среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: акција | 176 резултати

МВР истрагата ќе ја прошири и на полицајци, поради можна поврзаност со криминалците кои се апсеа вчера

мај 10, 2019

Вчера Бирото за јавна безбедност во соработка со Одделот за специјални полициски операции при МВР, спроведе полициска операција за сузбивање на организирана криминална група инволвирана во организирање на набавка на наркотична дрога – кокаин, и нејзина дистирибуција и продажба на повеќе различни локации во Скопје и други градови во државата, информираат од МВР. „Имено, обемната […]

Во урбаната акција за диви депонии маркирани се 30, а ги има повеќе од 300

март 22, 2019

Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје, во рамките на акцијата за прогласување на депониите и ѓубриштата за автентично културно наследство, изминатите 10 дена посетиле над 200 депонии низ цела Македонија. „Најубавите и најразвиените депонии кои се истакнуваа со својата диверзитетност и богатство, а истовреме и најдобро го упропастуваа пејзажот ги одблежавме со пригодни табли […]

Ѓубрето како уметност потсетува дека тоа не смее да биде декор на улиците

март 19, 2019

Таканаречената Единица за брзи артивистички акции, поттикната од отпадоците на улиците и тревниците низ земјава, изминатава година направи повеќе, како што велат, „изложби“, во обидот да ја кренат свеста на граѓаните за јавната хигиена. „Со сатиричен приказ на изјавата на Енди Ворхол: „Само затоа што луѓето го фрлаат и притоа немаат никаква корист од него, […]

Полицијата вчера исклучила 14 приватни градски автобуси во Скопје

февруари 22, 2019

Во вчерашната акција за контрола на автобусите и другите возила од јавниот превоз во Скопје, полицијата исклучила од сообраќај 14 aвтобуси, соопшти МВР. Од ЈСП Скопје за „Мета“ објаснија дека во таа бројка нема нивни автобуси. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) контролата ја спровело од 8 до 13 […]

Во Полошко полицијата привела 48 странски државјани со нелегален престој

ноември 14, 2018

Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ноќеска од полноќ до 2 часот и 30 минути, спровеле акциска контрола во угостителски објект во тетовско Горно Седларце. Таму биле затекнати осум женски лица, од кои пет од Република Албанија и три македонски државјанки. Албанските државјанки на возраст од 25 до 45 години, кои во објектот […]

Урбана уметничко-активистичка акција „Идното македонско евро“

септември 13, 2018

Секоја земја членка на Европската Унија, по прифаќањето на еврото како валута, има право на монетите да ги аплицира своите национални симболи, порачаа активистите преку урбана акција која е дел од граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој!“ (zacekorinapred.mk). „Се надеваме дека набргу ќе дојде денот кога шарпланинецот, рисот, охридската пастрмка и другите нашите симболи, ќе […]

МВР: Продолжуваат мерките за спречување на диви трки на моторциклисти

јули 5, 2018

Во периодот од 20 часот (04.07.) до 01.30 часот (05.07.) од страна на Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Скопје и Полициското одделение за сообраќајно ескортно обезбедување, повторно беа превземани посебни мерки и активности во делот на сообраќајот за спречување на организирање и учество во диви трки на моторциклисти, […]

Заев: Полициската акција во дискотеките е доказ дека законот важи еднакво за сите

јули 2, 2018

Полициската акција која викендов беше спроведена во дискотеките во координација со Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат е доказ дека законот важи еднакво за сите, а МВР има должност да ја гарантира безбедноста на граѓаните, рече премиерот Зоран Заев како одговор на пратеничко прашање денеска во Собранието. -Знам од […]

Полицијата во Северна Митровица ја загрозила безбедноста на новинарите

март 30, 2018

Регионалната платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедноста на новинарите, која застапува повеќе од 8.000 членови, ги осудува последните инциденти кои се случија врз новинарите за време на полициската интервенција во Северна Митровица. Од таму информираат дека инцидентот се случил на 26 март, кога специјалната полициска единица Регионална единица за оперативна поддршка […]

МВР најави повеќе полиција на улиците и казни за несовесните возачи

јануари 29, 2018

Министерството за внатрешни работи од утре најави засилено присуство на сообраќајната полиција во урбаните средини и казни за несовесните возачи, особено оние кои возат под дејство на алкохол и со брзина над дозволената. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес-конфренција соопшти дека ваквата акција на МВР следи поради констатирана недисциплина во сообраќајот со непочитување […]

