Светското движење за демократија со серија видеа го одбележува Светскиот ден на младите за демократија

Светското движење за демократија го одбележува Светскиот ден на младите за демократијата и како што велат оттаму идејата е да се одвои момент и да се истакнат достигнувањата на младинските активистите, како и да се препознаат нивните способности кога ќе им се пружи можност.

„Оваа година бараме од луѓето и организациите да одговорат на прашањето „Што се случува кога демократијата ги зајакнува младите?“ на социјалните медиуми, користејќи го хаштагот #WYDD2020. Со овој хаштаг, ќе имате можност да погледнете видеа, фотографии и покани за настани што на организации и индивидуални активисти кои планираат да ја одбележат оваа пригода“ велат од Светското движење за демократија.

Исто така, денеска Светското младинско движење за демократија ќе одржи вебинар на кој ќе се дебатира на тема „Демократијата што ги овластува сите“. За истиот може да се регистрирате на овој линк.

Како дел од овогодинешното одбележување, Светското движење започнува со серија видеа предложени, режирани и снимени од млади членови на мрежата. Во овие видеа вклучени се и приказни од активисти од различни делови од светот кои зборуваат за нивната работа и ги изразуваат своите мислења за заканите со кои се соочуваат демократските институции во нивните земји.

Меѓу оние кои зборуваат во видеата се: Макои Попиоко, филипински новинар и соработник на млади Хурфорд, кој ќе појасни за нападите врз слободата на печатот на Филипините. Танија Лопез, од Колумбија, која ќе дискутира како да се намали родовата нееднаквост во Латинска Америка и како дигиталните технологии можат да отворат можности за младите. Хабиту Мадуду, продуцент на видеа во Танзанија, кој ќе зборува за тоа како видеата што ги создава со иницијативата Танзанија Бора, невладина организација предводена од млади, треба да им помогне на младите да размислат подлабоко за медиумите со кои се соочуваат и Џеска Моти, актерка, пејачка и танчерка во Танзанија, која се обидува да ги охрабри жените воопшто, но и да влезат во политиката.