se​c.mk до ДИК стасале 1.725 пријави од...

Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека дошол моментот кога Ерусалим треба официјално да биде признат како претстолнина на Израел. „Одлучен сум дека дојде време официјално да се признае Ерусалим како претстолнина на Израел. Тоа е најдобро и е во интерес на САД во процесот на решавање на ситуацијата на Блискиот Исток“, изјави Трамп. Тој рече дека САД се решителни во определбата...

САД и Турција го обновија издавањето визи

Американската амбасада во Анкара соопшти дека нејзините конзулати во Турција го обновиле издавањето визи на турски државјани на „ограничена основа“. Со тоа е завршен прекинот на издавање визи од речиси еден месец поради дипломатската криза помеѓу двете земји. Набргу потоа и турската амбасада во Вашингтон преку „Твитер“ објави дека го обновува издавањето на визите на државјаните на САД на „ограничена основа“. Американската...

Амбасада на САД: Новите градоначалници да бидат отворени, достапни и одговорни

„Силна локална власт обезбедува основи за динамична демократија. Ги охрабруваме новоизбраните градоначалници и советници да бидат отворени, достапни и одговорни за граѓаните во своите општини“, се вели во оценката на Амбасадата на САД за локалните избори. Од амбасадата велат дека ќе ја продолжат соработката со општините, организациите и граѓаните за да се унапредат клучните реформи на локално ниво. „Ги поздравуваме прелиминарните...

Амбасада на САД: Изборите поминаа мирно, сите неправилности веднаш да се истражат

Амбасадата на САД во Македонија во изјава за „Мета“ оцени дека првиот круг од локалните избори вчера поминал на мирен и уреден начин. Од таму ги поттикнуваат граѓаните доколку се соочиле со неправилности и злоупотреби, да ги пријават, а службените лица веднаш да ги истражатт преку соодветен процес. „Амбасадата на САД им честита на граѓаните на Македонија кои го остварија своето право...

Откриено од какви звуци се разболеа вработените на амбасадата на САД во Хавана

Стејт департментот пред две недели го повлече персоналот на Амбасадата на САД во Хавана поради мистериозни „звучни напади“ со кои Американците на Куба се бореле со месеци. „Звучните напади“ почнале во ноември минатата година, а најмалку 21 лице од Амбасадата се пожалило дека има проблеми поради звуците. Синдикатот на вработените во американските дипломатски служби истовремено објавија дека некои од жртвите...

Евакуирани македонските државјани од Сен Мартин

Македонското министерство за надворешни работи соопшти дека македонската државјанка од францускиот дел на островот Сент Мартин е евакуирана, исто како и семејството од Штип, кое е во холандскиот дел на истиот остров. „Амбасадата во Вашингтон е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД. Досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани. Апелираме на будност и на следење на...

МНР: Нема пријавени македонски државјани погодени од ураганот Ирма

Министерството за надворешни работи (МНР) претпладнево соопшти дека до амбасадата на Република Македонија во Вашингтон не се обратиле за помош македонски државјани погодени од ураганот Ирма, кој ги зафати Карибите и брегот на САД. Од министерството велат дека од социјалните служби дознале за еден македонски државјанин на островот Сент Мартин. „Воедно, во комуникација сме и со Канцеларијата на странски мисии во...

Димитров и Дачиќ денес во Ниш ќе ги затоплуваат односите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Ниш ќе се сретне со својот српски колега Ивица Дачиќ, во рамките на обидите за затоплување на односите меѓу Македонија и Србија. По средбата, двајцата министри ќе одржат заедничка прес-конференција. Средбата во Ниш следи по телефонскиот разговор на премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ, на кој беше договорено прашањето да...

Кој и под кои услови во Македонија може да нареди прислушување на дипломати

Прислушувањето на странски дипломати, во чии редови без исклучок има и разузнавачи, според Законот за следење на комуникации се врши на барање на министрите за внатрешни работи и за одбрана, а го одобрува судија на Врховен суд. Во Законот за следење на комуникациите условите и постапката за прислушување е уредена во две глави. Едната се однесува на сторители на кривични...

Вучиќ за РТС: Знаеме сè, разузнавачките активности се правени на многу повисоко ниво

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во интервју за српската државна телевизија РТС вели дека Србија нема да дозволи да биде понижувана, но дека нема потреба од паника кај народот во Србија и во Македонија „бидејќи никој не сака судири, ниту ќе има“. Во однос на одговорот на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров дека Владата на Македонија не прислушувала, ниту...

Дачиќ: Порака за Македонија – знаеме што сте договарале

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска изјави дека одлуката на Србија да го повлече персоналот од амбасадата во Македонија всушност преставува порака до Скопје дека Србија „знае што се договарале и што се договориле“. Тоа, како што истакна Дачиќ, не е нешто што им се прави на пријателите, но дека и покрај тоа Србија сака добри односи со сите...

Вучиќ: Има докази за офанзивни разузнавачки активности во Македонија против Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека персоналот во амбасадата на Србија во Македонија е повлечен на консултации во Белград, откако од страна на српските разузнавачки органи „биле добиени доволно докази за многу офанзивни разузнавачки активности против органите и институциите на Србија“. - Наша работа е нашите луѓе да бидат подготвени и да се заштити пријателството меѓу Србите и Македонците...

САД го суспендира издавањето визи во Русија

САД од 23 август ќе го суспендираат издавањето неемигрантски визи во своите конзулати во Русија, соопшти денеска американската амбасада во Москва, додавајќи дека рестрикциите за издавање неемигрантски американски визи се последица на повлекувањето на американските дипломати. Процедурата за издавање визи ќе продолжи од почетокот на септември, но само во Москва, јавува денеска агенцијата „Тасс“. „Почнувајќи од 1 септември, сите разговори за...

МНР: Персоналот на амбасадата на Србија повикан на консултации во Белград

Министерството за надворешни работи денеска добило нота од амбасадата на Република Србија во Скопје, во кое било известено дека персоналот на амбасадата е повикан на консултации во Белград, соопштуваат од МНР. „МНР на Република Македонија не е запознаено со причините за оваа одлука и во тој правец, воспоставува комуникација со МНР на Република Србија во насока на утврдување на причините...

Експлозија пред амбасадата на Ирак во Авганистан

Автомобил бомба експлодира утринава пред амбасадата на Ирак во центарот на Кабул, по што следело размена на оган. Нападот сè уште трае, но засега нема податоци за жртви. Двајца полициски претставници соопштија дека бомбата експлодирала пред амбасадата, а потоа вооружени напаѓачи се обиделе да влезат во зградата. Очевидци велат дека слушнале пукање од огнено оружје. Засега никој не ја презема одговорноста за...

Експлозија кај амбасадата на САД во Киев – нема повредени

Експлозивна направа е фрлена на американската амбасада во Киев, но нема повредени во инцидентот, соопшти киевската полиција. Полицијата ноќеска добила известување дека нешто по полноќ по локално време (23 часот по централноевропско време) се случила експлозија во кругот на амбасадата на САД во Киев, се наведува во соопштението. Амбасадата се наоѓа во централниот кварт Шевченковски. „Непознато лице фрли експлозивна направа на територијата...

МНР: Нема загинати или повредени македонски државјани во нападот во Лондон

Во терористичкиот напад што синоќа се случи во Лондон, според досегашните информации, меѓу жртвите и повредените нема македонски државјани, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. „Министерството за надворешни работи на Република Македонија силно го осудува синоќешниот терористички напад во Лондон, во кој, според досегашните информации, животот го загубија 7 лица, а 48 се повредени. Министерството за надворешни работи е во...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...