Ердоган: Нема прекин на акцијата против Курдите во Сирија

јануари 22, 2018

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да ја прекине операцијата против Курдите во Африн на северот на Сирија, што предизвика загриженост помеѓу сојузниците на Анкара. Toj рече дека, операцијата позната како „маслиново гранче“ ќе биде завршена кога ќе биде постигната посакуваната цел. Турција ја обвинува курдската полиција за поврзаност со Курдистанската работничка партија која […]

Уапсени 200 мафијаши во Италија, помеѓу кои и корумпирани функционери

јануари 9, 2018

Околу 200 припадници на еден од најпознатите мафијашки кланови се упасени во заедничка акција на полицијата во Италија и во Германија, соопштија италијанските официјални власти. Според соопштението, уапсени се членови на криминалната група Ндрангета, чие што седиште е во регионот Калабрија. Акцијата била спроведена заедно со германската полиција, имајќи предвид дека семејствата Фарао и Маринкола, […]

МВР синоќа затвори 13 угостителски објекти и приведе четири малолетници

ноември 12, 2017

Тринаесет угостителски објекти синоќа се затворени во координираната акција на Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд. Како што соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, синоќешната акцијата била спроведена по направените анализи и оперативни сознанија дека во голем број угостителски објекти не се почитуваат законските прописи […]

Акција на турската полиција за апсење на 70 војници поради поврзаност со Ѓулен

октомври 10, 2017

Турската полиција денеска почнала акција за апсење на 70 војници обвинети за поврзаност со имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а кого властите во Анката го обвинуваат дека го организирал минатогодишниот обид за воен удар, јавуваат турските агенции. Акции против приврзаници на Ѓулен во Турција се спроведуваат речиси секој ден, веќе 15 месеци, а […]

Бочварски: Имаме обврска да го чуваме Штип за идните генерации

септември 10, 2017

Благој Бочварски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, со неколку сопартијци денеска се вклучи во еколошка акција, чистејќи го локалитетот Мирјанина Црква. – Имаме одговорност пред самите нас и пред идините генерации, да направиме добри дела за овој град, да работиме во интерес на граѓаните, да ја заштитиме животната средина и здравјето на нашите […]

Уапсени албански државјанки во ноќен клуб во Тетово

септември 2, 2017

Синоќа полицијата привела четири албански и пет македонски државјани при акција спроведена во угостителскиот објект „Баци“ во Боговиње. МВР информира дека во објектот имало три албански државјанки на возраст од 26 до 41 година, кои биле вработени како пејачки и танчерки, како и еден маж од Албанија. Тие биле приведени и задржани во полициската станица […]

Во поплавите на југот на Азија настрадаа 600 лица

август 20, 2017

Околу 600 лица настрадаа во поплавите на југот на Азија каде што акцијата за спасување се уште трае. Во поплавите и свлечиштата предизвикани од нив, биле погодени повеќе од еден милион луѓе. Властите на Индија побарале помош од војската во две области кои се најгусто населени, а во кои загинаа 55 лица. Во индиската држава Утар […]

ЛП: Дивите продавачи ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

јули 28, 2017

Либералната партија го поздрави барањето на Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија за решавање на проблемот со дивите пазарџии, кои на улица, од камиони, продаваат сезонско овошје и зеленчук. „Овие диви продавачи не само што нелегално тргуваат и создаваат нелојална конкуренција, туку и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот и дополнително ја загадуваат околината, […]

Во Охрид акција на „Супер радио“: Помалку автомобили, помалку метеж

јули 16, 2017

Охридското „Супер радио“ ја почна акцијата „Помалку автомобили, помалку метеж“, со која ги повикува охриѓани колку што е можно помалку да ги користат автомобилите во текот на шпицот на сезоната, особено во центарот на градот. – Идејата е да се обидеме сите заедно да го намалиме бројот на автомобили во центарот на градот. Ќе признаеме […]

Обвинителство: Разбиена досега најголема организирана група за криумчарење мигранти

јули 11, 2017

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција извести дека во текот на вчерашниот ден била спроведена координирана акција со МВР против организирана група за криумчарење мигранти, на подрачјето на повеќе населени места. Притоа, по поднесената кривична пријава од МВР за 23 лица, од кои еден малолетник, а четворица државјани на Албанија, Обвинителството за 22 […]

Страна 3 од 9