Корапски водопад на планината Кораб. Фото: Силвана Жежова

Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 11 декември за Светски ден на планината. Федерацијата на планински спортови (ФПСМ) ќе го одбележи овој ден со повеќе активности со организирање неколку настани во периодот од 11 до 13 декември 2020 година.

Како дел од одбележување на Светскиот ден на планината, планинарските клубови ќе имаат повеќе активности, но со акцент за строго придржување кон протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.

Едни од активностите ќе биде собирање на отпад на планинарски патеки или планинарски места, при нивно рекреативно планинарење во мали групи. Планинарските водичи во неколку места (Тетово, Скопје, Куманово…) ќе презентираат опрема и ќе даваат совети на посетители-рекреативци за планинарење.

Во насока на заштита на убавините на нашите планини е и донесувањето на законот за прогласување на Шара за национален парк, кој според Студијата за валоризација, ќе овозможи одржливо користење на природните ресурси и зачувување на изворноста на подрачјето.

Според порталот за географија, во Македонија има околу 40 планини и планински масиви, а 13 се повисоки од 2000 метри надморска височина.