Македонскиот реге состав „Conquering Lion“ ќе има свирка во четврток (28 ноември) во Младинскиот центар „Матично“ во Општина Центар, Скопје.
„Гоу Грин“ ја организира свирката, а настанот е дел од иницијативата на Фондацијата Ана Линд за одбележување на Денот на Медитеранот.
Свирката ќе започне во 18 часот, а настанот е дел од меѓународна прослава во која учествуваат повеќе земји. „Conquering Lion“ ќе биде еден од 24-те музички состави што истовремено ќе настапуваат во различни земји.
Настанот е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, потребно е да се резервираат бесплатни влезници, што може да се стори со праќање мејл на [email protected]. Концертот исто така ќе биде пренесуван во живо на Јутјуб каналот на „Гоу грин“.