fbpx
Таг: активисти

таг: активисти

„Еко свест“ со Зелено ветување по повод Денот на планетата Земја

Од невладината организација „Еко свест“ ги повикуваат своите сограѓани заедно да го прослават Денот на планетата Земја со #ЗеленоВетување кон самите себе. „Моменталниот прекин на животот каков што го знаеме ни остави можност да размислиме и да се потсетиме дека здравјето е сепак, најважно. Научивме дека претераното и недомаќинско трошење на природните ресурси предизвикува промени во климата и појава на...

Борјан Ефтимов e нов студентски лидер на УКИМ

Студентите го избраа Борјан Ефтимов за претседател на Универзитетското-студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а негов противкандидат беше Александар Ѓорѓиевски. Tој е дел од Факултетското студентско собрание на Правниот факултет и Студентската организација на истиот факултет. Ефтимов во неговиот говор пред студентите истакна дека ќе се залага да се реализираат што повеќе активности. – Ќе го контактирам...

Ѓубрето како уметност потсетува дека тоа не смее да биде декор на улиците

Таканаречената Единица за брзи артивистички акции, поттикната од отпадоците на улиците и тревниците низ земјава, изминатава година направи повеќе, како што велат, „изложби“, во обидот да ја кренат свеста на граѓаните за јавната хигиена. „Со сатиричен приказ на изјавата на Енди Ворхол: „Само затоа што луѓето го фрлаат и притоа немаат никаква корист од него, тоа не значи дека е...

Рекордни 135 интервенции на Територијалната противпожарна единица од Охрид

Поради големиот број на пожари во првото тримесечjе од годинава, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) имала рекордни 135 интервенции во успешно гасење на пожарите, на територијата на општините Охрид и Дебрца. Од нив, седумдесет интервенции биле на опожарени објекти, 71 на гасење на пожари на отворен простор и четири интервенции на опожарени сообраќајни средства. „Високиот број на интервенции за овој период...

Падна и најгустата шума заради изградба на гасоводот на Водно, реагираат еко-активистите

Еколошките активисти од „Го сакам Водно“ реагираа на новата сеча на дрва на Водно на потегот Бел Камен – Бункери, бидејќи се прави без решение за измени во тек на градба, односно одобрението за сеча на шумата на Водно била издадена врз основа на претходната верзија на трасата. „Исечени се дрва на целиот потег, од надлежните ќе побараме одговор врз...

Вознемирувања и заплашувања се опoмените од „Еуромакс Рисорсис“ до еко-активистите

Дваесет и девет еколошки здруженија активни во секторот животна средина и клима во земјава им даваат целосна поддршка на граѓанските активисти и жителите на локациите каде се планирани да се градат рудници за бакар и злато. „Деновиве тие се безобразно нападнати поради својата борба да си ги зачуваат домовите и да ја зачуваат нашата храна. Ова не е прв пат...

„Охрид СОС“ со реакција на нападите врз нив на в.д. градоначаланикот Георгиески за Лагадин

Активисти на граѓанска иницијатива „Охрид СОС“ во јавно обраќање до в.д. градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, реагираат за нападите врз нив, во кои тој ги набедува дека „ненавремено“ реагирале при носење на урбанистичко-планската документација за Лагадин. „Дали се потрудивте да се информирате колку, и дали воопшто, јавноста била ефективно известена за носењето на спорните документи; дали било обезбедено нејзиното присуство? Не, не сте...

Заев ги повика на средба активистите на „Да ја спасиме Попова Шапка“

Владата, односно премиерот Зоран Заев, ја повика Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ да се сретнат и да разговараат за барањата на граѓанските активисти, јави „Порталб.мк“. Од владата потврдиле дека Заев побарал средба со претставници на иницијативата, а за времето кога таа ќе се одржи, ќе се знае наскоро. И „Да ја спасиме Попова Шапка“  потврди дека ќе има средба,...

Повикот за протест против загадениот воздух во сабота е анонимен, без познат организатор

Повикот за протест против загадениот воздух пред Собранието во сабота е анонимен, односно не е познато кој стои позади неговата организација. За овој настан, граѓаните најпрво се информираа во приватни пораки на Фејсбук, а потоа беше креиран настан „Канцерогено Општество Сабота 13:00 Пред Собрание“. Настанот до денеска не е пријавен ниту во МВР, информираа од таму за „Мета“. Иако од МВР...

Гасоводот на Водно и натаму се гради надвор од прописите

Досега не е пристигнато барање од Јавното претпријатие „Македонски eнергетски ресурси“ (МЕР) до Министерството за транспорт и врски за измена во тек на градба за делот од гасоводот преку парк-шумата Водно, изјави за „Мета“ Кире Коцевски, портпаролот на ова министерство во одговор на прашањето дали МЕР, како инвеститор, има добиено дозвола за работа на изменетата траса на гасоводот, на делницата ЛОТ5. Спред...

