fbpx

Светска банка со 26,2 милиони евра ќе ги олеснува трговијата и транспортот на Западен Балкан

-

Со 26,2 милиони евра од Светска банка ќе се подобрува инфраструктурата, модернизираат институциите и зајакне нивната соработка, со цел олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан.

Денеска беше потпишан договор помеѓу Министерството за финансии и Светска банка за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Ова е регионален проект, во кој покрај нашата земја, во првата фаза ќе се вклучат и Србија и Албанија, додека во втората фаза и  Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишувањето истакна дека целта на проектот е да се намалат трошоците за извоз и увоз и да се скрати времето за прекугранична трговија.

-Проценката на Светска банка е дека со реализацијата на проектот, ќе се намалат трошоците за извоз и за увоз во регионот за околу 10 проценти. Сето ова ќе придонесе за унапредување на трговската размена, како и за повисок економски раст во регионот-рече Тевдовски.

Тој посочи дека проектот има четири компоненти олеснување на движењето на стоките и услугите низ Западен Балкан, подобрување на транспортната ефикасност и предвидливост, подобрување на пристапот до пазарот за трговијата и инвестициите и поддршка за спроведување на проектот.

Директорот на Светска банка за Северна Македонија, Марко Мантованели рече дека застоите на граничните премини на Западен Балкан се пет пати подолги во однос на многу ЕУ земји. Тој истакна дека ако трошоците за логистика се изедначат со ЕУ просекот, годишните заштеди би надминале и 1,1 милијарда долариили 1 отсто од БДП во регионот.

-Иако извезената стока од Западен Балкан влегува во ЕУ без царина, само 10 до 20 отсто од фирмите во регионот се извозници. Согласно процедурите, вклучувајќи ги инспекциите и царините, времето поминато на патиштата и премините ja поттиснува ефикасноста, ги зголемува трошоците и го спречува развојот на трговијата – вели Мантованели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...