fbpx

Свилановиќ: Кибернетичкиот простор, безбедносно жариште на Западен Балкан

-

Новото безбедносно жариште и сериозен предизвик на глобално, регионално и локално ниво е кибернетичката сигурност, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ на Третата регионална конференција за координација во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам во Истанбул.

Тој додаде дека показател за тоа е и податокот дека само во 2017 година во шесте земји од Западен Балкан биле реализирани преку 400 кибернетички напади на институции.

Свилановиќ додаде дека Интернетот истовремено станал една од главните алатки на современите терористички организации за пронаoѓање, регрутирање и обука на новите членови, соопшти РСС

На конференцијата е претставена и Студијата „Ново виртуелно бојно поле – како да се спречи радикализацијата во рамките на кибернетичката безбедност на Западен Балкан“.

Студијата ја порача РСС, а ја финансираше Европската унија и таа е всушност сеопфатен пресек и анализа на кибернетичката безбедност и радикализација на интернетот во Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора.

Покрај Студијата е претставена и брошура и на македонски јазик, во која е направено визуелизирано резиме на наодите и препораките за унапредување на безбедноста во областа на кибернетичкиот простор.

На Конференцијата што ја организира РСС во соработка со домаќинот Турција, се зборува и за спречување на насилниот екстремизам и контрола на малокалибарското оружје.

РСС е меѓувладино извршно тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и полноправен член е и Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...