fbpx

Светските медиуми јавуваат за масовноста на митингот на „Граѓаните за Македонија“

-

„Македонија протестира: Антигруевски протести во Скопје“, „Проблематичната Македонија се подготвува за најголемите опозициски протести“, „Илјадници протестираат против контроверзната македонска влада“, „Повеќе од 20.000 лица бараат оставка од македонската влада“ се насловите на светските медиуми што денеска информираат за масовниот митинг на „Граѓаните за Македонија“.

Британската национална телевизија „Би-Би-Си“ јавува дека лидерот на СДСМ очекува 100.000 лица да се појават на протестот, но оти една десетина од таа бројка да излезе на протест ќе испрати силна и јасна порака за премиерот Груевски.

Англискиот сервис на „Дојче веле“ јавува дека десетици илјади лица, со македонски и со албански знамиња, маршираат кон зградата на Владата, повикувајќи „Победа, победа“. Во извештајот се наведува дека премиерот за утре има најавено свој митинг.

Денешните протести, преку извештаите на новинските агенции „Ројтерс“, АФП, „Асошиејтед прес“, се најдоа во медиумите од Европа, Кина, Индија, па сè до САД, а руската телевизија „Раша тудеј“, на својот шпански канал на „Јутјуб“, врши директен пренос од митингот.

Во извештаите се наведува дека протестите следат една недела по немирите во Куманово и оти на нив граѓаните и опозицијата бара оставка на владата поради скандалот со преслушувањата и аудио снимките кои укажуваат за корупција, нарушувањата независноста на судството и слободата на медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...