МЕР: Изградбата на гасоводот е според сите стандарди на квалитет и безбедност

Претпријатието „Македонски енергетски ресурси“ реагира на соопштението на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно” и информира дека изградбата на гасоводот е според сите стандарди на квалитет и на безбедност. Од таму додаваат дека, изградбата на гасоводот продолжува според основниот проект кој што има правосилно одобрение за градба и сите други потребни дозволи дефинирани со позитивните законски прописи. „Ако има сомнеж или индикации за каква било повреда...

Екологистите бараат итно прекинување на изградбата на гасоводот низ Водно

Багерите кои го градат гасоводот преку парк-шумата Водно се стигнати до терен кој е толку стрмен и непрооден, што натамошните градежни активности таму стануваат апсурден градежен потфат и претставуваат загрозување на животот на работниците на терен, велат од еколошките граѓански здруженија собрани околу иницијативата „Го сакам Водно“. „После месечна борба на претставки и жалби, стигнавме до амбис. Буквален и фигуративен“,...

Продолжува судењето против „Република“ за жигосување и злоупотреба на лични податоци на активистите

Во Основен суд Скопје 1 денеска со почеток во 13 часот ќе продолжи судењето против Доне Доневски и Друштвото за новинско издавачка дејност Прва Република – ДООЕЛ, односно издавачот на магазинот и веб-страницата „Република“. Тужителите, истакнати професори, новинари, аналитичари и граѓански активисти, ја обвинуваат „Република“ и непознати лица вработени во Управата за јавни приходи дека на 27 мај 2016 година...

Трет ден жив ѕид од еко-активисти пред механизацијата на Водно

Трет ден по ред, под мотото „Не низ Водно“ активистите од екологистичката иницијатива „Го сакам Водно“ и денеска продолжува со одржување на живиот ѕид пред механизацијата на фирмите кои треба да го градат гасоводот на Водно. Преку Фејсбук-страницата, активистки утринава објавија фотографии од кампот, повикувајќи ги граѓаните да им се придружат. „Го сакам Водно“ вчера преку соопштение ги образложи причините зошто...

Инцидент со екологистите на Водно

Вербален конфликт избил пладнево помеѓу багеристите и активистите кои протестираат на Водно. Како што пренесуваат неколку медиуми, наводно еден од одговорните на проектот за раскопување на Водно со цел поставување на гасовод му наредил на багеристот кој го вршел копањето да помине низ луѓето кои со жив ѕид протестираат на местото. По ова на местото каде се врши ископот настанал вербален...

Активистите не го даваат Водно, иако МЕР понуди нова траса на гасоводот

Граѓанските иницијативи и здруженија во Владата ќе го пренесат својот непроменлив став против уништувањето на Водно. Средбата во Владата на која ќе присуствува вицепремиерот Кочо Анѓушев е закажана за денеска во 17 часот. Тие велат дека се задоволни што заеднички го увериле и убедиле Анѓушев за штетата што овој дел од гасоводот ќе ја предизвика врз Водно. „Но, во исто време длабоко...

Активисти на кои им се суди во Турција пуштени од притвор

Осум активисти за човекови права на кои им се суди за наводни терористички активисти поврзани со неуспешниот воен удар во Турција во јули 2016 година, синоќа се пуштени на условна слобода, пренесуваат агенциите. Меѓу обвинетите се и директорот на турскиот разгранок на организацијата „Амнести интернешенел“, Идил Есер, германскиот државјанин Петер Франк Штојднер и шведскиот државјанин Али Гарави. Во истиот случај обвинети...

Активисти на Беса пријавиле пукање во Арачиново

Активисти на партијата Беса синоќа пријавиле во полиција дека додека лепеле плакати во селото Арачиново, во нивна близина застанало возило „голф“, од кое непознато лице истрелало еден куршум од огнено оружје, по што заминало во непознат правец. Активистите, како што информираат од МВР, на местото нашле чаура, која ја однеле во полициското одделение во Арачиново. Од МВР велат дека се преземаат...

Советот за етика го осуди попречувањето на екипата на ТВ „Шења“

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува последниот случај кога екипа на ТВ „Шења“ била попречена во известување за комунални проблеми во општина Чаир од симпатизери на ДУИ и повикува да се преземат неопходните мерки за расчистување на ваквите случувања. „Новинарите мора да бидат ослободени од какви било закани и притисоци, а државата, во согласност со член 10...

Во Хамбург повредени 197 полицајци, приведени 70 активисти

Анитиглобалистите вчеравечер се судрија со полицијата во Хамбург за време на самитот на Г20, палејќи автомобили, кршејќи излози и фрлајќи шишиња, при што повредени се 197 полицајци, а приведени се 70 активисти. Илјада полицајци со целосна опрема за разбивање толпа патролирале на повеќе од 30 локации каде што се случувале протестите. Најголем дел од демонстрациите биле мирни и креативни, но некои активисти...

Откажани денешните и утрешните летови од и кон Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...