fbpx

Светската лимнолошка организација со поддршка за иницијативата за спас на Студенчишко блато

-

Светската лимнолошка организација, преку својата фејсбук-страница, објави поддршка за Декларацијата за заштита на природното и културното наследство на Охрид и за спас на Студенчишко блато, на „Охрид СОС“.

„Древното Охридско Езеро се соочува со разорна дестабилизација на екосистемот. Властите одобрија урбанистички планови кои ќе го прекријат со бетон едно од последните мочуришта за патишта и за хотели, што ќе ја замени локалната фауна со неавтохтони видови, а плажите кои се предвидува да бидат изградени на крајбрежјето, ќе ги загрозат живеалиштата на охридскиот крап и лебедот. Ова ќе го засегне и Националниот парк Галичица, кој е прогласен за биосферен резерват заштитен од УНЕСКО, бидејќи таму е предвидена изградба на ски-центар и пат кои ќе загрозат уште еден еко-систем. Но, не е сè загубено. „Охрид СОС“ и граѓанската инцијатива се обидува да ги анимира лимнолозите низ целиот свет да го кажат својот стручен став и да ја поддржат Декларацијата со која се бара од македонската влада да ги спречи овие потенцијални еколошки катастрофи“, стои во објавата на Светската лимнолошка организација.

Светската лимнолошка организација ги повика лимнолозите да ја поддржат Декларацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...