fbpx

Табели: Кои јазици во светот се највлијателни?

-

Повеќето од говорните јазици во светот, како што се мандаринскиот, хинди и арапскиот јазик, се далеку од влијателни.

Според новото истражување на Технолошкиот институт во Масачусетс, „Харвард“, Североисточниот универзитет и „Е-Марсеј“, повеќето јазици живеат во релативна изолација, додека неколку мали јазици, пак, се енормно влијателни.

„Еден јазик, како, на пример, холандскиот, го зборуваат 27 милиони луѓе. Тој може да биде повлијателен отколку, на пример, арапскиот, кој го зборуваат неверојатни 530 милиони луѓе. Причината е поради тоа што Холанѓаните зборуваат повеќе јазици, со што многу почесто се користи на интернет и со тоа има поголемо влијание иако повеќе луѓе го зборуваат арапскиот јазик“, се вели во истражувањето.

За да го спроведат ова истражување, Шахар Ронен, Цезар Хидалго и неколку коавтори следеле преводи од повеќе јазични изданија на „Википедија“, комуникации на „Твитер“ и преводи на книги за да се види на каков јазик луѓето зборуваат едни со други.

Присуството на еден јазик во книжевноста и на интернет, заклучиле истражувачите, има големо влијание на тоа дали тој јазик ќе се смета за влијателен или не.

Се разбира, повеќето луѓе немаат пристап до интернет, па затоа овие фотографии покажуват влијание на јазици, а не на население.

screen shot 2014-12-16 at 11.58.28 am

 

screen shot 2014-12-16 at 11.58.57 am

 

screen shot 2014-12-16 at 11.59.59 am

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...