fbpx

Светските граѓански здруженија покренаа „Интернет социјален форум“

-

Дваесет и четири меѓународни граѓански организации во  Женева формираа „Интернет социјален форум“ (Internet Social Forum), кој има цел да треба да биде алтернатива на „Светската мрежна иницијатива“ (Net Mundial Initiative), формирана на минатогодишниот Светски економски форум, кој во август се одржа во Бразил.

Иницијаторите бараат итно да се обрне внимание на сè поголемата централизација и социо-политичка контрола на интернетот, истакнувајќи дека „возможен е друг, поинаков интернет“.

Здруженијата предлагаат да се изработи „Народен интернет-манифест“, со кој ќе се заложат за дигитална слобода, интернет-владеење и за човекови права.

Во заедничката изјава, која ја потпишаа 24 здруженија, се наведува дека тие имаат цел да бидат гласот на обичниот граѓанин, кој не смее да биде игнориран од големите интернет-компании.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...